На свеченото отварање на првиот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“,во Скопје,(кој се одржува од 15 до 19 октомври), покрај обраќањето на Амбасадорот на Руската федерација во Македонија Н.Е Олег Шчербак и Амбасадорот на Чешката Република во Македонија Н.Е Мирослав Рамеш, како и гоститинка од странство свое обраќање имаше и Матушка Софија.
Со многу љубов и внимание беше проследена Матушка Софија од Русија -претседател на Рускиот меѓународен фестивал СРЕТЕНИЕ, и добитник на ордени од највисок ред во Русија. Тој извонредно топол и љубовен пристап на публиката, Матушка неможеше а да не го забележи и во своето поздравно обраќање, да се заблагоради и упати благослов на македонскиот народ.
[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=Ck42WzQ-cak[/youtube]
Преминпортал (к.т.)
16-ти октомври 2016 год.
Друго: