Автор: Виктор Арсовски | |
Објавено на: 21.12.2009 | |
Првин бев изненаден бидејќи се работи за религија - идеја која не е толку поврзана со технологијата. Но, религијата е секојдневие. Интернетот исто така. Зошто да бидат одвоени, нели? За да не бидам сватен погрешно, во овој текст воопшто не зборувам за христијанството, содржината на порталот или верата. Знам дека имаме читатели од разни вери, со различни ставови, атеисти... Лично сум атеист. Но тоа воопшто не е важно. Важна е идејата за вклупување на тие елементи и комуницирање со луѓето во модерно ИТ време. „Разбирање, запознавање и дружење низ критичко размислување и воспоставување дијалог.“ вели порталот. Пример за интеракција се активностите на порталот на Facebook. Одлично е прифатен со 1.200 фанови. Преку Facebook порталот споделува слики, статии, разговара со фановите, споделува текстови...
![]()
Порталот е и на Twitter. Сервисот за микро-блогирање се уште е нешто ново за македонските корисници (неофицијално има околу 2000 корисници), но порталот е присутен и на таа друштвена мрежа. „...електронското издаваштво и on-line комуникацијата е солуција за интерактивно заземање на информативен, теоретски, научен, историски и културен пристап, создавајќи круг на оние кои ќе не читаат или ќе пишуваат за нас.“ вели порталот „Премин“. Најинтересниот дел од порталот, покрај споделувањето, аудио материјалите, видеото... се „Онлајн разговорите“. Има опција за поставување на прашање, па потоа некој од отците ќе одговорат, но „Онлајн разговорите“ се во реално време и можат да присуствуваат повеќе луѓе.
Порталот „Премин“ е одличен пример за комуникација меѓу една, во овој случај религиозна институција и луѓето. Вистински веб 2.0 дух. Извор: IT.com.mk |