логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 Повеќе од 70% од европските јазици според истражувањето на универзитетот во Хелсинки спаѓаат во категоријата на загрозени. Додека светските јазици по пат на масовните медиуми го шират своето влијание, некои помали и изолирани јазици полека исчезнуваат од колективната свест. Токму поради тоа, ви донесуваме неколку интересни примери од Стариот континент.

 

Во Европа, според УНЕСКО, се зборуваат вкупно 300 јазици, а од нив 277 се загрозени. Оваа бројка го потврдува истражувањето спроведено пред неколку години на универзитетот во Хелсинки кое ја опфатило непосредната околина на Стариот континент (без Русија и Турција). Финските истражувачи заклучиле дека од 136 јазици, само 30 не мораат да се грижат за својата иднина.

 Глобализацијата и културниот империјализам на „големите“ европски народи со помош на масовните медиуми и образовните системи ги газат помалите јазици кои со текот на времето исчезнуваат. И претходно се случувало изумирање на јазикот, но никогаш во мерка во која тоа се случува во 20 и 21 век. Тоа е последица од новите политички и културни случува. Повеќето помали европски јазици забрзано се затрупуваат со интернационализмите и англицизмите, а ние ви донесуваме неколку од нив кои не се најзагрозени но се релативно непознати.
 
Окситански - златно доба во Средниот век

 Окситански е романски јазик кој се зборува на југоисточниот дел од Франција и по долината на реките во некои делови на Италија и Шпанија. Има вкупно шест дијалекти,  а главните се гаскоњски и провански. Нивната златно доба била во текот на Средниот век. Се проценува дека го зборуваат околу милион луѓе од повозрасна категорија.
 

Кашупски - училиштата и медиумите се борат против изумирањето на овој јазик

 Пољаците некое време се борат за опстанок на кашупскиот јазик и је воведен како изборен предмет во наставата, а на овој јазик се водат и некои алтернативни радио емисии. Спаѓа во западнословенските јазици, а мајчин јазик е на околу 3.000 луѓе додека го зборуваат 10 пати поголем број на етнички Кашуби.
 
Кашупскиот јазик е најсличен на полскиот со кого дели најголем дел од речникот и формирањето на зборовите, а разликата лежи во правилата за акцент и остатоците од старопрускиот јазик. Зборот кашуб доаѓа од името за шал кој е карактеристичен за припадниците на ова малцинство.
 
Јенишки - како номадите од средна Европа
 
Ромите не се единствениот номадски народ кој има свој дом под европското небо. Сличен животен стил живеат и Јенишите односно Германските Патници кои потекнуваат од Германија, Австрија и Швајцарија, а долго време ги следела репутацијата на крадци и просјаци. Тие развиле сопствен јазик кој  е комбинација од карактеристиките на германскиот, западнојидишкиот, патничкиот дански и хебрејски, а денес во Швајцарија е признат како јазик на националните малцинства. Јенишки јазик зборуваат околу 15.000 луѓе.

 
Ливскиот јазик останал без последен човек на кого овој јазик му бил мајчин

 
Ливскиот јазик спаѓа во угро-финската група, а денес има околу 1.500 луѓе кои го зборуваат. Последниот човек на кого овој јазик му бил мајчин починал во 2009 година. Ливите некогаш живееле во деловите на денешна Естонија и Латвија, а неповолното опкружување го намалило нивното опстојување. Прво ги покориле Германците, а потоа и Русите, за на крај нивната земја да ја поделат Естонците и Латвијците. Интересно е тоа што сè уште постои ливско државјанство.

 
Лапонскиот јазик се казнувал во СССР

 
Лапонски или саами е јазик кој го зборуваат Лапонците, народ населен на северот на Скандинавија и рускиот полуостров Коли. Опфаќа вкупно 11 јазици од кои Кеми лапонски изумрел, а се зборувал во Финска. Останатите 10 се сериозно загрозени. Овие јазици ги зборуваат околу 20.000 луѓе и поради разликата во дијалектите меѓусебно тешко се разбираат.
 
Во текот на комунистичкото владеење во СССР се казнувал оној кој зборувал лапонски, па тоа влијаело на неговото изумирање.

Баскиски јазик

 
Баскискиот јазик можеби не спаѓа во најзагрозени јазици во Европа, но секако е еден од најинтересните. Го зборуваат повеќе од милион Баскијци (самите себеси се нарекуваат Еускари) кои се еден од древните народи на Европа. Овој јазик не спаѓа во нитуедна позната група на јазици и токму затоа е специфичен. За прв пат се појавува за време на римското владеење на Пиринеите, а тогаш се нарекувал активански.

 
Овој јазик е изолиран и се зборува во седум покраини во Шпанија и Франција. Баскиското писмо е латинично, но се користи на различен начин па некои букви се користат само за запишување на странски зборови, а специфичните диграфи имаат посебно значење.

 
Ова е јазик под силен притисок од францускиот и шпанскиот, но бакијскиот национален идентитет (иако не се нација, но тежнеат да станат) сè уште го држат толку чисто што иако е загорзен, не му се заканува изумирање.

 

 http://www.fakulteti.mk/news/13-04-16/zapoznajte_gi_jazicite_koi_evropa_gi_ima_zaboraveno.aspx

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 920
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2461
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/04/2025 - понеделник

 ВЕЛИГДЕН (втор ден) Св. апостоли Ирoдиoн, Агав, Руф, Асинкрит, Флeгoнт и Eрмиј

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная