НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО- во Загреб
НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО МПЦО „ Света Злата Мегленска„ Загреб Со Литургијата на Св. Василиј на 12.03.2006 год. започна Неделата на Светото Православие, со која Богослужеше парохискиот свештеник, отец Кирко Велински, во сослужување со протоѓаконот Др. Ратомир Грозданоски, секретар на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, и професор на Теолошкиот факултет во Скопје, кој престојуваше неколку дена во Загреб, како предавач на Меѓународниот симпозиум, со тема: „Сувременост дијалога„, како претставник на МПЦ.
На Божествената Литургија присуствуваше многуброен верен народ, кој се окрепи со Светата Тајна Причест. Драгите гости и пријатели на нашата МПЦО Света Злата Мегленска, бившиот амбасадорот при Светата Столица во Ватикан, Министерот советник при амбасадата на Република Македонија во Р. Хрватска господинот Стојан Руменовски, претседателката на „Христијанскиот мировен круг„ госпоѓата Марија Знидарчиќ, во Неделата на Православието, со радост зедоа учество, земајќи нафора. |
Известува: Стојанка Тежак