логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Недела, 29 Декември 2013 15:55


Доколку не би постоеле големите луѓе и настани во историјата на Македонија би се изгубила можноста за наше препознавање меѓу нациите, а без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ.
03a_pavel_satev640

Ова го порача премиерот Никола Груевски на денешната промоција на капиталната едиција во девет тома „Пишаната оставина на Павел Шатев“ во Музејот на македонската борба за независност и самостојност.

Тој посочи дека едицијата нуди директни сведоштва за еден огромен период од историјата на Македонија.

- Се наоѓаме пред оставштината на големиот македонски гемиџија, револуционер и политичар Павел Шатев, човекот кој повеќе од 50 години активно и служеше на идејата за ослободување на Македонија. Едицијата е од особено значење зашто вакви пишани сведоштва, мемоари и осведочени сеќавања на револуционери кои оставиле значаен белег во македонската историја се прилично ретки. За среќа постојат и дејци, како што е Павел Шатев, кои успеале да запишат дел од она што го проживеале и за што се залагале и жртвувале во минатото, нагласи Груевски.

01_a__pavel_satev_640

Ваквите записи, додаде, со години биле криени и преместувани од едно место на друго и од држава во држава за да не паднат во рацете на оние кои му мислеле лошо на македонскиот народ.

- Благодарение на ќерката на Павел Шатев, Милка Шатева овие записи успешно се зачувани и денес се отпечатени во Македонија. За жал Милка Шатева не дочека да присуствува на оваа промоција, но сепак го исполни својот завет и желба, се што има од својот татко да остане во Македонија, рече Груевски.

010___pavel_satev640

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека по цели 62 години од смртта на големиот македонски револуционер македонската научна јавност и читателската публика во нашата држава, за првпат ќе има можност, изворно да се запознае со неговото дело гледано низ призмата на неговата публицистичка активност.

- Денеска ја промовираме капиталната едиција во девет тома, „Пишаната оставина на Павел Шатев“, која е проект на Министерството за култура, преку кој се обидуваме пред светот да ја презентираме нашата вистина, вистината за Македонија, потенцира Канческа-Милевска.

Нагласи дека во богатата оставина на Шатев се зачувани повеќе трудови за историјата на Македонија, кои според опфатот на историските периоди ја зафаќаат речиси интегралната историја на која, како што рече, Шатев и ги посвети последните години од животот, користејќи референтни историски извори и цитирајќи релевантна светска литература.

011_450__pavel_satev Павел Шатев е познат како еден од најистакнатите македонски револуционери, политичари, публицисти и државници бидејќи бил прв министер за правосудство. Но тој е познат и како плоден македонски историограф кој своите ракописи ги пишувал на научна основа и затоа може да се каже дека тој е прв македонски историограф, рече стручниот редактор и автор на предговорот д-р Зоран Тодоровски.

Прецизира дека оставнина на Шатев е многу голема и пред се се сосотои од ракописи посветени на историјата на Македонија, на македонското револуционерно движење и на истакнати македонски револуционери.

Новинарот и публицист Предраг Димитровски, кој го изврши изборот и преводот на ракописите, смета дека лик како Павел Шатев заслужува големо внимание во домашната научна и публицистичка јавност.

- Тоа што тој го пишувал пред 70 години, а и денес не губи од својата актуелност, всушност е нов придонес во македонската историографија и историја. Шатев е неисцрпен извор, предизвик за нови истражувања и многу работа, рече Димитровски.

Тој посочи дека Милка Шатева можеше да прави што сака со ракописите на нејзиниот татко, но сепак, како што рече, се одлучи да му ги даде нему, на еден македонски новинар.

Промоторот Јордан Плевнеш потенцира дека Павел Шатев има бурна и вулканска биографија како ретко кој во светската историја.

- Тој преживеа неколку империи, монархии и комунистички диктатури, неколку фашистички судски егзекуции, но не ја преживеа само комунистичката диктатура на својот сопствен народ. Од бунарот на историјата денеска излегуваат деветте тома и доаѓаат како деветте кругви на пеколот и девет гласници со глас на гулаб од Светиот Дух и Македонија се соочува со својот погонет и забранет мит што ја одбележа светската историја на Балканот, Павел Шатев, рече Плевнеш. 

Едицијата содржи обемен фонд на документи поврзани со животот и дејноста на Павел Шатев, голем број објавени и необјавени трудови, статии, материјали, ракописи и фотографии, како и негови мемоари.  Ја подготвија „Македоника литера“ и Државниот архив на Република Македонија. Преводот на текстовите е на Предраг Димитровски, а стручната редакција и предговорот се на проф. д-р Зоран Тодоровски.

Деветте тома се базираат на 4.000 страници во ракопис оставина на Шатев.  Првите четири тома се насловени „Историја на Македонија“, „Борис Сарафов – биографија“, „Спомени“ и „Полициско досие (досие УДБА)“. Петтиот том е „Записи за нацијата и државата“, шестиот „Македонија и балканскиот проблем“, седмиот е „Македонија под ропство“, осмиот е насловен „Документи“, а деветиот „Заточението во Сахара – Фезан“.

Павел Шатев е непосреден учесник и активен сведок на речиси сите етапи на македонското револуционерно минато: учесник во солунските атентати во 1903 година, активист во организациите на македонската емиграција во Бугарија и член на раководството на Македонската емигрантска федеративна организација и на ВМРО (Обединета). По ослободувањето на Македонија се вклучил во државниот и политичкиот живот на новата македонска власт со членувањето во АСНОМ, како член на првата влада на Федерална Македонија, како министер за правосудство, потпретседател на Президиумот на АСНОМ и сојузен пратеник во Уставотворното собрание на Југославија.

Павел Шатев е роден во Кратово на 15 јуни 1882, а почина во Битола на 30 јануари 1951 година.

 

 Извор: Министерство за култура на Р. Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 921
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2463
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/04/2025 - понеделник

 ВЕЛИГДЕН (втор ден) Св. апостоли Ирoдиoн, Агав, Руф, Асинкрит, Флeгoнт и Eрмиј

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная