Скопје, 13 ноември (МИА) - По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде одржана деветтата по ред манифестација АСК-Архитектура Скопје 2007.
Се работи за изложба на која ќе бидат презентирани 14 труда, реализирани објекти, ентериер и проекти, кои се избрани од пристигнатите дваесет труда. Селектор на делата за годинашната манифестација е архитект Миодраг Радоњиќ-Бато.
На 19 ноември жирито на АСК ќе ја додели Наградата за архитектура на Град Скопје за 2007 година и уште неколку признанија. Според правилата на АСК, наградата се доделува за изведен објект на територијата на Скопје во оваа година. хс/паг/9:25