ПОЧИТУВАНИ,
ВАШЕ БЛАЖЕНСТВО, ВАШЕ(И) ВИСОКО(И) ПРЕОСВЕШТЕНСТВО(А)
ДАМИ И ГОСПОДА!
ИМАМ ЧЕСТ И ЛИЧНО ЗАДОВОЛСТВО ДА КАЖАМ НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ ЗА ОДЛИЧЈЕТО-МЕДАЛОТ 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА-МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА.
СО СВОЈОТ ОБЛИК, ДИМЕНЗИИ, ПРЕСТАВИТЕ КАКО И МАТЕРИЈАЛОТ ОД КОЈ Е ИЗРАБОТЕНО ОДЛИЧЈЕТО СООДВЕТСТВУВА СО ИЗРАБОТКИТЕ ПРАВЕНИ УШТЕ ВО ВРЕМЕТО НА РЕНЕСАНСАТА. СПОРЕД ОСНОВНИТЕ ФАЛЕРИСТИЧКИ ПРАВИЛА МЕДАЛИТЕ ИМААТ АВЕРСНА И РЕВЕРСНА ПРЕДСТАВА И СООДВЕТЕН ТЕКСТ. МОЖАТ ДА БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО ЕДЕН ИЛИ ПОВЕЌЕ СТЕПЕНИ И ВО ДВЕ ФОРМИ И ТОА КАКО МЕДАЛ ЗА ГРАДИ И СТОЛНА МЕДАЉА.
МЕДАЛОТ Е ФОРМА КОЈА ТРАЈНО ГИ ИЛУСТРИРА ПОЛИТИЧКИТЕ, ЦРКОВНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ НА ЕДЕН НАРОД. ПО СВОИТЕ ЕСТЕТСКИ, УМЕТНИЧКИ И КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИ ЕЛЕМЕНТИ НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ Е ТОЛКУ ГОЛЕМО ШТО Е НЕДОСТИЖНО ЗА БИЛО КОЈ ДРУГ ПРОИЗВОД ОД ПРИМЕНЕТАТА УМЕТНОСТ.
ОДЛИЧЈЕТО 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ Е ИЗРАБОТЕНО ВО ФОРМА НА СТОЛНА МЕДАЉА ОД РЕДОТ НА СВЕТИОТ МАКЕДОНСКИ КРСТ, И КАКО ОФИЦИЈАЛНО ЦРКОВНО ОДЛИЧЈЕ СЕ ЈАВУВА ЗА ПРВПАТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ВАКОВ ВИД НА ОДЛИЧЈЕ НЕ Е НАПРАВЕНО СО ВЕКОВИ НАНАЗАД НА ОВИЕ ТЕРИТОРИИ. ВО НАША ПОБЛИСКА ОКОЛИНА ВАКВО ОДЛИЧЈЕ ИМА ИЗРАБОТЕНО ВО МИНАТОТО КРАЛСТВОТО ЦРНА ГОРА ЗА СПОМЕН НА УЧЕСТВОТО ВО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ. ВО ПОСОЧЕНИОВ МИНАТ ПЕРИОД ЗАПАДНОЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ И НИВИТЕ КРАЛСТВА КАКО И РУСИЈА,
МАСОВНО ГО КОРИСТАТ КАКО ОФИЦИЈАЛНА НАГРАДА ПО ПОВОД ДУХОВНО-СВЕТОВНИ ЉУБИЛЕИ, СЛАВЕЊА НА МИРОВНИ ДОГОВОРИ, ПОБЕДИ И ВОСTОЛИЧУВАЊА ОД НАЈРАЗЛИЧЕН ВИД КАКО И МНОГУ ДРУГИ НАСТАНИ.
МЕДАЉАТА, 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА-МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ИЗРАБОТЕНА СО ТЕХНИКА НА КОВАЊЕ ВО Т.Н. ПРУФ ТЕХНОЛОГИЈА.
ИМА ОБЕМ ОД 60 М.М., ДЕБЕЛИНА ОД 7,2 М.М. И ТЕЖИНА ОД 180 ГРАМА. МЕДАЉАТА ВО ОСНОВА НА АВЕРСОТ ИМА ПРЕСТАВА НА СВЕТОТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ, ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ, МОТИВ КОЈ Е ЗЕМЕН ОД ИКОНАТА НА ОХРИДСКИТЕ МАЈСТОРИ ИКОНОПИСЦИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА 14 ВЕК. ВОЕДНО ПРЕДСТАВАТА БИЛА И ПЕЧАТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА. ОКОЛУ ПРЕДСТАВАТ НА БЛАГОВЕШТИЕТО Е ИСПИШАНО: ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-МАКЕДОНСКА ПАВОСЛАВНА ЦРКВА. НА РЕВЕРСОТ ОД МЕДАЉАТА ПРЕСТАВЕНА СТИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ КРСТ ОД МАНАСТИРОТ ВЕЉУСА ОД 11 ВЕК ПОТОЧНО ОД 1085 ГОДИНА, ОКOЛУ КОЈ СТОИ НАТПИСОТ: 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ.
ИСТИОТ КРСТ СЕ НАОЃА И НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ГРБ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА.
РЕДНИОТ БРОЈ НА МЕДАЉАТА, ЖИГОТ ЗА ЧИСТОТА НА МЕТАЛОТ, ДРЖАВНИОТ ЖИГ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ, ЖИГОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ГС-220 И ЖИГОТ МНС СЕ ВТИСНАТИ НА РЕВЕРСНАТА СТРАНА НА МЕДАЉАТА. ПРВИОТ РЕД НА МЕДАЉАТА “45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ” СПОРЕД ЗАКОНСКИОТ ТЕКСТ ИМА ЗЛАТНА, СРЕБРЕНА И БРОЗЕНА КЛАСА А ДОЗВОЛЕНО Е ДОДЕЛУВАЊЕ И НА ТАКАНАРЕЧЕНА БРИЛИЈАНТНА КЛАСА. СО ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ СЕ ДЕФИНИРАНИ И ПРОПРАТНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ НА ОДЛИЧЈЕТО КОИ СЕ ДОДЕЛУВААТ СО НЕГО.
ПОВЕЛБАТА СЕ ДОДЕЛУВА СТАВЕНА ВО КОЖЕН ТОБОЛЕЦ А УКАЗОТ ВО КОЖНА ПАПКА. ПОВЕЛБАТА Е ОТПЕЧАТЕНА ВО А2 ФОРМАТ СО ЗАКОНСКИ ОПРЕДЕЛЕН И ЗАШТИТЕН ДИЗАЈН. ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ПОВЕЛБАТА СТОИ ЗАКАЧЕН СО ЛЕНТА ВО НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНО-ЖОЛТА БОЈА ФЛУКТИРАЧКИ ВОСОЧЕН ЖИГ СО РЕВЕРСНА ПРЕДСТАВА НА ОДЛИЧЈЕТО.
ПОВЕЛБАТА ГИ СОДРЖИ СИТЕ АДМИНИСТРАТИВНИ ФАЛЕРИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ. КУТИЈАТА ВО КОЈА Е СМЕСТЕНО ОДЛИЧЈЕТО-МЕДАЉАТА Е ИЗРАБОТЕНО ОД ИСТА КОЖА КАКО ТОБОЛЕЦОТ И ПАПКАТА И НЕЗИНАТА ГОЛЕМИНА Е СОГЛАСНО ГОЛЕМИНАТА НА МЕДАЉАТА.
СТОЛНАТА МЕДАЉА КАКО И СИТЕ НЕЈЗИНИ ПРОПРАТНИ ЕЛЕМЕНТИ СЕ ИЗРАБОТЕНИ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКАТА КОВНИЦА “ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА” ОД СКОПЈЕ, КОЈА ИСТО ТАКА УЧЕСТВУВАШЕ ВО ИЗРАБОТКАТА НА СЕДУМ МЕДАЉИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
СО СВОЈАТА 70-ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА И ИСКУСТВО КОВНИЦАТА “ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА” ГИ ИЗРАБОТИ ДО ПЕРФЕКЦИЈА МЕДАЉИТЕ СО СИТЕ ПРОПРАТНИ ЕЛЕМЕНТИ.
БЛАГОДАРАМ!
Друго:
- МПЦ одликува15 бизнисмени,академци,професори по повод 45-годишнината од автокефалноста (04.06.2013)
- Академик Катица Ќулавкова: Доделувањето на одличјето ’Столен медал со Македонскиот крст’, на МПЦ
- http://macedoniancross.com.mk/default.aspx