логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет во Скопје

Во битката за границите и териториите на православните цркви се занемарува вистинската мисија на црквата и, воопшто, на православието. Токму во оваа насока зборува теологот Ѓоко Ѓорѓевски, декан на православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кој ги анализира последните случувања во православието, кои директно или индиректно имаат влијание на решавање на македонското црковно прашање. Ѓорѓевски пред неколку години ја извршуваше и функцијата амбасадор на нашата земја во Ватикан, што ја дополнува неговата компетенција за анализа на состојбите на црквите во христијанството.

– Или секој народ и секоја држава треба да имаат своја самостојна црква, или ниту еден народ и ниту една држава не треба да имаат! Или да се примени стариот патријаршиски систем, кој како најавтентичен на природата на црквата е независен од државните и националните граници, а кој е таков целосно и во уредувањето (наддржавен и наднационален), но кој во овој историски контекст се чини речиси неможен, или да се применат еднакво и кон сите критериумите врз кои се основани и постојат сите национални цркви – вели Ѓорѓевски.

Во битката за границите и териториите на православните цркви се занемарува вистинската мисија на црквата и, воопшто, на православието. Токму во оваа насока зборува теологот Ѓоко Ѓорѓевски, декан на православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кој ги анализира последните случувања во православието, кои директно или индиректно имаат влијание на решавање на македонското црковно прашање. Ѓорѓевски пред неколку години ја извршуваше и функцијата амбасадор на нашата земја во Ватикан, што ја дополнува неговата компетенција за анализа на состојбите на црквите во христијанството.
– Или секој народ и секоја држава треба да имаат своја самостојна црква, или ниту еден народ и ниту една држава не треба да имаат! Или да се примени стариот патријаршиски систем, кој како најавтентичен на природата на црквата е независен од државните и националните граници, а кој е таков целосно и во уредувањето (наддржавен и наднационален), но кој во овој историски контекст се чини речиси неможен, или да се применат еднакво и кон сите критериумите врз кои се основани и постојат сите национални цркви – вели Ѓорѓевски.

Дали последните случувања со прекинот на комуникацијата меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија значат нов голем раскол во православието и што ќе значи тоа за Македонската православна црква-Охридска архиепископија?
– Јасно е дека се работи за едно од најголемите црковни потресувања во православието во поновата историја, уште повеќе зашто станува збор за конфликт меѓу најзначајната (првопрестолната) црква со најмногубројната православна црква. Од една страна, ваквите еднострани прекинувања на евхаристиско општење како да станаа практика при меѓусебните црковни недоразбирања за јурисдикциите врз определени територии, што до некаде го амортизира чувството за сериозност на постојната ситуација. Во 90-тите години од минатиот век, меѓу истите две патријаршии, естонскиот црковен спор доведе до неколкумесечен евхаристиски прекин, потоа со забрана за евхаристиско општење беше проследен и конфликтот меѓу Руската и Романската православна црква за црковните територии во Молдавија, а тука е и скорашната препирка околу духовната надлежност врз Катар меѓу Антиохиската и Ерусалимската патријаршија. Од друга страна, пак, неподготвеноста на православието да се соочи со вистинските причини што доведуваат до овие и вакви конфликти остава простор за сериозна загриженост, која сметам дека е споделена и од страна на Македонската православна црква. Имајќи ги предвид мудроста и искуството на поглаварите на двете раскарани цркви, не изостанува надежта дека состојбата, ако не се реши, барем нема да се продлабочи. Од една страна е личноста на патријархот Кирил, кој единствен меѓу православните поглавари без задршка и со почит секогаш ги истакнувал македонскиот идентитет, јазик и култура, а од друга страна патријархот Вартоломеј, кај кого, и покрај официјалната воздржаност, е забележлива искрената и татковска грижа за македонските верници, особено кон младите.

Врз кои аргументи Вселенската патријаршија ја призна автокефалноста на Украинската црква? И дали тој принцип може да се примени и во случајот со МПЦ-ОА?
– Според соопштението на Светиот синод на Вселенската патријаршија, издадено на 11 октомври годинава, на последната одржана седница било одлучено „да се повлече правната полноважност на Синодското писмо од 1686 година, кое е издадено според тогашните околности, а со кое ѝ се дало право на Московската патријаршија да го поставува киевскиот митрополит, кој би бил избран од црковно-народниот собор на неговата епархија, а би го спомнувал името на вселенскиот патријарх на секоја божествена литургија, со што би ја објавувал и потврдувал својата канонска зависност од цариградската мајка црква“. Според ваквото толкување, Вселенската патријаршија, иако во определен период ѝ ги препуштила украинските територии на Московската патријаршија, никогаш целосно не се откажала од својата канонска надлежност врз нив. Очигледно дека македонската црковна историја има поинакви патишта, но независно од нив, врз основа на 9-то и 17-то правило од четвртиот вселенски собор, цариградскиот патријарх има еднакво право соодветно да интервенира и во нашиот црковен случај. Впрочем, општо е познато дека состојбата на МПЦ е единствена и неспоредлива со сите други цркви со нерешен статус и дека врз основа на сите можни критериуми и параметри таа има право на своја целосна независност. Како потврда за тоа би го спомнал и размислувањето на протојерејот Николај Данилевич од Одделот за надворешни работи на Украинската црква под Московската патријаршија, кој во своето интервју за Сојузот на православните новинари, а во однос на македонското црковно прашање, тврди дека Цариградската патријаршија применува „двоен стандард и дефинитивна неконзистентност“. Според него, документот од 1686-та за Украина не е во ништо различен од оној од 1922-та за Македонија, истакнувајќи дека „Македонската црква има дури и повеќе право на автокефалност зашто народот таму е обединет во нивното барање, додека украинското православие е поделено на три дела…“.

Дали МПЦ-ОА во оваа ситуација може да се надева на признавање на својата автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, бидејќи тој процес веќе е започнат со Украина?
Неспоредлива е состојбата меѓу двете цркви. Македонската православна црква, и покрај неуспешните обиди за нејзино разбивање со креирање паралелни структури, е сенародна и обединета црква, за разлика од црковната состојба во Украина, каде што е забележлива силната поделеност на украинските верници, а дури и одлуката на Цариградската патријаршија, за жал, не обезбедува надминување на поделбите, како и обединување на црковниот и евхаристиски живот во таа земја. Во однос, пак, на Македонската православна црква, единственото нешто што недостига се потребната евангелска љубов и разбирање од страна на другите сестрински цркви, а особено од страна на Цариградската патријаршија.

Може ли целата оваа ситуација да повлече еднострани признавања на други цркви од страна на РПЦ? И какво би требало да биде правилното решавање на целата оваа состојба во православието?
– Ниту претходно имало најави, а уште помалку оваа ситуација може да даде повод РПЦ да преземе такви чекори. Во однос на завршното прашање, загрижува недостигот од вистински критички приод кон постојната конфликтна состојба. Проблемот е што целото внимание е насочено исклучиво кон симптомите и барањето начини на нивно санирање, без да се направи барем обид да се согледаат главните причини, кое би овозможило воспоставување на точна дијагноза, а потоа и соодветен правилен третман. Црквата како Тело Христово почива врз вистината, добрината, љубовта и праведноста. Таа не може и не смее да биде промотор на лагата, злобата, омразата и неправедноста, затоа што во тој момент престанува вистински да биде црква. Тоа значи дека за секој член одделно, а потоа и за секој народ, во црквата мора да се има иста мерка. Двојните стандарди можеби се својствени за овоземната политика, но се туѓи за црквата. Тоа значи дека или секој народ и секоја држава треба да имаат своја самостојна црква, или ниту еден народ и ниту една држава не треба да имаат! Или да се примени стариот патријаршиски систем, кој како најавтентичен на природата на црквата е независен од државните и националните граници, а кој е таков целосно и во уредувањето (наддржавен и наднационален), но кој во овој историски контекст се чини речиси неможен, или да се применат еднакво и кон сите критериумите врз кои се основани и постојат сите национални цркви. А во Европа денес сите автокефални патријаршии, архиепископии или митрополии се исклучиво национални цркви. Најстрашно е кога некои моќни исполитизирани црковни центри се самопрогласуваат за наднационални, а со проѕирна империјалистичка агенда ја злоупотребуваат светата црква за обезбедување на владеењето на нивните политички и државни центри во и надвор од нивните граници, па по секоја цена го оневозможуваат правичното црковно организирање, кое е витално за вистинското единство на црквата. Во оваа битка за граници и територии сосема се занемарува вистинската мисија на црквата, заборавајќи притоа на вистинската природа на црквата, а тоа е дека Христовата црква не ја чинат територии, туку луѓето што живеат на тие територии, територии на човечките срца и души во кои Бог престојува.

Радмила Заревска

Од
Радмила Заревска

 https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%86%d1%80%d0%ba%d0%b2%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%ba/?fbclid=IwAR2xpqkVOsm8w1a7UuTxfSnsukpEP4UZHQ8dMpHrnpzeY_JtZM-YcofcT9Y

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1910
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2423
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная