Свештениците, монасите и владиците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) веќе нема да користат Facebook. По барање на владиката Петар, друштвената мрежа е официјално забранета, а во решението во писмена форма стои и рок до кога треба свештениците да се исклучат, пишува Нова Македонија.
Нема детални информации за казните за свештеници кои ќе користат Facebook, ниту зошто е воведена забраната, иако најчестиот одговор е дека предлогот е донесен откако некои владици на Facebook се впуштале во меѓусобни расправии, лични навреди и „дополнителни искушенија“.
Одлуката на МПЦ е спротивна со светскиот тренд на религиозни организации кои ги прифаќаат друштвените мрежи за комуницирање со верниците. Најпознат светски пример е папата Бенедикт XVI кој го испрати првиот твит преку iPad, а најдобар локален пример е
македонскиот портал Премин кој е активен на сите друштвени мрежи, вклучувајќи го и Google+.
-
„Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет“, вели порталот Премин.
Иако МПЦ предупредува Facebook да не ги замени црковните олтари, како што пишува Нова Македонија, забраната за многу свештеници е непотребна бидејќи преку друштвените мрежи комуницираат со верници кои се надвор од државата. Дел од свештениците, пак, нема да бидат засегнати со забраната, бидејќи не користат Интернет, ниту Facebook.
Извор: ИТ.мк
Друго: http://it.com.mk/it-mk-religija-20/
Рускиот Патријарх Кирилл: Мисијата преку Facebook — јавен пример за градење на интерактивен дијалог
25.10.2013 год.