Август 2001 год...
Уште еден ( од многуте кои подоцна ќе следат ) период на премрежја во Македонија...но и период на почеток на "зората на духовното будење" за многумина...Каква радост за еден млад човек( боготражител ) донесе излегувањето од печат на првиот магазин за духовни вредности " Премин"..На првата страница цитат:"Затворено ти е срцето? Преиспитај се".
Откровение..предизвик...тага но и надеж! Скоро ќе се навршат 20 години од мојата прва средба со "Премин"..И секој пат сите овие 20 години средбата е иста..радосна,топла,љубовна...како што и доликува на искрени и долгогодишни пријатели🙂.
Декември 2020 год...После 20 години дружба со Премин и 15 години сајбер дружба со Преминпортал благодарам за укажаната доверба за соработка и се надевам дека сите преводи на текстови ќе бидат од духовна полза за многумина.
Избор од фб профил на Simeon Stefkovski
Друго:Декември 2020 год.
с.Љубанци, (скопско), 8ми декември 2020 лето Господово- манастир на св.Никола
Преминпортал (к.т.)