
Македонскиот портал за информатичка технологија
ИТ.ком.мк, кој неколку години успешно работи на популаризација на интернет технологиите и нивна примена во скојдневниот живот, овој пат ги наградува најдобите ИТ проекти, компании и индивидуалци.
Од ИТ.ком.мк велат : “Како
медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и
креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој
сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и
инспирираме,
IT.com.mk за прв пат организира награди за најдобрите ,
иновативните и креативните умови и проекти од македонската ИКТ сцена во
2010 година.”
Премин Портал, номиниран во категоријата
.мк сајт на годината , го прифаќа фактот дека технолошкиот напредок донесе промени во начинот на живот, на навиките, на севкупната комуникација помеѓу луѓето. Нашето стојалиште е дека употребата на информациско-комуникациските технологии се алатка, која ќе ни овозможи брза, навремена, духовна и душеполезна интеракција со посетителите, каде и да се наоѓаат.