логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 На патот Скопје - Берово - Скопје вклучените автомобилски светла ќе ви изедат од три до пет леба. За овие четири и нешто години откако се применува одредбата за возење и со сонце и со светла, Македонија веќе платила над 30 милиони евра, а ЈСП-Скопје еден цел милион

 

 

Дома, колку повеќе вклучени светилки, струјомерот повеќе ќе врти и ќе платите поголема сметка, а кај возилата, колку повеќе вклучени електропотрошувачи и попразен акумулатор, толку алтернаторот ќе работи под поголем напор и ќе го кочи моторот, па ќе треба да додавате повеќе гас, и еве ти неколку капки повеќе потрошено гориво. Неколку капки, во стотици илјади возила, тоа се милиони литри потрошени од светлата. Причина за големите суми е ниската ефикасност на моторите на нашите возила. Од 100 литри потрошено гориво, околу 70-80 ни исчадуваат низ ауспухот и ладилникот, а само 20-30 се претвора во механичка работа - таа што нé вози или од која може да произведеме струја. За 1 киловат-час струја во светилката, алтернаторот ќе потроши над 2 киловат-часа механичка енергија од брегастата оска, а притоа моторот ќе потроши нови над 1 литар гориво. Значи, струјата во возилото е дваесет и пет-шест пати поскапа од струјата што ја плаќаме кон ЕВН.

Македонскиот возен парк годишно поминува над 3,2 милијарди километри, за време од 52 милиона часа, од кои 40 милиони се денско возење. Запалените кратки светла, со моќност од 160-220 вати, годишно денски ќе потрошат 7 гигават-часа струја произведена од алтернаторот на возилото, за кои ќе се потрошат 5 милиони литри гориво, за што граѓаните ќе платат 5-6 милиони евра. Дополнително за амортизација на светилките и другата опрема ќе треба да се плаќа речиси еден милион евра за година. За овие четири и нешто години, колку што е во примена одредбата за денски светла, Македонија веќе платила над 30 милиони евра. Тоа се несоборливи факти од студиска анализа, презентирана во Македонската енергетска асоцијација.

На патот Скопје - Берово - Скопје светлата ќе ви изедат три леба. Апсолутно точно! Три леба може и да се малку. Ако возите лесно возило, светлата ќе ви потрошат 2,2-3,35 леба, со автобус или шлепер на тој пат ќе потрошите 3,5-5 леба. Истото ќе ви се случи и ако патот од Ѓорче до Аеродром го заминете три-четири пати. Македонија годишно троши околу 450 милиони литри бели деривати во патниот сообраќај. Денските вклучени светла ќе потрошат дополнително уште 0,88 – 1,33 отсто.

Најголемиот производител на мотори во светот „Џенерал моторс“ тврди дека ефикасноста на горивата од вклучените светла се смалува за 0,25-0,5 милји/галон, односно 0,9–1,7 отсто. А кај нас е 0,88-1,33 отсто. Во Бугарија со 2,8 милиони (7 пати повеќе од кај нас), дури 38 милиони литри гориво за година се трошело поради денските вклучени светла. И ова се совпаѓа со моите пресметки. Годишната средна глоба што ја плаќаме поради возењето и со сонце и со светла, за лека кола изнесува 40-80 евра, за такси 360, линиски автобус околу 400, шлепери до 500 и градски автобус над 600 евра/година.

Најзагрозени се градските автобуси и такси-возилата (особено во Скопје), кои цел ден возат во метеж, а во гаража одат само за поправки. Градски автобус повеќе стои на постојки и на семафори одколку што патува.

Автобусите на ЈСП-Скопје лани поминале 15.867.000 километри за 851.273 саати возење и потрошиле 6.086.710 литри гориво. Денските вклучени светла ќе потрошат над 210.000 киловат-часа, за кои би се потрошило исто толку литри гориво. Значи, ЈСП годишно плаќа за денските светла над 200.000 евра/годишно, или од примената на законската одредба, досега платиле милион евра. И автобусите и такси-возилата имаат живи бои, се движат на релации со ограничени брзини, така што светлата се непотребни.

Владата ги задолжи градоначалниците на Скопје и на општините да дадат отчет за енормно загадениот воздух. Но тие не можат да го сменат релјефот, како и природната и вештачката топографија - Градски ѕид, Порта Влае, Дебар Маало... Не можат да влијаат на метеоролошките услови, да се борат против температурната инверзија, која го устојува загадувањето, да произведат провев, не можат да го запрат „увозното“ загадување и сл. Но нешто можат! Во извештајот до Владата, покрај сите други мерки, ги охрабрувам градоначалниците да допишат: енергетската асоцијација на Македонија со студиска елаборација од енергетски-еколошки-економски-сообраќаен аспект докажа дека денското возење со вклучени светла троши годишно над 5 милиони литри гориво, од кои речиси половина во Скопје. МВР докажа дека од светлата нема безбедносни придобивки, дури има и негативни. Над 90 отсто од сообраќајките се случуваат поради неприспособената брзина. Со предлог-измените на Законот за безбедност во сообраќајот (полагање за возачки од 18 на 16 години и кружните текови) да се додаде и предлогот на Енергетската асоцијација испратен до МВР - во Македонија денски со вклучени светла да се вози од 15 ноември до 15 март, надвор од населено место. Овој предлог не ги засега европските директиви, најмногу ќе ги релаксира Скопје и другите градови, а ќе донесе еден куп други придобивки. И пазете! Сите тие придобивки се без пари и без дополнителни мерки и обврски. Единствен мастраф ќе биде во парламентот да се дигнат повеќе чифта раце истовремено.

Во Холандија, Германија... не се вози и со сонце и со светла. Австрија и Хрватска во 2007 година воведоа обврска за денско возење со вклучени светла, но поради зголемениот број сообраќајки Австријците веднаш ја укинаа, а Хрватска од оваа година направи измени, како и во Бугарија и денски со вклучени светла се вози само зимно време надвор од населено место.

Авторот е енергетичар-екологист   
   
Автор: Љупчо Гаштеовски    

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1213111012128&id=13&prilog=0&setIzdanie=22454

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1063
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2636
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

04/06/2025 - среда

Светиот маченик Василиск; Вториот Вселенски Собор; Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски; +Светиот кнез Јован Владимир;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная