логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност… Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него. Со преводот на „Улис“, Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста – вели Марија Гиревска -преведувач, теоретичар, есеистичар.

Марија е професор на Богословскиот факултет, магистер по теологија, а магистрирала и докторирала и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Теологијата и’ е и љубов и поле на интерес, а делото на Џемс Џојс пасија. Марија е една од ретките личности од Македонија што го слави 16 јуни – Блумсдеј. За нејзиниот превод на „Улис“ во 2013 година ја доби наградата за најдобар превод „Златно перо“, а книгата неодамна го доживеа и своето трето издание кај издавачот „Полица“. Во моментов работи на преводот на уште едно култно дело „Ада“ од Набоков, но успеа да најде време и за cooltura.mk и за повеќе од одлични одговори.

Џојс, надреализам, готски роман и теологија? Наоѓате повеќе сличности или на моменти треба да се прават резови за да се влезе од еден во друг филм?

Да, секако дека се прават резови, влегувате од еден во друг филм. Меѓутоа, токму тоа ‘влегување’ и ‘излегување’ ми е многу возбудливо бидејќи никогаш не ми е здодевно, не сум ‘заглавена’ само во едно поле на истражување, туку секогаш истражувам повеќе области, па имам можност да ‘гледам различни филмови’. Дури и кога бев студент ми пречеше ригорозната програма на студии, да се движиш во некаква однапред дадена рамка, па самоиницијативно следев предавања надвор од мојата матична катедра, од астрофизика на ПМФ, до естетика кај проф. Џепаровски и романтизам кај проф. Урошевиќ на Катедрата за општа и компаративна книжевност, на крајот зедов уште еден индекс само за да ги слушам предавањата на проф. Драги Михајловски. Сите овие области што ги наведовте ме поврзуваат со одредени личности што ми ја будат љубопитноста за книжевноста. Ме фасцинираат совпаѓањата во книжевноста и воопшто во уметноста. А да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност.


Велат дека Џојс или го сакаш или го мразиш. Од каде вашата љубов спрема него? Каква е релацијата, дали е комплицирана врската?

Кога првпат го читав „Улис“, го читав три месеци. Всушност, со „Улис“ почнав и да го читам Џојс. Дури подоцна, некаде во трета година на додипломските студии се обработуваше Џојс и тоа само со „Портретот на уметникот во младоста“. Се сеќавам, на испит кај професорката, која беше веќе пред пензија, се задржавме долго и живо ја интересираше зошто толку го сакам Џојс кога сите други студенти го избегнуваат. Не постои друг писател како Џојс. Кога веќе учиш, треба да учиш од најдобрите. Џојс не е обичен писател, тој го ангажира читателот. Џојс е сам по себе епоха. Комплициран е, но и доста духовит и луциден. Во „Улис“ имате сè: и проза и поезија и драма. Полесно е да го читаш отколку да го преведуваш, меѓутоа, се разбира, најтешкото е да се напише едно вакво ремек-дело, но за тоа треба да си Џојс. А веќе кога го преведуваш се обидуваш колку што можеш поверно да го пренесеш на овој наш јазик со чудни заоблени кирилични букви. Не беше лесно, но беше доста корисно. Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него.

Вие сте првата, а најверојатно и една од ретките од Македонија која го одбележала кај нас Блумсдеј. Кажете ми нешто повеќе за искуствата од надвор поврзани со Улис и Блумсдеј. Зошто е голем? Значаен?

Кога во 1924 година Џојс лежел во болница по уште една од многуте операции на очите, во бележникот успеал да чкртне: „Денес е 16 јуни 1924 дваесет години подоцна. Ќе го запамети ли некој овој датум.“. Веројатно сега се смешка под мустаќ  затоа што 16 јуни е најпознатиот датум во светската книжевност.  ‘Everyman and Noman’, како што вели Џојс, ‘Секој и Никој’. Маџунков вели кај Џојс малото и ефемерното е кренато на ниво на вечност. Па така и Bloomsday.

Денес Блумсдеј се слави насекаде, од Даблин до Москва, од Токио до Мелбурн. Во Даблин, на пример, на овој датум се собираат и млади и стари, ентузијасти и професори од цел свет и се организираат специјални тури низ уличките на градот следејќи ги стапките на Леополд Блум и Стивен Дедалус и тоа трае цела седмица: се чита „Улис“ по плоштадите и на радио, се пеат песните од романот, се готват јадењата на Блум, луѓето се облекуваат во костими од 1904 година. Околу Блумсдеј се и летните школи на универзитетите во Трст и Даблин, како и Меѓународниот симпозиумот за Џојс.

Што се однесува до Скопје, на 16 јуни 2014 година, точно во 8:00 наутро, ја пуштивме веб страницата bloomsdayskopje.com и 5 видеа – вињетки – што во текот на месец мај ги снимив со академиците Митко Маџунков и Влада Урошевиќ и професорите Драги Михајловски, Зоран Анчевски и Ирецот Бен Китинг кој во тоа време живееше и предаваше во Скопје. Минатиот јуни ги замолив Н. Е. Ерван Фуере и мојот пријател од САД, Џојсовец, Стив Кол, да прочитаат парчиња од „Улис“ на македонски, а белгискиот поет Даниел Билие, кого го познавам веќе 10 години од Струшките вечери на поезијата, прифати да прочита парче од епизодата 17 „Итака“. Оваа година по некоја чудесна коинциденција датумот се совпадна со крштевањето на мојата внука Ефимија. А во следните три години ќе се посветам на подготовки за големиот јубилеј во 2022 – сто години од објавувањето на „Улис“. Се надевам дека до тогаш ќе го завршам новиот ревидиран превод на овој роман.


Имаме ли во Македонија слух за настан како Блумсдеј, ќе има ли луѓе кои ќе го прават тоа и за кои ќе се прави?

Мислам дека има, барем кај студентите, секако и кај неколку мои професори и колеги, но не и кај институциите, особено не во тој обем на каков што се надевав пред пет години. Во Македонија институциите за култура – од музеите до културните центри па сè до факултетите – за жал го немаат тоа развиено чувство на соработка за еден ваков настан каков што е Блумсдеј, кој ширум светот добива поддршка од универзитетите и културните центри затоа што таму се свесни за величината на Џојс, но овде е една сосема поинаква ситуација. Во крајна линија, на нашите универзитети нема ниту специјализирани студии за Џојс, а уште помалку и интерес за такво нешто во иднина. Она што го правам околу Блумсдеј е моја лична заложба, а секогаш кога комуницирам со пријателите од странство вратите ми се широко отворени, што, за жал, не е случај со институциите тука, особено оние државните каде што владее некаква бирократска летаргија и инертност. А Џојсовската заедница е мошне срдечна. Но јас сум упорна, бидејќи знам „кој чука, ќе му се отвори“.

Имаме ли наш автор што заслужува слично одбележување?

Умберто Еко веројатно немаше да ја стекне својата слава на тој начин и толку бргу да не беше неговиот преведувач од англиски јазик на романот „Името на розата“. Нашите автори, вистински добрите автори треба да ги преведуваме на сите светски јазици и државата треба да помогне во тоа. И важно е да ги одбележуваме одредени датуми од нашата книжевност, како инаку ќе ја градиме онаа традиција и индивидуален талент за која зборуваше Т. С. Елиот? Оваа година, на пример, колку што можам да се сетам, мислам дека имаме барем неколку значајни одбележувања: 50 години од објавувањето на збирката раскази „Знаци“ од проф. Влада Урошевиќ и 40 години од објавувањето на расказот „Лилјак“ од проф. Драги Михајловски, еден страшно луциден расказ. Следната година, исто така, навршуваат 40 години од првиот роман на Митко Маџунков, „Кула на ридот“, роман за кого се вели дека е македонскиот „Улис“. Зошто да не се организира јавно спонтано читање на овие писатели? За тоа не се потребни никакви средства, треба само да се посака, плоштадите се отворени за секого. Градот секако може да помогне во промоција на тие настани.

Во моментов работите на превод на уште еден великан, Набоков и Ада – какво е ова патешествие?

Ова Набоковско патешествие ми наликува на Џојсовското. Онаму каде што Џојс можеби само гребнал од површината, како во одредени пасуси од епизода 13 во „Улис“, оние сцени со Герти и Леополд Блум на плажата на пример, Набоков овде оди во детали, оди во длабина. „Ада“ плени на повеќе нивоа, не само затоа што обработува една табу тема, или затоа што тука го насетувате Прустовското време и Џојсовите пародии и јазични каламбури, туку мислам дека, пред сè, овој роман може да побуди љубопитност кај книжевните преведувачи, бидејќи Набоков пародично го исмејува и прецизно го лоцира лошиот превод. Го секцира, го боцка и го изложува во ‘стаклен подавалник’ да можат оние најљубопитните да го видат. Како неговите пеперутки со измислени називи за Ада.

Зошто теологија?

Џојс вели: „треба да си понизен за да научиш“. Ми беше предизвик. Едно, затоа што овие теми непосредно се третираат на овој факултет, и второ, зачудувачки е што воопшто Џојс помина како тема на еден богословски факултет. Иако сега ми се чини дека моите студии биле неминовни и тоа беше еден природен след на настани. Растев опкружена од црковна и теолошка литература во библиотеката на татко ми. Негов учител му беше Архиепископот Гаврил – преведувачот на  македонската Библија. Со преводот на „Улис“ Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста.

Тешко е да се наброи, опише и сумира вашиот книжевно-научен интерес. Како најкусо се претставувате себе си?

Веројатно како преведувач на Џојсовиот „Улис“. Во џојсовскиот свет тоа е многу поважно отколку да сте само истражувач на неговото творештво. Но ме фасцинираат готиката и фантастиката, особено оние ‘неомеѓани меѓи’, што би рекол Андре Бретон, меѓу готскиот роман и фантастичниот расказ, но и теологијата, онаа врска меѓу писателите како ‘создавачи, творци на уметничкото дело’ и Бог како Создател. Бог како Возвишен Творец и она што од човекот прави да биде мал бог – да пишува, да слика, да компонира, да создава и така преку своите дела да си обезбеди бесмртност. Ме фасцинира да го истражувам и животот на авторот преку неговите дела, оние места каде што се губи границата меѓу уметноста и животот, сите оние својствени, стилистички одлики што го обликуваат оној залажувачки фантом – личноста на писателот.

Два магистерски труда и еден докторат и тоа во Македонија. Најголемите тешкотии, и најголемата сатисфакција?

Најголема сатисфакција веројатно би било тоа што имав фантастичен ментор за она што сакав да го истражувам од областа на надреализмот и готиката, бидејќи проф. Урошевиќ е навистина професор од светски калибар, а магистратурата на богословските студии некако ја доживувам како моја Џојсовска ‘богословија’. За жал, на нашите универзитети не постојат пост-докторски студии. А тешкотии секогаш ќе има, но битно е да се надминат.

Каков професор сте и по што сакате да ве запаметат вашите студенти?

Да се биде учител е една од најблагородните професии и за мене најважна. А да се биде добар учител – тоа е веќе уметност. И студентите тоа го препознаваат. Јас имав многу таканаречени професори, но само неколку вистински учители. Она што се трудам да им го пренесам на часовите е да изградат чувство на интегритет и праведливост, да научат да размислуваат со своја глава и да бидат љубопитни, да работат на себе, да истражуваат и да се докажуваат.

 

Александра Јуруковска

Извор: http://www.cooltura.mk/stav/marija-girevska-ulis-me-nauchi-kako-da-go-chitam-i-nego-i-koj-bilo-drug-pisatel/

 30ти септември 2019 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2041
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2561
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная