логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА


АЕТМ и ДЗС во заедничка иницијатива за подобрување на квалитетот на статистичките податоци за е-трговијата во Северна Македонија
СКОПЈЕ, 11.07.2022: Како дел од напорите за подобрување на методологијата и квалитетот на податоците за е-трговијата, приближување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ и следење на трговијата во Република Северна Македонија во рамките на Спогодбата на ЦЕФТА, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Државниот завод за статистика, организираше тркалезна маса за дискусија на можностите и начините за подобрување на методологијата на податоците за е-трговија.
Една од главните причини за ваквата иницијатива, како што потенцираат организаторите, е недостатокот на податоци кои нашата земја може да ги понуди во европските извештаи за е-трговија, а се важен предуслов за утврдување на тековните состојби поврзани со е-трговијата во Северна Македонија и проекциите за нејзин раст и развој во иднина.
На тркалезната маса, која е организирана како прва заедничка активност на АЕТМ и ДЗС по потпишувањето на меморандумот за соработка, беше иницирана соработка и дискусија помеѓу релевантните институции кои во своето работење прибираат, анализираат и овозможуваат пристап до податоци за е-трговијата, организациите од невладиниот сектор и компаниите од бизнис секторот во областа на е-трговија, а во насока на донесување на конкретни акции кои секоја од засегнатите страни ќе се стреми да ги имплементира во следниот период.
- „За да може да се следи растот и рзавојот постигнат во е-трговијата  AETM уште во првата сеопфатна анализа од 2018 година ја нагласи потребата за поголем обем и подобар квалитет на прибраните податоци. За да имаме реална и релевантна слика за состојбата во нашата земја, за да знаеме каде сме и како прогресираме, да се споредиме со другите земји, да носиме информирани одлуки и препораки за преземање дејствија за натамошен раст, неопходни се квалитетни и сеопфатни податоци. Особено ќе го нагласам отсуството на податокот за уделот на е-трговијата во вкупната малопродажба, клучен индикатор кој би овозможил да го согледаме релативното учество на обемот на пазарот на е-трговија во малопродажбата, како и да направиме споредба со другите земји. Овој податок е значаен и за компаниите за да можат да го одредат својот пазарен удел. Исто растот на е-трговијата во потесна смисла на зборот, која ги опфаќа само е-продажбите со платежна картичка, се следи преку платежните статистики на НБРСМ кои во вкупната вредност на онлајн продажби ги вклучуваат и онлајн плаќањата на сметки за комуналии, како и владини услуги, па оттаму не може да се заклучи колкав дел од е-плаќањата всушност се направени во малопродажба. Од дискусијата со релевантните институции произлегоа неколку идеи и значајни заклучоци за подобрување на начините на прибирање на податоци за е-трговија, по кои ќе се преземат конкретни чекори во следниот период.“ – изјави претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска.
Од Државниот завод за статистика ја потврдија подготвеноста на институцијата да одговори на ова барање на засегнатите страни, но го потенцираа и проблемот за системски недостаток на потребните податоци.

- „ Државниот завод за статистика во согласност со Европските методологии спроведува две примерочни истражувања за Информатички и комуникациски технологии, нивното користење во домаќинствата и од страна на поединци и нивното користење во деловните субјекти, во кои е опфатена и е-трговијата, но ова се податоци кои опфаќаат само дел од аспектите на е-трговијата. Оттука, наша должност е заеднички да најдеме начин како посеопфатно да обезбедиме статистички податоци за обемот на стоки и услуги кои се набавуваат on-line, како и за обемот на финансиските трансакции кои се реализираат со е-трговијата. Сигурен сум дека денешната дискусија во голема мера ќе допринесе со идеи и предлози за постигнувањето на зацртаната заедничка цел - добивање на квалитетни и сеопфатни статистички податоци за е-трговијата.“ – потенцираше Апостол Симовски, директор на ДЗС.
Учесниците на тркалезната маса беа едногласни кога станува збор за заедничкиот интерес на сите засегнати страни од подобрување на квалитетот на податоците за е-трговија, а беа коментирани и разгледувани примери од земјите од соседството, но и од Европската Унија.
Централниот регистар на РСМ, Управата за јавни приходи и Царинската управа уште еднаш ја потврдија својата континуирана заложба во оваа област, покажувајќи ја нивната спремност во идниот период да ги воведат потребните измени со кои би се збогатиле податоците поврзани со е-трговијата во нашата земја, особено во делот на плаќањето на нарачки направени во странство.
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните институции и компаниите од секторот на е-трговијата кој е клучен за подигнување на свеста за потенцијалот на е-трговијата, постигнување напредок на полето на прибирање и анализирање на релевантни податоци за е-трговија и доближување до развиените земји.
# # #
ИНФОРМАЦИЈА ЗА УРЕДНИЦИТЕ
Со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата со релеватни податоци за е-трговија, претседателката на АЕТМ Д-р Нина Ангеловска и Директорот на ДЗС, г-дин Апостол Симовски потпишаа меморандум за соработка.
Со потпишување на меморандумот двете страни ќе се заложат заеднички да реализираат активности кои ќе придонесат за подигнување на свеста за значењето на е-трговијата, како и за надградба и прилагодување на прибирањето на податоци за е-трговија и за креирање на појасна слика за нејзината вредност и обем.

Press <Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција
Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 710
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 807
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1384
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »