логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје ќе добие и археолошки парк

Просторот околу комплексот црква Пресвета Богородица која се наоѓа на платото кај старата меѓуградска станица спроти МАНУ, во центарот на Скопје ќе прерасне во плоштад кој ќе се протега до Кејот на Вардар. Покрај црквата е предвидено истакнување на темелните остатоци од старата црква "Света Мина" како еден археолошки парк, а ќе се постави и споменик на првиот македонски архиепископ г.г. Доситеј. Ова е предвидено со новите измени на ДУП за дел од Урбан Блок Пресвета Богородица со кој се менува единствено висината на објектите што се предвидени да се градат покрај Кејот на Вардар од 17 метри на 10 метри.
-Станува збор за мало планче во кое останаа вцртани старите маркички, единствено се менува висината на објектите што се наоѓаат покрај Вардар, но не и оние во внатрешноста. Сметавме дека целиот простор што се наоѓа на земјиште сопственост на МПЦ треба да добие нова димензија со тоа што ќе биде плоштад. Улицата со која се граничи и каде во моментов се паркираат автомобили ќе се затвори и ќе се пренамени во пешачка патека, а за паркирање ќе се изградат подземни гаражи кај зградата на МАНУ. На аголот кај Академијата се предвидува и маркичка за изградба на резиденција за официјални приеми на поглаварот на МПЦ - информираше главниот планер Благоја Тагасовски. Според него, најдобро решение за заживување на овој дел од централниот дел од градов е имплементација на пешачка зона која ќе се протега од паркингот пред хотелот "Холидеј ин".
Измените на Нацрт-ДУП се изложени на јавна расправа во ОУ"Свети Кирил и Методиј".

(Е.А.)Вечер
 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie