НА 7 - ми ДЕКЕМВРИ
САБОТА 07.12.2013. Состанок со групата во 03.30 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнувањето во Килкис е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат храмот посветен на Св. 15 Тивериополски свештеномаченици, каде верниците ќе можат да се поклонат пред моштите од свети Петар Тивериополски. По ова следи патување кон Суроти и посета на манастирот Свети Јован Богослов, каде што верниците ќе можат да се поклонат на гробот на старец Пајсиј Светогорец и пред моштите од свети Арсениј Кападокиски. Во пладневните часови е предвидена посета на храмот Свети Димитрија и поклонение пред моштите на свети Димитрија и света Анисија, а потоа следи слободно време до 18.00 часот по македонско време по што групата ќе се состане пред Белата кула или Беаст куле. По ова следи заминување за Скопје. Враќањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.250 денари. Последен рок за пријавување е 5 декември 2013 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070/582-588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.