Во Велехрад поставена краснописна изложба на македонски ракописи во чест на Св.Кирил и Методиј
Велехрад-Моравија, Чешка Република
Црква Св.Богојавление – Кирилка
Во рамките на прославување на 1150 годишнината од доаѓањето на Св. Кирил и Методиј во Моравија, во црквата Св. Богојавление - Кирилка во Велехрад е поставена калиграфската изложба Manuscripta Glagolitica од авторот Гоце Дуртаноски која изложба ги претставува македонските национални заедници од Европа во прославата на овој значаен јубилеј, во кој судејќи според програмата за оваа година се застапени земји од скоро сите континенти.
Оваа 2013 година Велехрад е „центар за културен дијалог меѓу Источна и Западна Европа„ врз основа на историскиот договор на Православната и Римо-католичката црква за прославување на Св.Кирил и Методиј – патроните на Европа.
За Преминпортал: ГГ Дуртаноски
25.06.2013 год.