логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Црна дупка во предлогот на Нимиц

За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста меѓународна поддршка за него, по мое мислење, целиот договор мора да падне.
Ништо не вреди во договорот ако остане членот 8, бидејќи со него директно ни се брише идентитетот,вели професор Фрчкоски

Во предлогот на посредникот на ОН во спорот за името има неколку стапици за Република Македонија, а членот 8 е црна дупка за Македонците. „Тоа е опасна црна дупка, која се заканува да не' проголта нас Македонците како нација“, истакнува Љубомир Данаилов Фрчкоски професор по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во интервју за „Дневник“. Повод за интервјуто е последниот предлог на Нимиц, кој предизвика бурни реакции во Македонија, а експертската јавност оцени дека неколку точки се неприфатливи за Македонија. Професор Фрчкоски истакнува дека сега треба да седнеме на сериозни преговори и предупредува од опасноста од „латентен антиамериканизам“ во контекст на регионалните случувања, особено по настаните во Србија. „Наместо конспиративни теории, сега ни треба сериозност и влегување во вистински преговори“, вели тој.

* Освен петте предлози за ново официјално име на Република Македонија, најпроблематични се точките 7, 8 и 9 од последниот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц. Практично се предлага бришење на македонскиот национален код. Кој е вашиот коментар на тие точки од предлогот?

- Јас го видов истиот предлог, кој е превод од грчи. Значи, оставам мала резерва затоа што не е превод од оригиналниот, кој е на англиски јазик. Општиот впечаток од текстот е дека тој е поостар и полош од претходните и тоа за неколку точки.

Од ова што го дознаваме од медиумите и од тековните расправи, нашата страна е концентрирана на две-три точки, кои секако се проблематични за нас, но досега не ја виделе точката број 8, која за нас е најкобна. Таа точка децидно гласи: „Ниту една од државите самата по себе нема да може да има ексклузивни права, политички или економски, врз името ‘Македонија’ или ‘Македонски’“. Тоа значи дека ние не можеме да користиме термин македонски народ, македонска нација, македонски јазик во отслик на нашиот идентитет. Тоа е најкатастрофалната точка, а мене особено ме загрижува што нашите воопшто не ја виделе. Можеби сметаат дека е во наша корист, што е уште поголема трагедија и што зборува за нивниот целосен аматерски состав во расправата за документот.

* Предлогот на Нимиц има неколку стапици и се чини првата е поставена по првите четири точки, односно по воведните описни напомени.

- Да, првите четири точки се главно влез во главните моменти, а петтата е проблематична, па нашите ја забележаа. Таа бара сите мултилатерални договори, без разлика дали Грција е членка или потписничка, да бидат со новото меѓународно име на Република Македонија. Туку ние може да изградиме став да може мултилатералните договори во кои Грција е член да се подредат под користење на новото официјално име за меѓународна употреба, а во договорите во кои Грција не е членка или потписничка, а државите не' признале како Република Македонија, да нема нужност од промена. Вториот коментар е за пасошите, при што проблем е што тој документ е директен препис на Уставот. Ако во Уставот пишува Република Македонија, пасошите мора директно да го отсликаат тоа. За пасошите, а тоа е единствена точка од петтата точка, може да се расправа, ако се постигне компромис за другите точки, кои се многу полоши за нас. Да преминеме сега на шестата точка, во која се вели дека „официјалното меѓународно име може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) според востановената пракса што важи во кои било меѓународни организации...“. Имајќи предвид дека Нимиц предлага името Македонија да не може да се користи кратко, значи како акроним, тоа значи нема да може Македонија, како што е вообичаено за нас, туку скратеница во зависност од прифатеното компромисно име, да речеме Демократска Република Македонија - ДРМ. Тоа значи дека нашиот меѓународно прифатен код МКД ќе го снема, тој ќе мора да се менува во меѓународните организации.

Во точка 7 пишува дека „зборот ‘Македонија’ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име“. Ние со тоа немаме проблем, зашто нашето официјално име е Република Македонија, што значи Македонија би било само описно, скратено или индиректно име како што се користи во атласи, карти. Мислам дека членот 7 треба да отпадне, зашто со дефиниција на официјалното име тој проблем ќе се реши. Ова е дополнителен притисок на можните изданија на новинарските куќи да не користат скратен збор Македонија.

За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста меѓународна поддршка за него, по мое мислење целиот договор мора да падне. Ништо не вреди во договорот ако остане членот 8. Бидејќи со тој член директно ни се брише идентитетот. Тој вели вака: „Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“ или „Македонски’“. Со член 9, тоа значи дека може да се каже македонско вино, македонски патлиџан, но според член 8 не може да се користи македонска нација, македонски јазик и македонско државјанство. И тоа што нашите не го видоа ова зборува за краен аматеризам или за опиеност од толкувањето дека ова било во наша корист, односно дека и двете страни ќе може да го користат терминот „Македонија“. Но, членот вели ниту една страна САМА ПО СЕБЕ не ќе може да го користи тој термин. Веќе во грчките медиуми се пишува дека тој член за нив е непријатен, зашто ќе треба да се смени името на регионот Македонија. Тие добро разбрале дека ни тие ни ние не ќе можеме да ги користиме термините „Македонија-Македонски“.

Втор аргумент е дека тие 15 години водат војна со нас во меѓународните организации одрекувајќи ни наслов „македонско државјанство“, „македонски јазик“, „македонски граѓани“.

* Да, всушност се применува праксата што ја применуваат институциите во Стразбур, каде велат на пример „граѓаните на поранешната...“, „јазикот на поранешната...“.

- Точно, таа пракса се цементира зашто ние сами по себе не ќе можеме да го користиме терминот „македонски граѓани“. Од ова ние би имале катастрофален ефект. Целиот тој член мора да се преформулира и веднаш ќе ги тестирате. Еве предлог: Ниту една од државите нема да има ексклузивни права врз името „Македонија“ или „Македонски“. Ова во смисла дека двете страни, а и други страни, на пример Албанија или Бугарија, каде што се протега историска Македонија, може да го користат терминот „Македонија-Македонски“, каде сакаат, колку сакаат и на начин како го сакаат. Ако нашата промена не се прифати, ако се инсистира на некористење на терминот, директно ни се загрозува идентитетот. Ние ќе бидеме граѓани на таа Македонија со новото име, нашиот јазик е јазик на мнозинството или официјален јазик на таа и таа држава. Независна или Демократска, како ќе се договориме и дека нашето државјанство е на граѓаните на Независна/Демократска РМ.

 

* Кои би биле консеквенците од таквото прифаќање?

- Да речеме, граѓани на „Демократска Република Македонија“ можеда бидат со етничко потекло Бугари, Грци, Срби..., теоретски може да не постои македонски ентитет во таа „Демократска РМ“. Тоа е таа историска македонска салата кон која Грците не' бетонираат и тоа на договорен начин, ние самите да се согласиме со тоа. Граѓани на „ДРМ“ по етничко потекло може да бидат Бугари, Срби, Црногорци, Бошњаци, Албанци...теоретски нема потреба да има посебна македонска етничка националност, ниту на овој начин таа може да се нарече таква. Правните консеквенци од тој член се катастрофални. А тоа што нашиве не го виделе, мене ме застрашува!

* Некои експерти до овој член забележаа коментар - култороцид, истакнувајќи дека станува збор за нешто што е надвор од меѓународната практика. Се чини има основа за такви жестоки коментари?

- Мислам дека сега не е време да извлекуваме злобни коментари или коментари на навреден човек. Ние мора цврсто да се согласиме за овој член, тој да се разбере чисто правно, а потоа треба да предложи негова промена со замена, мирно и без паника. Ако тоа не може да помине, ќе ни биде јасно дека предлагачот на членот има намера да го брише нашиот идентитет. Тогаш вашето прашање и консеквенците што ги сугерира тоа ќе можеме да ги ставиме на хартија. Тогаш ќе знаеме зошто го рушиме договорот. Ако овој член го усвоиме, нема кој да влезе во НАТО. На прашањето кој влегува во НАТО - нема одговор! Нема Македонци што влегуваат во НАТО, нема нација.

Затоа, нашиот несебичен став, кој нема противаргумент е тој дека нема ексклузивно право, монопол на зборот „Македонија-Македонски“ во смисла дека и двете страни, но и други страни може да го користат тој термин и тогаш членот 9 е непотребен. Затоа што тој покажува дека кога веќе ни покажува каде политички ни забраниле да го користиме тој термин, ни кажуваат каде можеме да го користиме, значи за бизнис-продукти, во економската сфера.

Ова е црна дупка во договорот во кој пропаѓа македонскиот национален идентитет. Ова е чисто правно толкување.

* Што може македонската страна сега дипломатски да избоксува? Се спомнуваат дури и варијанти за спроведување референдум.

- Вие слушнавте дека министерката Бакојани има висински подготовки за преговорите како за Олимпијада. Нашиве се подготвуваат во кафеана, во Клубот на пратениците. Јас сум во лична паника затоа што мислам дека тие не знаат да толкуваат член по член. Расправаат политичките лидери и со сите комплименти за нив, но нивното познавање на првото, на историјата и на лингвистиката е ограничено. Тоа не смеат да го остават сами на себе, а референдум не ги вади од одговорноста. Ова прашање не го виделе на првиот тест, ниту јавно се искажале за ова. Неколкупати сум се консултирал со нивните кобајаги советници, никој од нив не го констатирал ова, човеку. Мене паника ме фати, па тие ова не го виделе како проблем!!!

Ние треба да постапиме како Грците. Нема потреба од тактизирање, одлагање, туку треба да се седне и рендгенски да се проанализираат сите консеквенци од договорот, треба да се предложат сите политички процени, која е црвената линија и каде и за што може да се направи компромис. На пример, точката 8 е апсолутно неприфатлива и треба да се предложи алтернатива, а не да се паничи. Ние треба да предложиме подобра варијанта од предложениот член, а имаме аргумент за тоа. Демократската поставеност и општата употреба на терминот не' лишува од коментар дека ние сакаме монопол на името, дека крадеме историја, и сите тие глупави коментари. Ние тоа го ставаме настрана и одиме на општа лиферација на термините. Но, тие нас не' оставаат без алтернатива. Па, како ќе се нарекуваат Македонците тогаш? Зарем само меѓу себе ќе се нарекуваат Македонци, а надвор кога ќе излеземе, ќе бидеме граѓани од различно етничко потекло?

Знаете, во приказнава најмал проблем се пасошите. Имам впечаток дека како што се вика во наше маало „мамки на г...дамки“. Овие работи ни ги пуштиле да се буниме и да се договориме за да пројдат осумката и основното име. Ако го решиме ова, ние сме решиле се', проаѓаме како воз, зашто го задржуваме идентитетот.

* Ако помине осумката, јасно е дека според параграфот под римско шест, кој предвидува заедничка комисија за култура и образование, што не' чека од Грците - ќе се избрише нашата култура и традиција, македонската историја?

- Сите членови се апсурдни, зашто таквата комисија ќе расправа во ситуација кога нема Македонци. За која заедничка историја кога ќе нема Македонци?!

* Сосема е јасно чија страна е застапена во предлогот. Во римско осум се вели дека Втората страна, односно ние, ќе бара од Владата да го преиспита именувањето на националните аеродроми зашто Првата страна, значи Грците, биле „вознемирени“ од тоа. Зарем тоа не е посегање по македонскиот идентитет и наследство?

- По осумката сите членови се апсурдни, зашто нас не' ставаат во безлична маса. За кои историски датуми ќе зборуваме и за кои Македонци?

* Практично нам ни се става на потпис тестамент во кој ние се откажуваме од нашето македонско историско наследство.

- Така е, и тоа е влез за сите што не' негираат. Завршена работа ќе биде и за Бугарите.

Притисок преку црвената линија

* Нимиц изјави дека документот е избалансиран и дека ниту една страна стопроцентно не ја задоволува. Но, се гледа дека речиси сите отстапки и стапици се наменети за Македонија. Што велите на тоа вие како експерт?

- Ние сега треба да го потопиме овој брод. Ние рамката треба да ја прифатиме, исто како што ја прифаќаат и Грците. Тука нема мрдање. Ако таа дебата се води до Букурешт, нека му ја мислат нашиве, ќе им требаат кожени опинци и гаќи за преговори. Ние ќе им помагаме колку што можеме. Но, ако ова помине, прв пат ќе се случи Македонците некого на улица да убијат. Јас се плашам од таа варијанта, зашто ова е притискање на Македонците преку црвената линија. А, тие не го гледаат тоа??!!! n

Влегуваме во шатл-дипломатија

* Што ќе се случи ако не прифатиме комбинирано име и таа црна дупка во членот 8?

- Моја сугестија е да го прифатиме целиот план, да не коментираме директно, а да правиме екипа што точно знае што може да се прифати, а што не и да правиме алтернативи на членовите. Знаме каде се црвените, а каде зелените и сините линии. Така влегуваме во шатл-дипломатија во наредниот еден месец. Ако тој договор, особено за името и членот 8 не можеме да ги усогласиме на пристоен начин, не велам само во наш интерес, туку на она што е правда, во овој случај на правото, договорот ќе падне. Можеме да констатираме дека ништо од него не прифаќаме. Тоа никогаш не е доцна да се направи, но само ако сакаат вака да се обидат да не' ранат, да не обезличат. Треба да видиме дали странците го разбираат ова, дали Грците имаат поддршка. Ако има дилема, ние ќе им помогнеме да се извлечат со ново решение што ние ќе го понудиме. Без конспиративни теории. Ако и тогаш нема да го видат, односно инсистираат на ова, ќе знаме дека ќе сакаат да не' обезличат и тогаш ќе знаеме зошто ја плаќаме цената.

Христо Ивановски-Дневник

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная