СРЕДБА СО СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ
Уште во 17 век Турците знаеле кој е Александар и каде се наоѓа Македонија
Средба со Стефан Влахов Мицов по повод неговата нова книга "Хероите и потомците" се случи вчера на Саемот на книгата во Матица. Авторот на "Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет" продолжува по неговата зацртана патека, па, како што вели претседателот на ДПМ, Раде Силјан, во фокусот на вниманието на авторот е историјата на Македонија и судбината на Македонците низ вековите, нивниот стремеж кон етничка, идејна, јазична и културно-историска еманципација...
Од мноштвото записи во обемната книга го издвојуваме написот од познатиот англиски лекар и писател Едуар Браун од 1673 година.
"Султанката која чека дете и беше во Лариса, ќе дојде да роди тука (во Битола). Турците кои имаат високо мислење за Александар Велики, се радувале ако во Македонија се роди уште еден од синовите на империјата", запишал Браун, на што Мицов додава:
"Уште во 17 век Турците знаеле кој е Александар и каде се наоѓа Македонија".
Инаку, во Матица се уште трае популарниот Саем на книга под мотото "Книга во секој дом".
(Де.Т.)
ФОТО: Н. БАТЕВ http://vecer.com.mk/?ItemID=A6EABB1C21576E4EBD7777A301287E64