логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Зборувајќи наводно во име на демократијата, а всушност за дневнополитички цели, „групата“ интелектуалци (потпишана патем од едвај два-тројца) што му пишаа на нобеловецот на Фејсбук, наместо да го величат, го потценија. Истото го направи и новинарот на свеченоста во МНТ со лошо изглумениот нервозен настап, небаре го снимаат од Си-ен-ен


 Три дена пред свеченото врачување на Нобеловата награда за книжевност, лауреатот традиционално држи предавање. Во некои години таа традиција не се почитувала. На пример, Елфриде Јелинек не сакала да се појави на сцената, па нејзиниот говор бил пуштен само од еден шведски телевизиски тим.
Британскиот драмски писател Харолд Пинтер од здравствени причини не можел да се појави на свеченоста, но писателот не сакал да ја испушти можноста за обраќање кон јавноста, па неговиот политички ангажиран говор се прикажал на видеоснимка.

Но во 2006 година, кога наградата ја доби славниот турски писател Орхан Памук, тој одлучи да ја испочитува традицијата. И за разлика од Пинтер, не сакаше неговиот говор на благодарност да има каква било врска со политиката. Како што кажа тогаш, „уморен е од постојаното одговарање на прашањата за Турција“.

Седиштата во златната рококо-сала на Шведската академија исполнети до последно место, картите со недели претходно распродадени. Во публиката и Турци и Курди. А кога сите седнаа на своите места, Памук кусо се накашла и го почна својот говор:

„Две години пред својата смрт татко ми ми предаде еден мал куфер со негови текстови, ракописи, белешки. Со по малку подбивен тон, кој му беше својствен, ми рече да ги прочитам пред неговата смрт. Го знаев тој куфер, но никогаш не се осмелив да го допрам. Зошто? Можеби затоа што ми се чинеше дека неговата содржина има некое таинствено значење. За тоа значење ќе зборувам денес, за тоа, имено, што прави човек да се повлече во својата соба и со хартија и молив да состави сведоштво за себе: за книжевноста“.

И навистина, во својот говор не кажа ни збор за политиката, зборуваше само за книжевноста. А политиката остана - помеѓу редовите. Ваквата негова одлука направи критичарите да замолчат, особено оние што тврдеа дека ја добива Нобеловата награда за политичкиот ангажман, а не за литературните вредности.

Овој поопширен вовед има цел да им ја приближи личноста на Памук на оние што нема да поверуваат во тврдењето на издавачот „Табернакул“, што завчера му ја врачи истоимената награда на нобеловецот во Скопје, дека напомената до медиумите дека тој нема да одговара на новинарски прашања поврзани со политика - била по барање на авторот, а не лицемерна претпазливост на издавачот да избегне непријатни прашања поврзани со турската или со македонската актуелна политика.

Ваквиот потег на издавачот некои го протолкуваа како лош пиар или како причина за вжештување на атмосферата на врачувањето на наградата, која ескалираше со непристојното однесување на новинар, кој на цел глас буквално му се развика на нобеловецот со прашањето дали е свесен дека прима награда од диктаторска влада. Но зарем никој не помисли дека Памук можеби навистина е уморен од политички говори и дека во Македонија доаѓа само да ја прими наградата што му се доделува за неговиот опус.
Дека токму тоа сакаше да го истакне - за книжевност, не за политичка храброст. Дека тоа што сака да го каже, го кажува во своите книги, дека тоа што го мисли, го покажува на протести, дека ако смета за потребно ќе каже јасно и гласно, дека не му е потребно ни нашиот издавач, ни промоторот, ни водителот на церемонијата да го заштитуваат и да го спасуваат од „непријатни прашања“.

Тоа што новинарите не го испочитуваа барањето од издавачот и не е греда. Затоа што впрочем и работа им е да поставуваат прашања, а дали ќе добијат одговор или не е процена на гостинот. А тој беше толку љубезен што не одбегна ниедно прашање (проговори за цензурата во Турција, за ускратената слобода на говор...), освен едно - на безобразно и недолично поставеното прашање, би рекла испад, на новинарот од последните редови во салата на МНТ. А не одговори затоа што е доволно умен да насети дека стануваше збор за непотребен сензационализам, за базична непристојност, за комплетно отсуство на достоинство и респект.

Всушност, Памук не дојде во Скопје да ги лекува нашите фрустрации, нашата оптовареност со политика, нашата безмалку некултура и цивилизираност, нашата неумесност. Не дојде ни да нѐ спасува од „тиранијата и диктатурата“, не дојде ни да воведува демократија во Македонија. Дојде да прими една награда. И толку.

Оттука сосема непотребни беа разните писма што „групата“ интелектуалци (потпишана од едвај два-тројца) му ги испраќаа на Памук на Фејсбук со намера да го „поучат“ нобеловецот да не ја прима наградата затоа што доаѓала од „македонскиот Ердоган“, како што напишаа. Дури се дрзнаа да го потсетат на неговото апсење за време на протестите на „Таксим“ во Истанбул, како тој самиот да е со кусо памтење. Како да е некој необразован и неинформиран локален автор, кој не знае што се случува во светот, а не гласноговорник без влакна на јазикот, кој поради своите зборови неретко бил со едната нога во затвор. Како тоа да не е писателот што поради своите политички ставови не им е по вкус на официјалната турска политика и на страсните националисти, како тоа да не е човекот против кој беше поведено обвинение за „валкање на турската чест“, кога изјави дека Турција направила геноцид на милион Ерменци и на триесет илјади Курди.

Зборувајќи наводно во име на демократијата, а всушност за дневнополитички цели, наместо да го величат, тие го потценија. Истото го направи и новинарот на свеченоста во МНТ со лошо изглумениот нервозен настап, небаре го снимаат од Си-ен-ен.

Ако сме чесни, треба да му честитаме на „Табернакул“ што успеа да го донесе Памук во Скопје (не им успева на сите, дури ни на поголеми и поважни издавачи), што му оддаде признание за извонредниот опус, што објави одлични преводи од неговите книги и што допрва ќе приопшти на македонски јазик уште две негови дела. Вонреден напор и одлична иницијатива. Жално е само што ни овој несекојдневен книжевен настан не остана само во сферата на книжевноста, туку беше искористен за ситни лично-профитерски интереси и дневнополитички пресметки. Свеченоста во МНТ не беше ни место ни време за тоа, особено поради величината на името во чија чест се одржа. И во крајна линија, изборот беше на наградените, ако тие сметале дека моралот или идеологијата на тие што ја финансираат наградата се неприфатливи за нив, можеле да ја одбијат. Немаше ни најмала потреба ние оттука самите да ги поттикнуваме на тоа. Особено што се работи за личност каква што е Орхан Памук, кој патем го изгради својот интелектуален мит токму на неприкосновениот личен интегритет.
    
      
Автор: Весна Дамчевска

 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122713744558&id=13&prilog=0&setIzdanie=23063#.Ur2DbAnKdrE.facebook



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »