Премиера на „Така било пишано“, по текст на Сашко Насев
На сцената на Македонскиот народен театар на 24.12.2010 година, премиерно беше изведена претставата „Така било пишано“ по текст на Сашко Насев, а во режија на Синиша Евтимов.
Во претставата играат актерите: Арна Шијак, Оливер Митковски, Јордан Симонов, Драган Спасов, Сенко Велинов и Софија Насевска.
Сашко Насев: „Така било пишано“ е сценски трилер со интенција да раскаже приказна која е отворена за сите простори и може да се случува каде било. „Главниот заплет се води околу ликот на Марија, која е епицентрален фокус на генералната фабула, која на одреден начин е врзана со четири мажи, испреплетени меѓу себе. Тие се обидуваат да создадат приказна која ќе тангира теми што, пред се, се однесуваат на страственоста на карактерите, кои секогаш имаат желба да создаваат кариера, љубовни врски и нов тип психологии во новите услови во кои живееме... Драмата не се занимава со големи судбини на големи епохи, туку е многу урбана приказна во која актерите играат феноменално“,
Неговите претходни текстови „Чија си“ и „Грев или шприцер“, доживеаја голем успех.на театарската сцена .
Преминпортал
Лето Господово 2010