логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Скопје, 6 октомври (МИА) - Со проекција на „Црешови цветови-Ханами“, повеќепати наградуваниот филм на Дорис Дери, вечер во кино „Фросина“  свечено ќе биде отворен петтиот Фестивал на новиот германски филм во Македонија.

Фестивалот ќе трае до 12 октомври и ќе има по две проекции дневно, од 19 и од 21 часот, а како што најавија организаторите, покрај актуелните продукции и различните жанрови, фестивалот ќе биде и преглед на 60-годишната германска филмска историја.

Во рамки на фестивалот, на 9 октомври ќе биде одржана тематска вечер -„60 години Сојузна Република Германија / 20 години од падот на Берлинскиот ѕид“, ќе биде прикажан документарниот филм „Како падна ѕидот“ и „Мојот ѕид“ - пет наградени филмови на Берлиналето за краток филм 2009.


Гостин на фестивалот е Клаус Штерн, режисер на документарниот филм „Сонот на Хенер“. Тој на 10 октомври ќе присуствува на проекцијата на својот филм.


Фестивалот на новиот германски филм свечено ќе биде затворен в понеделник со концерт на „Маракеш оркестра“ од Дрезден.

Како и минатата година, фестивалот ќе се одржува во Скопје, Тетово,  Битола и во Штип, а првпат годинава германскиот филм ќе биде претставен и во Прилеп. Организатори се Германската амбасада, Гете Институтот - Скопје, ПроКредит Банка и Младинскиот културен центар. хс/дма/8:34



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie