логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 




 Во расказите има и едукативна компонента, која ни кажува како живееле, како размислувале, како сонувале нашите предци. Ова „предци“ треба да се сфати во пошироката смисла на зборот и се однесува на луѓето што живееле пред нас, а не е нужно да се по род Македонци, вели авторот




Атанас Чупоски, писател

Новата книга раскази „Старинарница Балкан“ на Атанас Чуповски (издание на „Магор“) е иновативна книжевна мешавина во која се испреплетуваат реалните историски факти и личности и фикцијата. Расказите, како што вели авторот, се нишаат некаде на имагинарната граница меѓу книжевниот и публицистички свет, нудејќи му на читателот единствена можност да ѕирне во историјата на културата на Македонија, во турбулентните и пресвртни точки и во фрагменти од животот на низа клучни историски личности: Александар Македонски, императорите Константин и Јустинијан, султанот Сулејман, свети Наум, Григор Прличев, Марко Цепенков..., па сѐ до Андре Бретон и др.

Како настана „Старинарница Балкан“?
- Во предговорот стои дека книгата е настаната како „амалгам меѓу фактот и фикцијата, документарното и имагинарното, историјата и фантазијата, јавето и сонот...“ Вистината е всушност попрозаична. Книгава ја сочинуваат 43 раскази, кои во периодот 2008-2010 г. беа објавувани во неделникот „Форум“, во истоимената колумна. Во книгава расказите се предадени хронолошки, но не според хронологијата по која беа објавувани. Овде тие ја следат историската хронологија на настаните раскажани во нив, покривајќи така период од околу две илјади години.

Балканот е географско-тематска одредница на расказите, чии протагонисти се значајни личности од 20 век. Како ги одбиравте ликовите што ги портретиравте?
- Во книгата дефилираат и многу ликови што не потекнуваат од Балканот (од Понтиј Пилат и центурионот Лонгин, па сè до Достоевски, Мандељштам, Тагоре), кои, на овој или оној начин, сепак се поврзани со него. Протагонистите сами по себе се наметнуваа затоа што расказите во времето на нивното настанување беа пишувани без одреден ред, настануваа спонтано, во зависност од моменталната преокупација или како „старинарски“ одговор на одреден актуелен настан, или беа поврзани со одреден значаен историски датум или празник. Така што, иако функционираат како историографско-метафикциски вињети на одредена тема, расказите истовремено го задржуваат и публицистичкиот импулс и дејствуваат како своевидни мини-есеи, коментари на одредена актуелна ситуација, игра со геокултурно-политичките контексти, древни и актуелни.

Тргнувавте прво од фактите, или обратно, од имагинацијата?
- Најчесто тргнував прво од фактите. Потоа, ако за одредената тема имаше премногу факти, кои најчесто потекнуваа од разни извори, мојата улога се состоеше во нивна крајно внимателна и крајно субјективна селекција, а потоа и интерпретација, со помош на промена на гледната точка, вметнувања сништа, визии и разни други наративни алатки. Ако, пак, фактите недостигаа, тогаш на сцена стапуваше имагинацијата, која беше задолжена адекватно да го пополни празниот простор. Меѓутоа, основна цел на оваа проза, иако користи многу интертекстуални, постмодернистички изразни средства, не е пародизацијата, туку ефектот на што поголем реализам. Оттаму, во предговорот се осмелувам да ја наречам применета книжевност, која се обидува да стаса до еден нов реализам.

Како ја наоѓавте вистинската мера во создавањето на овој книжевен амалгам?
- Вистинската мера веројатно беше постигната во оној миг кога, препрочитувајќи го расказот, бев задоволен од внатрешниот свет што тој го креира и кога повеќе ниту јас самиот не знаев што точно било факт, а што фикција. Важно е да се напомене и тоа што просторот за колумните беше ограничен на 70 реда. Оттаму, зборовите мораше да се користат крајно рационално, што беше вистински предизвик за мене да раскажам долга приказна понекогаш и цел животопис, во кратка прозна форма.

Која историска личност или настан никако не можевте да ги одминете и ви беа особено инспиративни?
- Пишувајќи ги овие раскази, или поточно, подготвувајќи се за нивното пишување, читајќи, истражувајќи, многу учев, откривав одредени детали за сите овие настани и личности. Во расказите неодминливо се забележува и таа нивна едукативна компонента, која соопштува како живееле, како размислувале, како сонувале нашите предци. Ова предци треба да се сфати условно, во пошироката смисла на зборот и се однесува на луѓето што живееле пред нас, а не нужно се по род Македонци. Сега, ако баш морам да издвојам некој лик што за мене бил особено инспиративен, ќе го издвојам ликот на Григор Прличев, исклучителен ерудит, кој, покрај тоа што бил голем поет, бил и еден од најобразованите луѓе на своето време во рамки што далеку ги надминувале балканските граници. Исто така, не можев да го одминам ниту францускиот поет Андре Бретон, кој е главен лик на расказот „Андре Бретон шета по Маркови Кули“. Како инспирација за расказот ми послужи податокот дека во 1939 година во надреалистичкото списание „Минотаур“ во Париз била објавена фотографија на Маркови Кули. Конечно, бидејќи се работи за еден крајно субјективен и фрагментарен поглед на историјата на културата на Македонија, веројатно ниту еден од ликовите не е застапен случајно. Од друга страна, низ целата книга, како своевидна аријаднина нишка се провлекува еден аспект, дека воопшто не е случајно што оваа моја мала, сосема лична историја на Македонија почнува со воскресението Христово...

Во оваа сеопшта помама по информации и новини, за себе велите дека сте „човек старинар“...
- Таа себедефиниција потекна при договорот за пишување на колумните, со тогашниот уредник на редакцијата за култура на „Форум“, Влатко Галевски, при што нагласив дека не сум новинар, туку себеси пред сè се дефинирам како старинар, човек што е заинтересиран да го истражува минатото. Така и настана насловот на идната колумна, а еве сега и книга. Зошто себеси така се дефинирам? Неодамна некаде прочитав дека во само еден број на „Њујорк тајмс“ има повеќе информации отколку што добивал просечен селанец од 17 век во текот на целиот свој живот. Тоа е фрапантен, а истовремено и застрашувачки податок, што ни укажува дека треба да бидеме исклучително внимателни при процесирањето на информациите и да научиме колку што е можно повеќе да ги избегнуваме непотребните новини. Верувам дека сите сме свесни за длабоката криза што ја тресе нашата цивилизација, но, од друга страна, би било по малку наивно за еден писател да го отфрли времето во кое живее. Оттаму, барем за мене, истражувањето, копањето во минатото претставува само алатка, еден вид подобра перспектива за да се согледа сегашноста, затоа што, сите знаеме, сликата подобро се гледа кога ќе се оддалечите од неа. Се надевам дека сега, преку книгата „Старинарница Балкан“, и на читателите им е понуден подлабок увид во минатото, но истовремено и во сегашноста на овие наши простори.     
      
Автор: Мимоза Петревска Георгиева / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.       Фотографија: Maja Јаневска-Илиева


Извор: Нова Македонија    
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная