логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во Велес, во среда на 26 овој месец , на големиот христијански празник Света Богородица ќе биде снимена првата клапа на играно-документарниот филм "Благослов од заштитничката" по сценарио на Татјана Гоговска и во режија на Весна Димитровска. Филмот е посветен на животот и чудата на Пресвета Мајка Богородица како и животниот пат на шесте светители, патрони на црквите во Велес.
"Во документарниот дел ќе бидат опфатени славењето и верувањето на верниците и служењето на свештениците во име на љубовта на Бога", рекоа на вчерашната прес конференција Гоговска и Димитровска.
Во филмот ќе играат актерите Весна Димитровска, Роберт Велјановски, Роберт Ристов, Соња Јаќоска, Драган Миладинов, Ѓорги Бисерков - Дампе, Валентина Божиновска и други. Првата клапа ќе биде снимена на самиот празник на Мајката божја. Снимател ќе биде Слободан Стојков а костимограф Елена Максимовска. Филмот има буџет од 12 илјади евра, неколку фирми спонзори, а негови помагатели се Епархијата Повардарска со митрополитот Агатангел, градот Велес и Министерството за култура.

Вечер



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie