(Обновено)
Човект треба да биде многу претпазлив кога дискутира на социјалните мрежи. Самиот медиум е многу специфичен и знае да создаде нестварен психолошки амбиент, во кој учесниците често губат осет за тоа дека комуцираат со живи и конкретни човечки личности. Ако последните децении човекот сакаше да создаде компјутер што ќе наликува на човек, социјалните мрежи неочекувано создадоа заменска стварност во која луѓето стануваат носители на својства на компјутер. Личноста се сведува на „единици и нули“ преку коментарите што во даден момент, во даден контекст и при дадено расположение ги „постира“.
Стварноста на социјалните мрежи е црно-бела. Вистинскиот човек не постои, туку едниствено неговиот дигитален холограм редуциран до непрепознатливост. Првичен симптом на ваквата стварност е исклучувањето на возможноста за било каква сериозна и задлабочена дискусија. Во тој свет дијалектиката е утопија, критичкото мислење е речиси невозможно, дистракциите диктираат расплинетост и површност. Се на се, социјалните мрежи се корисни за пренесување информации, за изразување на појдовни размислувања, гледишта и ставови, но се потполно неадекватни за продуктивна дискусија.
Избор од ФБ профилот на: д-р Милан Ѓорѓевиќ
30.05.2018 лето Господово