логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Протаставрофор  Д-р. Александар Мустеников

РОДИТЕЛИТЕ И ЗАШТИТАТА НА НИВНИТЕ ДЕЦА
ОД ПЕКОЛОТ НА ДРОГАТА

krst.sneg.jpg
ВОВЕД

Со промена на општествениот систем, меѓу разните западни зла кои ја нападнаа нашата земја е и проблемот на дрогата. Некогаш дрогата кај нас претставуваше транзитен производ кој главно се користеше во западните земји. Така, во тие времиња,  дрогата беше единствено проблем на органите на безбедноста кои упорно се бореа да ги пресечат каналите за пренесување и тргување со дрога кои водеа низ нашата земја. Во последниве неколку години очигледно овој проток на дрога низ нашата земја постана поинтензивен со тоа што  еден дел од таа дрога најде место  и потрошувачи и кај нас. За ова ни сведочат секојдневно разните написи во весниците во кои триумфално се објавува  за некое наводно “откривање на шверц со дрога и успешно прекинување на каналите за пренос и тргување со дрога низ нашата земја”, како и  разните “несреќни случаи на умирање на млади луѓе од употреба на преголема доза на дрога”.
 Додека порано дрогата беше главно проблем само за органите на безбедноста и на релативно мал број на наркомани,  денес дрогата кај нас постана проблем на целото општество. Денес дрогата постана социо-патолошки проблем со кои се соочува целата наша земја. Денес дрогата кај нас е присутна на улиците, во клубовите, кафулињата, дискотеките а полека почна да се преселува и да наоѓа место и во училиштата и домовите. Трагична и крајно несреќна околност во сегашниве услови на општа криза во нашава земја е тоа што дрогата како социјално зло си создаде место во нашето општество. Но уште потрагично е тоа што нејзини заробеници и жртви главно се најмладите.
 
Кога младинец се дрогира и постанува зависник на дрогата, тогаш се случуваат огромни штети како по неговото здравје така и во целокупниот негов  психички и социјален  живот. Настануваат трајни повреди на сите витални органи на телото и психолошки се доживуваат пеколни искуства кои драстично го пореметуваат нормалното социјално живеење. Кога ова се случува, родителите стануваат збунети, разочарани и безпомошни. Не знаат што да направат, како да направат и како да ја водат борбата со “белата чума”. Не знаат како да им помогнат на своите децата. 
 
Оваа мое предавање е наменето за родителите со цел да им помогне да можат да ги разберат околностите кои допринесуват младите да посегнат по дрога. Целта е најпрво да ги снабди родителите со конкретни информации за тоа: а) кои причини условуваат децата да посегнат по дрога; б) кои се симптомите кои укажуваат дека детето се занимава или употребува дрога; в) какви дроги се употребуват кај нас и кои се нивните дејства. На крајот,  ако   тоа  се случи,  дава совети за тоа како треба родителите да се однесуваат и да делуваат во процесот на опоравување на нивното дете, зависник од дрога.
 Значи главната цел на ова предавање е да им помогне на родителите да го сознаат феноменот на наркоманијата,  односно  да научат како можат да ги препознават симптомите на употреба на дрога кај нивните деца во најраната фаза,  за да можат веднаш да делуваат,  за резултатите да бидат успешни.

Во последниот дел каде се говори за превентивата против ов зло, се користат совети кои се инспирирани од моралнито и социјално учење на нашата света православна вера. Пред ова предавање, сличен обид направи црквата “Св. Димитрија” од Скопје со печатењето на малата брошурка “Дроги - запознајте се со фактите и заштитете те се - соприте ги лажните соништа”.  Ова мое  предавање  е обид на нашата црква да продолжи во борбата против дрогата со поконкретни информации и со совети кои ќе понудат практична примена на истите.

 

ДРОГАТА - СОЦИЈАЛНО ЗЛО НА СИТЕ СТАЛЕЖИ

 Дрогата е зло кое не го одминува никој социјален сталеж. Зависни од неа стануваат и богати и сиромаси, студенти и средношколци, па дури и деца од основно образование. Праксата покажува дека многу деца кои се дрогираат обично доаѓаат од угледни или богати семејства, деца кои имаат добри оцени во училиште и имаат добри другари. Постои мислење дека деца на поимотни родители, деца кои се задоволени со се, полесно стануваат жртва на дрогата. Ова можеби во голема мера е вистина.  Но ова апсолутно не значи дека  деца на посиромашни родители се имуни на ова зло. 
Денешната пракса кај нас покажува дека деца и на посиромашни родители стануваат жртва на дрогата особено ако својата разочараност од немаштијата или безперспективноста во нивниот живот  се обидуваат да ја надминат со дрогирање. А дрогата не мора секогаш да биде скапа за да неможе да се употребува. Деца од посиромашен сталеж ако не можат да купат скапа дрога од уличните дилери, обично употребуваат синтетички дроги кои можат да се најдат во секое домаќинство. Најчесто тие вдишуваат разни спрејови, лепаци, бои  или слично.
Денес насекаде во светот, дрогата како социјално зло уништува голем број на луѓе. Претежно од неа страдаат младите а во последно време и децата. Но ова, не мора да биде вака. Постои надеж која ветува заштита на младите од ова зло. Таа надеж лежи во родителите. А за да можат родителите да постанат надеж и  главни  заштитници на своите деца, треба да го научат и сватат феноменот на наркоманијата. Треба да научат:
 
1)  Зошто младите  земаат дрога ?
2) Какви дроги земаат младите и какви се нивните ефекти по здравјето? 
3)  Кои се симптомите на младинец кога почнува да зема дрога?
4)  Како треба да се бориме,  младинецот зависник да го одвратиме од пеколот на дрогата?
5)  Како тече тој процес ?
6) Што треба да направиме за да превентираме дрогата да не постане дел од животот на нашите деца.
 


ЗОШТО МЛАДИТЕ ЗЕМААТ ДРОГА ?
 
Дрогата претставува средство за манипулирање на чувствата и свеста кај човекот. Дрогата е хемикалија која предизвикува искуство на екстаза од пријатни доживувања кај човекот. Додека човек е под нејзино дејство, кај него се потиснуваат проблемите од реалноста и единствено доминираат чувствата на пријатност. Затоа многумина кои пробале дрога велат дека е многу пријатно и забавно кога  се во наркотичен транс. Велат дека дрогата им овозможува да избегат од реалноста и за миг се преселат во свет во кој доминира мирот, спокојството, богатството на боите и убавината. Посебно млади кога ќе почнат да се занимаваат со дрога  претставуваат како скијачи кои се враќат на врвот на планината со надеж повторно да го доживеат тој прв многу возбудувачки спуст. Преку дрогата тие сакаат повторо да го доживеат тоа силно искуство на возбуденост, повторно да се вивнат од височините на планината и уште еднаш го повторат тој прв и највозбудувачки спуст. Тие велат дека тоа им се најпријатните чувства што тие воопшто во животот ги имат доживеано. Велат дека тоа е доживување кое е подобро од било што. Затоа кога ќе се фатат на јадицата на дрогата тие не ја гледаат цената што треба да ја платат за тие кратки сеанси на пријатен транс. Вовлекувајќи се во светот на дрогата, тие полека го менуваат целукупниот нивен живот. Така почнуваат да прават работи што дотогаш не ги правеле и постануваат морално индиферентни на основните морални правила. Почнуваат да лажат, да крадат, да бегаат од училиште, и се продаваат со цел уште еднаш да се качат на врвот на планината и го повторат тој возбудувачки спуст.
 
Понатаму, дрогата има две главни примамливи карактеристики.
 1) Дрогата ги прави луѓето да се чувствуваат добро.  Младинците кои поминуваат од деца во возрасни, во процесот на психофизичките промени се чувствуваат многу често збунети, осамени и со чувство на досада. Дрогата станува како лек за нивните чувства. Тие велат дека се чувствуваат подобро и дека дрогата им го прави животот поубав, повесел и поисполнет. Во контекст на ова, како главни и дополнителни причини за земање на дрога  најчесто се разните лични комлекси и незадоволства било тоа од физичкиот изглед, било тоа од околностите во кои живеат. За сите болки и проблеми во животот,  дрогата им изгледа адекватен начин на лекување. Таа ги прави да се чувствуваат подобро, макар и за кратко време.
 
2) Дрогата се прифаќа од младите затоа што секогаш кога ја употребуваат таа функционира, ги исполнува нивните очекувања. При секое дрогирање, дрогата секогаш им овозможува екстаза од пријтни доживувања. Додуша за да биде ефектот силен, тие треба полека да ја зголемуваат дозата. Но како и да е, колку сето тоа да претставува опасност, младиот  зависник од дрога е спремен да ја плати секоја цена, вклучувајќи ја и цената на сопствениот живот. 

Дрогата е хемикалија која ги прави луѓето зависни. Погрешно е мислењето дека од време на време може да се употребува дрога без да се постане зависен од неа. Во споредба со алкохолот, од сите оние кои консумираат алкохол, само 20% стануваат алкохоличари, додека од оние кои употребуваат дрога, 90% стекнуваат зависност. Затоа алкохолот е легален а дрогата нелегална. Инаку стручњаците за наркоманија и разните специјалисти за ментални пореметувања велат дека зависноста од дрога е условена  од коктел на  различни причини. Дали одредена личност кога ќе проба дрога, ќе постане зависник од неа или не,  зависи од низа фактори.
 
1) Биолошка предиспозиција.  Целосно е познато дека постои генетска предиспозиција за хемијска зависност. Искуствата и статистиката покажуваат дека некои деца стануваат побрзо зависни од други, од она што е нормално.  Тоа се деца на алкохоличари или на родители кои абсорбираат алкохол како дел од нивната секојдневна рутина.  Ако еден од родителите им е акохоличар тие имаат 50%  ризик да постанат зависници било тоа од алкохол било од дрога. Ако двата родитела им се алкохоличари, тогаш ризикот е многу поголем. На такви деца не треба да им се овозможува да експериментираат. Таквите деца не треба да се заплашуваат, туку  треба најотворено да им се објасни ризикот кој го поседуваат, ризик кој генетски ги условува со предиспозиции да постанат зависници било тоа на алкохол било на дрога.
 
2) Притисок од друштвото. Ова можеби е најголемиот мотив за земање на дрога. Младите имаат огромна потреба да бидат прифатени и да бидат дел од друштвото на своите врсници. Така,  ако другарите на вашите деца земаат дрога, постои можност и вашето дете да почне да зема дрога. Поговорката “со кого си , таков си” во овој контекст има апсолутна примена. Многу пати, деца со цел да не се делат од другарите, принудени се да прават работи што не сакаат да ги прават. За атер на другарите, или пак за да не бидат отфрлени од друштвото, прават работи кои можат многу да им наштетат. Ова се случува најчесто и со дрогата. Затоа треба да ги советуваме децата да не прифаќаат такви ризици и такви понуди. Треба да им помогнеме да го изразат својот карактер и позитивна слика за себе, бидејќи деца со позитивен однос кон себе подобро се снаоѓаат кога се притиснати од другарите.

 3) Родителски пример. Многу важен фактор кој условува дете да посегне по дрога е родителскиот пример. Децата обично го прават она што го гледаат.  Во многу фамилии алкохолот е нешто без кое не се може. Децата гледаат како родителите немаат моменти на радост и релаксација без алкохол. Ним обично им велат ти не смееш да пиеш, друго сме ние. Овој двоен стандард не пали кај децата. Тие не го прифаќат и следат таквиот совет. Тие обично го прават и подржават она што го гледаат.
 Примерот на употребата на алкохолот се смета како предиспозиција за земање на дрога затоа што децата учат преку алкохолот како да употребуваат хемикалии за да го променуват своето расположение и светот на реалноста. Така, кога се соочени со проблеми или пак се чувствуваат непријатно, преку алкохолот учат како да го сменат расположението. Оваа лекција не смеат да ја добијат преку родителскиот пример.

 4) Животни кризи. Како возрасните, така и децата треба да се борат со стресот и разните животни тешкотии и кризи. Така, било да се работи за болест, развод на родителите или промена на местото на живеење, секоја криза во семејството предизвикува бол. Овој бол не смее да се разбива со употреба на дрога.

5) Депресија.  Денес живееме во време на зголемена депресија кај сите луѓе. Економската криза, политичката криза, разните животни потешкотии, невработеноста, безпарицата,  и безперспективноста на иднината, условуваат  многу често и младинци да западнат во депресија. Депресијата е главна причина за посегање по дрога. Некои депресии се нормални кај тинејџерите. Тие се во години на огромни психофизички промени, така што многу лесно можат да западнат во потешки и подлабоки депресии. Др. Рос Кембал ги наведува следниве симптоми како почеток на депресија кај младинците. Тој вели: “ако детето не може подолго да го концентрира вниманието на одредени работи или пак лесно може да се збуни, тоа е знак на умерена депресија”.
 
Досадноста е нормална одлика на тинејџерите. Но ако децата чувствуваат подолго време досада, тие ќе барат стимулација. Статистиките покажуваат дека деца со мала фантазија и недоволна креативност се често во состојба на досада. Досадата може лесно да предизвика изразена депресија. Во состојба на изразена  депресија во која доминира досадата, младинец лесно може да посегне по дрога за стимулација или бегање од досадата.

Потешка депресеија е манијачко депресивна психоза. Тоа е депресија која се случува кога младинци имаат главоболки, стомачни болести, или притисоци и болки во градите. Во состојба на манијачко депресивна психоза, младинец и при најмал стрес или притисок постанува депресивно повлечен, најчесто со неконтролирано плачење или негодување за разно-разни основани или неосновани причини. Во состојба на ваква депресија, лесно се донесува одлука за земање на дрога бидејќи младите сметаат тоа е единствениот начин за лекување на болот.
 Др. Џон Балкам дава други симптоми на депресијата кои помагат да можеме полесно да ја познаеме депресијата кај младите. Тој ги класифицира симптомите на: ран период, среден период и опасен период.
 
Ран период: невозможност да се комуницира, претерано  спиење дење, бегање од друштво, попуштање на успехот во училиштето и  промена на навиките во јадењето.

Среден период: агресивност, брза промена на расположението, губење интерес за школување или работа, губење на пријатели, преокупација со разни жалења за нарушување на здравјето, промена на личноста.

Опасен пероид: губење на апетит, закани за самоубијство, подарување на вредни работи, преокупација со смртта, безпомошност, екстремна агресивност и  бегање.
 Младинци во овие состојби се носат со впечатокот дека животот им е тежок односно таков како што тие не го посакуваат. Во вакви состојби,  тие се замотуваат во емотивен кожурец на депресија и за многумина дрогата им изгледа единствениот излез од сето тоа.

 6) Родителски однос. Многу родители не ја сваќаат сериозно одговорноста на родителската должност. Многу од нив не се интересираат со време или не посветуваат доволно внимание кон своите деца. Со ваков однос децата не добиваат доволно и квалитетно внимание поминато со родителите. Родителите немаат створено топла и блиска семејна атмосвера во која децата ќе се чувствуваат сакани и уважени. Децата не ги имат покрај себе родителите кога им се потребни затоа што родителите или се  преокупирани со работата, со кариерата или пак  со  нивните  лични интереси и занимации.

 Др. Стивен Глен, поранешен директор на центарот за наркоманија во Вашингтон вели: “родителите прават најчесто две грешки и тоа или се премногу строги и ригорозни спрема децата или пак претерано меки. Но како и да е, во двата случаи децата не добиваат доволно љубов”.

 (Продолжува)

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2003
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2519
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная