На 8 јануари 2018 година, кога Црквата го слави Соборот на Пресвета Богородица, во соборниот храм на Свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На 8 јануари / 26 декември го славевме споменот на Соборот на Пресвета Богродица
На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.
On 8 January / 26 December we commemorated the Synaxis of the Holy Mother of God
On the second day of Christmas the Christian Church glorifies the holy Mother of God, Who gave birth to our Lord and Saviour Jesus Christ. This feast is called the Synaxis of the Holy Mother of God as on this day the faithful gather to pay homage to Her, Who is the Birth-giver of God. The whole community celebrates Her at the glorious church service in Her honour. In ancient times in Ohrid there was a practice the vigil before the second day of Christmas to be held only at the Church of the Holy Mother of God called Chelnica. Here all clergy and people together venerated the Most Pure Mother of God.
Самиот термин – собор, или изворно – синаксис [син-аксиос = со-достојно, исто така достојно], ја доловува и суштината на празнувањето. Една кратка паралела ни нуди поопширен увид во плиромичната православно- вечноактуелна еклисиологија: имено, Црквата секогаш по славењето на некој значаен настан или личност за спасението на човекот, одлучува да слави собор на некоја личност која е тесно поврзана со соодветниот настан, односно личност. На тој начин се гради една света самореферентна потврда на спасението возглавено од Оној Кој на дрвото пострада за нас. На пример, Соборот на свети Јован Крстител се празнува ден по Богојавление (Теофанија), сведочејќи дека светиот Јован Крстител одиграл содостојна улога во јавувањето на Оној Кој Еден Е, а сепак Троица Се. Соборот на свети архангел Гавриил пак, се слави ден после Благовештението, утврдувајќи ја неговата клучна улога во објавувањето на христоблагата вест за зачнувањето на Оној Кој безвремено сопостои со Отецот.