логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


Во храната се кријат многу опасности

ПОНУДАТА НА ХРАНА ВО МАКЕДОНИЈА

Појадок - овесни снегулки, ужина - мусли, вечера - интегрален сендвич со сок без шеќери и сето тоа, се разбира, купено од продавници за здрава храна. Иако на прв поглед оваа листа на јадења „пука“ од здравје, не значи дека сето ова е навистина здраво.

Она што во 1980-тите беше продавано во продавниците за здрава храна се однесуваше на макробиотичка исхрана. Со време овие продавници станаа популарни, а трговците тоа го искористија и асортиманот го проширија на некои индустриски и пекарски производи.

Сега во повеќето продавници за здрава храна само два проценти од продуктите можат да се наречат „здрави“. Но купувачите стекнале доверба, па таму купуваат сѐ, па и слатки прелиени со чоколада.
- Митот дека во Македонија јадеме најздрава храна треба да се преиспита. Кај нас никој не контролира во согласност со европските стандарди. Трговците успешно се кријат зад називот „здраво“, „био“, „природно“ и „органско“, па продаваат и продукти што не се толку пожелни за организмот. Така е и со продуктите што во називот имаат збор „интегрално“. Што да се рече, пак, кога се работи за пласман на пазарите во државата? Веројатно никому не му е грижа. Пестициди што одамна се на црвената листа и забранети во Европа, тука сѐ уште се продаваат - вели Горан Саздов, генерален менаџер во „Динамик консалтинг“.

Од технолошка страна, многу е полесно да се направи печиво или пекарски производ што е од бело брашно, затоа што побавно се расипува, полесно нараснува и лесно се меси. Тогаш тоа производителите на разни начини го бојат, за да се стекне впечаток дека станува збор за интегрално или црно брашно. Стапчињата, плочките и другите „здрави“ грицки се полни со сол, масти и бело брашно. Исто така, сите грицки главно се печени со индустриски маргарин, што значи дека имаат висока содржина на масти и некои видови киселини што се штетни. Фабрички направените мусли, пак, главно ги сочинуваат овесни снегулки, кои се поевтини и се со лош вкус. За да се поправи вкусот, производителите ставаат многу шеќер и други адитиви.

Непринципиелни реклами

Секоја реклама има само една цел - да го продаде производот. Во „потрагата“ по купувачи, авторите на огласот не се стеснуваат ниту јавно да употребат невистина. Злоупотребите во рекламирањата се чести и опасни, особено кога храната е во прашање. И во Македонија, меѓутоа, „целта ги оправдува средствата“, па под етикетата „здраво“ лажно се промовираат дури и продукти за најмладите.

- Луѓето се под постојан маркетиншки притисок дека треба здраво да се хранат. Тоа ги одведува во продавници за здрава храна. Со агресивни маркетиншки кампањи, купувачите многу често се доведуваат во заблуда - вели Симеон Трајковски од консалтинг-компанијата „Протект плус“.

Се одело толку агресивно и нападно што не се водело сметка за квалитетот на производот што се нудел, до тоа дека намерно се скривале лошите страни на тие производи, нагласува Трајковски. Тој порачува дека треба да бидат покренати прекршочни или кривични постапки против оние што ги злоупотребуваат правата на потрошувачите тие да бидат доволно и квалитетно информирани за услугите и стоките што ги купуваат.

За да се спречи измамата на потрошувачите, многу земји со години наназад имаат свои закони и стандарди, кои не само што ги регулираат производството, квалитетот и здравствената исправност на сета храна што се продава туку постојат и посебни закони што одредуваат која храна може да се продава под името биохрана.

- Сертификатите од овластени компании дека тоа навистина е биохрана сѐ уште не заживеале, така што нема гаранции дека се купува навистина био. Правила мора да има и сите треба да ги следат, и производителите и трговците. Кога некој веќе се одлучил да прави бизнис и да се занимава со производство и промет со храна, потребно е да инвестира во тоа што го работи и да воведе безбедносни стандарди - посочуваат од Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Измешани ингеренции

Почвата е загадена со тешки метали и хемикалии, реките и каналите ни служат како одвод за непрочистени фекални и индустриски води, а воздухот е загаден со штетни гасови. Оваа состојба постојано се констатира, а не се решава. Згора на сѐ, на пазарот на храната владее хаотичност и конфузија. Кој треба да го контролира тоа, дали Ветеринарната инспекција или Дирекцијата за храна, се чини дека е доволно за да се заклучи дека рашомонијадата ќе потрае.

- Дека консумираме лоша храна, тоа е факт, со оглед на стандардот и куповната моќ што ја имаме, друга опција ни е гладувањето. Навистина е жално, но е вистинито. Некои наши граѓани свесно купуваат храна со сомнителен квалитет оти економската сила не им дозволува можност да избираат подобра и побезбедна - посочува скопјанецот Кирил Костадиновски.

И гостиварецот Кемал Махмути се сомнева во исправноста на многу работи. Тој, пак, особено се осврнува на земјоделските производи. Земјоделците, вели, воопшто не биле запознаени ниту каков препарат бараат ниту каков користат, оти најмногу ги интересира цената, а не и тоа со што ги прскаат доматите, пиперките или компирите, сеедно.

- За она што го купуваме на пазар, само господ нека ни е напомош. И јас продавам зеленчук, ама знам што продавам. Коса ми се крева на глава кога ќе видам што прават некои. Им кажуваат едно во аптека, тие прават друго. Згора на сѐ, купуваат инсектициди донесени којзнае од каде - посочува Кемал.

Класификација на храната

Кај нас нема точна класификација кој леб е интегрален, а кој не. Се менуваат имињата на лебот, а составот е ист. Сеедно дали е интегрален, диетален, `ржен или леб со зрна, производот содржи 95 проценти бело брашно. Остатокот се трици, прехранбена боја, адитиви, шеќер и конзерванси.
Неправилното именување е штетно за дијабетичарите и за срцевите болни. Ним од користење ваков леб здравствената состојба не им се подобрува. На едните, наместо да им го регулира шеќерот во крвта, им го зголемува, на другите, пак, им ги зголемува маснотиите во крвта. Сепак, не се само тие погодени. Страдаат и лицата со други заболувања, оние со алергии и со вишок килограми.

- Најсигурен начин потрошувачот да биде заштитен од лажен интегрален производ е на декларацијата да пишува дека тој производ е направен од интегрално брашно тип 1000 или 1100 - велат од Здружението на пекарски работници.

Жестоката конкуренција и борбата за превласт во индустријата со леб прават да се копираат брендови и да се фалсификуваат амбалажи на производите. Тоа многупати доведува до забуна кај граѓаните.

Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и од проектот SCOOP


--------------------------------------------------------------------------------

Не се купува сѐ на мерење

Што смее да се продава рефус е одредено со правилници, но тие не се почитуваат секогаш. Така, забрането е да се продава пудинг на мерење, туку само во оригинални пакувања. Освен пудинг, забрането е да се нудат рефус шеќер, кафе, сол, масло, маргарин, мајонез, оцет, пекарски квасец, премази, кечап, сенф, сосови, зачини, скроб и производи од скроб, какао во прав, чоколада во прав, тестенини, брашно, гриз, смрзнати теста и производи од брзо смрзнато тесто, лебни трошки, смрзнато овошје, пастеризирано овошје и кашички од овошје, овошен сируп, компот, слатко, џем, мармалад и овошно желе.
Трговците можат да продаваат рефус чаеви, кекси, бонбони, чајни печива, солени печива, семки...


--------------------------------------------------------------------------------

Вегетаријанци

Во Македонија само еден од илјада луѓе во последните две години се хранел според макробиотичкото или вегетаријанското мени. Дури и во земјите што се поприврзани кон тој начин на исхрана, бројот на луѓе што се хранат на тој начин не надминува два отсто.


--------------------------------------------------------------------------------

Органското не е поздраво?!

Органските продукти се произведени без вештачки ѓубрива, пестициди и хемикалии, кои штетат на здравјето. Но сепак спорно е каков ефект има на здравјето таа органска храна. Дури и во развиените земји, како што е Британија, кога правеле анализи за влијанието на органската храна на здравјето, дошле до заклучок дека таа храна немала многу поголем ефект на здравјето отколку другата храна.


--------------------------------------------------------------------------------


  
   
Автор: Александар Србиновски    Фотографија: Маја Јаневска-Илиева  (Nova Makedonia)



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција
Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 898
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 978
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1601
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Беседи

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

Мораме да го слушаме Господ и да го правиме она што Господ ни заповеда и тогаш нема да ни требаат чуда за да веруваме! Верата доаѓа од срцето! Кога човек...

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

Она за што друго сакав да споделам, е за стравот во светот од сè и сешто и барањето на еликсирот за вечен живот или поточно долгоденствие за нас „емигрантите од...

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

    Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го...

ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“

ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“

 Денес, во времето на една општа криза што го допира секој сегмент од живеењето на луѓето, темата за радоста е значајна и актуелна. Сама по себе, темата не е нова,...

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го...

« »