логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА

 

ПРАЗНИЧНА БОГОСЛУЖБЕНА ПРОГРАМА ОД СВ. НАУМ ОХРИДСКИ ДО СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ

 

(05 - 20 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА, ПО НОВ СТИЛ)

 

 

05 јануари - понеделник: Преподобен Наум Охридски

09:00 часот:  Архиерејска златоустова литургија во резиденцијалниот манастир „Св. вмч. Георгиј“ – Криви Дол.

 

06 јануари-вторник: Бадник-Св.маченичкаЕвгенија

07:30 часот:Утрена богослужба со царски часови, Литургија на Св.Василиј Велики со вечерна.

17.00 часот: Велико повечерие.

 

07 јануари-среда: Рождество Христово-БОЖИК

09:00 часот: Златоустова литургија. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ќе  богослужи во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“.

 

08 јануари-четврток: Собор на Пресвета Богородица, втор ден Божик

09:00 часот: Архиерејска златоустова литургија во црквата „Св. Петка“ – Црниче.

 

09 јануари-петок: Свети Архиѓакон  и првомач. Стефан - трет ден Божик

09:00 часот: Архиерејска златоустова литургија во црквата „ Св. вмч. Димитриј“ – Центар.

 

14 јануари - среда: Обрезание Господово; Свети Василиј Велики;  Нова Година

09:00 часот, Литургија на Св.Василиј Велики и Молебен по повод Новото лето Господово 2015. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ќе  богослужи во  црквата “Свети Илија“ – Аеродром.

 

16 јануари-петок: Св. пророк Малахиј; св. маченик Гордиј

07:30 часот:Утрена богослужба со Царски часови и Златоустова литургија.

 

18 јануари-недела: Водокрст,  Св. Мч-ци Teoтемп и Теона (пост)

08.00 часот: Утрена со Златоустова литургија и Богојавленски водосвет.

 

19 јануари-понеделник: Богојавление-ВОДИЦИ

09:00 часот: Василиева литургија. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ќе  богослужи во  храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар. Богојавленските литии во 11:45 да бидат на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“. Околу 12:00 часот Поглаварот на Македонската православна црква ќе го спушти Светиот и животворен Крст во водите на реката Вардар.

 

20 јануари-вторник: Собор на Св.Јован Крстител

09:00 часот:  Архиерејска златоустова литургија во црквата. Св.Јован Крстител - Ново Лисиче.

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Од канцеларијата на Скопска православна епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная