логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Chudotvornaikona.Bogordica.jpg

Мојата лична потрага по вистината, во петокот ме однесе во храмот на Св. Петка во населбата Кисела Вода, каде што, за време на Великите пости, во петоците, се чита Акатист, односно пофално слово кон Пресвета Богородица. Од беседата по службата на протоереј Богослав Димитриевски, дознав дека ова прекрасно божествено дело, Акатистот на Пресвета Богородица е испеан во чест на чудесното ослободување на Константинопол во 625 година по инвазијата на Персијанците и Аварите, а со помош на Мајката Божја.
По опасноста, непријателите да навлезат во градот и да направат пустош како многу понадмоЌни над Константинопол, тогашниот патријарх Сергеј, заедно со верниците се обратиле за помош кон Бога и Мајката Божја како заштитничка и покровителка на градот.
За таа цел ја земале неракотворената икона на Господа Исуса Христа од Влахернската црква, Богородичната риза и дел од чесниот крст и со овие реликвии во литија патријархот и верниците направиле две обиколки на градските ѕидини молејќи го за помош Бога и Богородица од непријателската наезда. Кога литијата стигнала до морскиот залив, патријархот Сергеј со Богородичната риза ја допрел тивката морска вода, по што морето се вознемирило, се разбранувало со таква силина, што брановите ја потопиле сета непријателска поморска флота. Оттогаш, ова божествено дело, Акатистот на Пресвета Богородица, се служи во првите пет петоци од Великиот пост. А покрај тоа што се воспева и велича неописливата милост на Мајката Божја, велеше отецот, преку долгите служби за време постот, верниците успеваат да се сочуваат од гревовниот живот кој го носи нашето секојдневие.
Но, на оваа божествена служба нешто необично ми остави длабок впечаток. Имено, додека траеа читањата и пеењата на пофалните песни кон Бога и Богородица еден од свештениците изнесе икона од олтарот на Црквата на која верниците со почит и се поклонија за, по завршувањето на богослужбата, секој од нив да може и лично да го направи тоа - да и се поклони и да ја целива иконата на Пресвета Богородица.
Пријдов и јас, и единственото нешто што тогаш можев да го забележам беше дека иконата е прилично стара. Мојата љубопитност, не оставајЌи ме спокојна ме натера да се распрашам за неа, за нејзиното потекло. Во крајна линија, почитта која верниците и ја оддадоа просто не ме остави рамнодушна. И, еве што дознав: Долги години иконата на Пресвета Богородица била во сопственост на г-ѓа Фаница Нанчева, скопјанка, родена во 1915 година, а упокоена пред 7 години. Таа, како што раскажуваа верниците кои ја познавале, сиот свој живот му го посветила на Бога, а кажувањето за иконата е дека се започнало за време на Втората светска војна, во 1941 година, кога е бомбардирано Скопје.
Тогаш, во Соборниот храм на Скопје, а посветен на Света Богородица, служел извесен свештеник Бабиќ, кој пред налетот на војната со своето семејство заминал за Србија.
Госпоѓа Фаница, откако нејзината куќа била урната, по некоја случајност, се вселила во испразнетиот стан на споменатиот свештеник, и таму, во подрумот, ја пронашла чудотворната икона на Пресвета Богородица, завиткана во епитрахил, дел од свештеничка одежда која се става околу вратот, а го симболизира присуството на Светиот Дух. Иконата била нацртана на дрво. На нејзината задна страна бил запишан датумот - 28.02.1920 година, датум кој до ден-денес е енигма.
Госпоѓа Фаница тогаш, мислејќи дека иконата е на свештеникот и дека тој си ја заборавил, некако успеала да стапи во контакт со него. Но тој и порачал: за иконата да се грижи таа, не давајќи и при тоа никаква информација повеќе - дали иконата е негова или е во сопственост на Црквата.
Постојат кажувања за чудотворна икона на Пресветата Мајка, која се наоѓала во Црквата посветена на Света Мина, а урната за време на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Дали е тоа истата чудотворна икона за која се вели дека помагала на болни дечиња дури и да проодат, не може да се потврди.
Како и да е, иконата од тогаш, од почетокот на Втората светска војна, останала кај госпоЃа Фаница, од каде ни е и првото сведоштво за нејзиното мироточење, односно во нејзиниот дом од очите на Богородица потекле солзи. Судбината на оваа жена, ми раскажуваше нејзината внука, инаку жив сведок за мироточењето на иконата, не секогаш и била наклонета. Таа повеќе пати се селела, но и покрај тоа кандилото пред иконата никогаш не го гасела. Сведоштвата на милата женичка, внуката на г-ѓа Фаница, инаку чест посетител на богослужбите во храмот на Св. Петка, која ми раскажа еден мал дел од сета оваа историја за чудотворната икона, се чудесни, секогаш поврзани со чудниот звук, тропкањето на предметите кои се наоѓале во близина на иконата. Има и еден запис, сведоштво на г-ѓа Фаница кој вели:
“Тропкањето, никогаш не ме плашеше, туку уште повеќе ми ја утврдуваше верата. Кога ќе го чуев станував да го проверам кандилцето и се прекрстував пред иконата. А една вечер, кога се случи истото, станав и забележав како една сребрена паричка паѓа пред иконата на Пресвета Богородица. Паричката не беше од материјална природа.”
Набргу потоа г-ѓа Фаница тешко се разболела и на помош многу почесто и доаЃала внуката, која тогаш прва ги забележала солзите кои протекле од очите на иконата на Света Богородица.
Не минало многу време, а Фаница Нанчева за сево ова го известила отец Ацо Стојковски, тогашниот старешина на црквата Св. Петка. По неговиот совет - дека на таква икона местото и е во Црква, и откако прво во нејзиниот дом тој ја осветил, тие заедно, чудотворната икона на Света Богородица ја пренеле во скопската цркава Св. Петка. Таа сега, се изнесува во време на Великите пости, при служењето на Акатистот, пофалното слово кон Пресвета Богородица, за верниците пред неа да се поклонат. Според кажувањата, голем е бројот на родители на кои оваа чудотворна икона на Света Богородица им помогнала во оздравувањето на нивните чеда, откако тие се помолиле пред неа, а нејзината чудотворна сила не ретко се покажала, велат верниците, и кај бездетни брачни двојки.
Н.Д.Д.

 Chudotvornaikona.Bogordica1.jpg

Извор: НАША ПАРОХИЈА- гласник на црквата св.Петка, Скопје

Април 2011



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1909
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная