логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Не требаше ти да бидеш ударната вест. Требаше тоа место да и припадне на една македоно-астрономска културна случка – требаше да јават дека не една ѕвезда, туку цело соѕвездие се сронило од небото на македонската книжевност, дека се сторило прав и пепел земна, како што знаеше да каже уште еден великан, твој другар, Анте Поповски. Оти ти беше соѕвездие за нашата книжевност, магистрална изохипса на нашата духовна карта

Палавев пиев пеев
Зборој сеев ветрој жнеев
Најбогатник божем некој
цел се раздадов на веков
(Гане Тодоровски: Епитаф)

Дојде душовадникот. Вистинскиот. Дојде во саботата и на овој епитаф, напишан на хартија, му даде камена вредност, ја скамени хартијата. Ти, драг мој Гане (првпат не Ти велам „професоре“, оти демонстративно одбивам да ми бидеш професор по смрт, кога веќе ми беше професор по живот), како и многумина други великани, почина без да умреш. Ти всушност, дури и не почина, затоа што не може да почине некој што палавее во јазикот, некој што создава нови зборови, кова неологизми, ги расковува старите зборови што му останале во наследство од дедо-прадедо и ги прековува. Кога би се случило да умре Тој некој што на јазикот му ја дава душата, би требало да се каже дека и јазикот умрел. Умре дел од Палавецот што си игра со јазикот. А ти беше служител на Тој некој во јазикот. Ти беше еден од малкутемина што преостанаа, еден од тие што на македонскиот јазик му ја даваа душата, го негуваа и дење и ноќе, и на улица и во кафеана и во амфитеатар, и при ПЦОСТИ И НЕЖНОСТИ и при СПОКОЕН ЧЕКОР и при ТРЕВОЖНИ ЗВУЦИ , го негуваше тој јазик како мало дете, неродено уште во рацете Исусови. Не знам дали си го читал Слотердајк (не ги сакаше ти многу постмодернистите, ти личеа на „ебиветри“ и „шалабајзери“), но тој мене ме научи да разберам што ти всушност цело време работиш, а јас не го разбирав: ме научи, како и ти со жив опит, дека човек не се раѓа во гинеколошко-акушерска клиника, туку во својот јазик. Но Слотердајк не напиша, а и ти никогаш не ни кажа: ако човек се раѓа во својот јазик, каде тогаш умира? Умира ли надвор од јазикот, од својата татковина? И дали затоа напиша ти дека „Смртта е само чин на обично предавство“, оти да се умре безгласен, без јазик, значи да се умре без Татковина?

Ох, палав човеку што ГЛАГОЛИ – Слово меѓу гласовите, морфемите и зборовите на својот јазик! Колку само нé натажи сите нас, кои те јадевме како леб Христов, колку ни го снеубаве денот во саботата! Знаевме да муабетиме, да се потскараме, дури и луто да се спротивставиме, на работ од полемика да бидеме (поради некои што нам, на помладите, ни се чинеа недугави а тебе стамени); па сепак нé натажи. Има денови кога човек сфаќа дека не го ценел она што го имал додека било крај него и дека одеднаш прогледува, ја сфаќа неговата вредност, ама кога го губи. Во неделата, еден ден откако реши горко да се пошегуваш со нас, сите телевизии како прва вест јавија дека си починал. Но да ми простиш, не требаше ти да бидеш ударната вест. Требаше тоа место да и припадне на една македоно-астрономска културна случка – требаше да јават дека не една ѕвезда, туку цело соѕвездие се сронило од небото на македонската книжевност, дека се сторило прав и пепел земна, како што знаеше да каже уште еден великан, твој другар, Анте Поповски. Оти ти беше соѕвездие за нашата книжевност, магистрална изохипса на нашата духовна карта; ти беше човек-епоха, од форматот на Шеноа или Матош (и тие беа изврзани како тебе со сите и со сешто од нивната епоха); ти беше родител на многу нови, помлади поетски маглини. Го слушам и сега ехото на твојот глас кај многумина најмлади и млади поети, и уште долго ќе ги слушам, оти не може да умре играта во јазикот, никогаш.

Боему, скопјанецу, поету на делникот и на сите наши велики македонски празници и тажници, на сите наши подеми и падови: нé напушти тогаш кога литературата за некои станува, како што знаеше да кажеш ти - не секундарна, туку веќе терцијална стопанска гранка, кога веќе зборот е обезборен, а знакот обезначен. Кога сите пишуваат, а ретко кој напишува. Кога и ГОЛ И ГОРД стоиш пред еден суров свет, за кој ти секогаш, макар и во љубовна или интимна песна знаеше да уфрлиш понекој ред, да му се насмееш и наругаш. „Но молкот но молкот / зарем е нашата племенска одлика / што ни ја кити крвта / и ни ја насочува судбата“, знаеше да грмнеш во бол и гнев. Знаеше и вака, кога кажуваше социјални стихови за гастербајтерката од твојата улица: „Уште петиците да им ги оближеше / На оние мижитрепкај празноглавци / Дебелогазевци арамолепци севезден што им се дреме/ Мршојадци сештојадци никаквеци доушници / До што да беше конкурс ај трчај потпрашај / До кај да беше големец моли го та не домоли го.“ Ти беше глас на Рацина, на Вапцаров, на Смирненски, на Матош, на Ујевиќ и на другите боеми, на Крањчевиќ и на другите поетски пророци навредени до непроштевање од слепиот народ што го водат, ти беше и Шимиќ кога си го пишуваше епитафот (мислам два-три напиша) и ѕиркаше дали има нешто зад каменот закопан над челото и телото. Ти беше човек-каламбур, кој напиша: „О, Гане Гане, Оган е Гане“. И уште: „Ура Гане, ураган е Гане“. Ги всели и обичните, дури и „безобразните“ зборови во светиот храм на поезијата, што многумина го толкуваа како скаредност и антипоетичност, без да знаат дека поезијата, покрај тоа што гали, знае и да боли! И дека таа не е само иљач, туку и болест. И за неа треба лек!

А она што во овој миг најмногу боли е тоа што твоето отсуство е најприсутното нешто. Замина ти, можеби последниот од великаните на македонската култура, за кои и пееше и им посветуваше песни: Гешо, Жоро (Божиков), Анте, Петре, Варош, Солев, Митрев... Па сепак: светот и денес свети под силното сонце. Ден е, делник, твој ден. „Овде врз оваа педа земја питомина да плодиме / Овдека мајко овдека повторно роди ме. / Ако сме луѓе од ред кај џенем уште очи бараме / Семето сончево нас ќе нé зголеми“. Тој завет им го остави на Македонците, на твоите писатели–следбеници. Остави уште многу, но само еден помнам за ова лудо време кога некој сака да си игра каламбур со имињата на народите, да ги прековува и преименува: „Дај да се преименуваме / во икс и ипсилон / Та да нé толкуваат поедноставно - / со дигитрони / А ние како знаци поспокојно / да туркаме и нуркаме / по изохипсите и изобатите / на сопствените Вавилони.“

Слушате ли политичари? Слушате ли, обични луѓе? Слушате ли, наставници што ќе го предавате и натаму Ганета по гимназиумите и реформираните средни школи? Погледнете на небото: едно соѕвездие нема. На него уште долго ќе го гледаме отсуството на ѕвездите што го сочинуваа. Во тоа е утехата, ако утеха не е само обичен збор, како и животот.

Наслови на стихозбирки од Гане
П.С. Ги молам читателите да не испраќаат е-коментари на оваа моја колумна-емоција.

Авторот е универзитетски професор и писател
  
   
Автор: Венко Андоновски 

 Извор: Нова Македонија

Друго:

Гане Тодоровски:

ИЗБРАНИ ПЕСНИ

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2003
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2519
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная