05 август 2016 лето Господово
Археолозите пронашле докази за големо излевање на реката Хоангхо во 1920-та година пред Новата ера,244137.b.jpg кое довело до подигање на нивото на водата за 38 метри и предизвикало „голем потоп“ за време на императорот Јуј од династијата Сја.
Група археолози под раководството на Цин Лун од Пекиншкиот Универзитет, пронашла докази дека кинеските легенди за големиот потоп се вистинити. Ова откритие било направено за време на испитувањето на трагите од второто илјадалетие пред нашата ера, сочувани на брегот на реката Хоангхо, при устието во Западна Кина.Тука научниците нашле необични наноси во вид на црн песок кои зборуваат за силни млазови на вода. Тие млазови на вода некогаш толку моќно поминале низ устието што го разориле брегот на реката, оставајќи зад себе многу камчиња, песок и карпи коишто се отцепиле од коритото.
Оваа појава можела да биде предизвикана, според мислењето на археолозите, само од опсежно лизгање на земјиштето, кое го прекрило течењето на Хоангхо и на тој начин се создало гигантска природна брана, висока околу 200 метри, благодарение на која на погорниот тек на реката Хоангхо се појавил природен резервоар за вода. Исто така, забележано е дека по 8 – 9 месеци водата го достигнала врвот на браната, ја урнала браната и се упатила надолу, бришејќи сѐ на својот пат. Како последица на ова, нивото на Хоангхо моментално се зголемило на 38 метри. Ширината се зголемила неколку пати.
Потопот бил навистина толку моќен и долготраен што ги потопил сите населби коишто се наоѓале на 25 км. од коритото на реката и тоа довело до глобални културни и политички промени во Кина.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир