логоFacebookTwitterYouTubeeMail

izlozba.kanada.jpg

        Македонскиот Културен Центар при Црковната Општина “Свети Никола” од Виндзор Канада, со задоволство Ве информира дека во петокот  на 20 јуни, свечено беше отворена  најголемата досега организирана изложба на детски цртежи во регионот Есекс со тема “Сочувај ја планетата”.

izlozba.kanada1.jpg
        Изложбата официјално ја отвори Неговото Високо Преосвешенство Митрополитот Американско-Канадски г-дин. Методиј. Пригодни поздравни говори одржаа покрај Владиката Методиј, парламентарец Брајан Маси, градоначалникот на општината Ла Сал господинот Гери Бакстер, протојереј-ставрофор д-р Алекцандар Мустеников и под-претседателот на црковната општина Томе Дамчески.
        Организаторите Маре и Глигор Стефанови под покровителство на Македонскиот Центар “Свети Никола”  распишаа конкурс за детски цртежи и поведоа акција која опфати над 100 училишта со скоро 7000 ученици. Акцијата имаше пред се образовен карактер и опфати повеќе училишни предмети. Учениците покрај цртежите, правеа истражувања за човековата околина и нејзината заштита, разговара и пишуваа техтови, правеа заеднички проекти и тродимензионални дела од отпадни матерјали.
       Целта беше да се зголеми свесноста на учениците за загадувањето на човековата средина. Едновремено им се даде можност на најмладите со линии, бои,  облици и визуелни симболи да го прикажат светот како имагинарна градина и безбедно место за живеење; да го изразат својот однос кон загадувањето на околината и климатските промени и да им пратат пораки на одговорните лидери и компании да превземат соодветни мерки  против загаденоста.
     Сите пристигнати дела се изложени во една заедничка инсталациска поставка. Цртежите се поврзани со зелена и асоцијативно обликувана позадина на симболи од лисја, дрва, цветови и сл.

 

izlozba.kanada3.jpg


      На изложбата земаат учество над 1000 ученици од околу 50 основни училишта.
     Беа доделени 19 награди на учители, школи и ученици. Беа доделени награди за секое оделение посебно од забавште до осмо оделение, како и три награди занајдобри цртежи. Добитник на Главата Награда од 500 долари е ученичката од осмо одделение Мари Праис.
       Изложбата е отворена до 2 јули 2008 година.

izlozba.kanada2.jpg

 

Izvestuva:Gligor Srefanov

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 06, 2021
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела…
Јануари 05, 2021
3.angeli.so.truba

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 86
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз

Дек 10, 2020 Филм, Театар 295
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои…

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

Окт 23, 2020 Литература 423
3.angeli.so.truba
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »