Здружението на граѓани ХАЕ Македонија одржа Хуманитарен концерт по повод одбележување на светскиот ден на ХАЕ на 18 мај, на Школка во парк. На концертот волонтерски настапија хор Св. Злата Мегленска, Наталија Славева, Ангелина Стојановска, , Игор Узунов, Ања Ветерова, Балетско студио ЕУРЕКА, Сара Маркоска, Игор Митровиќ, Наде Талевска, Бојана Антанасовска, Александар Белов, Културно уметнички работници, Тотално опуштање и dj Андреј Анчевски.
Во пријатна, опуштена и топла атмосфера на убав и забавен начин се слушна гласот на пациентите заболени од ХАЕ, и се упати апел да се направи чекор понапред во обезбедување терапија за болеста и во Македонија.
Студентите од Медицинскиот факултет, членови на ЕМСА и активисти на Младинскиот образовен форум имаа штандови на кои се поделија информации за Хередитарниот ангиоедем, ХАЕ. Тоа претставува ретко генетско заболување кое се манифестира со отоци на различни делови од телото (екстремитети, лице, внатрешни органи за варење грло итн.) од кои некои може да доведат до животозагрозувачка состојба. Се претпоставува дека 1 во 10000 – 50000 луѓе се заболени од ХАЕ без разлика на нивниот пол, национална припадност и сл.
Во прилог Ви испракаме фотографии од реализираниот концерт.
Лица за контакт:
Наташа Јовановска, претседател на ХАЕ Македонија, 070 728 420
Наташа Анѓелеска, односи со јавност на ХАЕ Македонија, 070 328 849