Скопје, 15 декември (МИА) - Во организација на „Македонски пошти“ денеска во Крушево ќе биде промовирана поштенската марка со ликот на Тоше Проески.
Пред промоцијата, како што е најавено, ќе биде посетен гробот на Тоше Проески, а потоа и куќата на родителите на Тоше на кои ќе им биде предадена првата испечатена марка со ликот на Тоше.
Свечената промоција на поштенската марка ќе се одржи во објектот на споменикот Илинден во Крушево.
Општинската организација на Црвениот крст од Крушево денеска ќе спроведе меморијална крводарителска акција во чест на Тоше Проески.
Црвениот крст на Македонија за крводарителите ќе подари маички со ликот на Тоше Проески.