логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 chudotvorna_na_sv_Jovan_za_sajty.jpg
 
ИКОНАТА НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ:
ВИСТИНИТА И ЧУДОТВОРНА

              Иконата носи едноставна, мирна и живоносна порака, која слегува од Небесниот Ерусалим. Таа ти говори за нешто, кое го надминува вчерашното и денешното, овдешното и тамошното, моето и твоето. Од неа на човекот му се обраќа неизменливата и вечна Вистина, која и покрај своето смирено молчење, сепак воскреснува нешто длабоко во човекот. Тука се е осветлено со поинаква, нова , несоздадена светлина, која не е од овој свет. Таа не доаѓа од надвор, попатно да осветли нешто. Од самата икона, од лицето на светителот прикажано на неа, се излева, како благодат и дар на Светиот Дух, една несоздадена и незалезна светлина, која носи мир, спокојство и радост. Бидејќи на иконата не и треба ништо, таа ништо не презира, на неа се е благословено, се се радува и ликува. Било да си радосен или тажен, таа те исполнува со утеха.
             Сето ова ќе го почувствува човекот, кога ќе застане пред чудотворната икона на Претечата, која со смирено достоинство ги пречекува сите поклоници во Бигорскиот манастир. Зрачејќи на влезот во храмот, во сребрен, сјаен оков и преукрасена со дарови од благодарност, поради многубројните чуда, иконата, како непресушен исвор, излева благодат која чудотвори. Затоа монасите кои живееле тука во XIX век, на оковот од иконата, како сведоштво, додале и трета рака, во спомен на чудата што Крстителот ги прави преку неа.
            Едно од чудата е и самиот начин, на кој  иконата му се открила на ктиторот. Таа, според преданието на манастирот, едноставно лебдела во воздухот над изворот со вода, на чие место денес се наоѓаат трите чешми под црквата. Чудо било и нејзиното исчезнување во немирните и тешки времиња, низ кои минувал манастирот. Благодатта, што иконата ја носела во себе, ја чувала од погибел и не дозволила таа да биде уништена, во неколкукратното пустошење на манастирот. Таа секогаш одново се појавувала, сведочејќи за вечно-живиот дух на манастирот, кој повторно се раѓал,  како феникс, од своите урнатини.
          Така, уште од самиот почеток, иконата не престанала да чудотвори. Неизбројано мноштво намерници, кои пред неа застанале со вера и од срце го помолиле Крстителот, биле услишани, исцелени од болести, утешени. Претечата, преку својата икона,  им доаѓал на помош на сите: стари и млади, болни и здрави, православни и иноверци. Неговата чудотворна и милостива помош ја почувствувал  и еден албански бег, кого Св. Јован во видение го упатил во својот дом покрај Радика, за да му го исцели болното детенце. Бегот, од голема благодарност за оздравеното чедо, на манастирот му подарил цел имот со маслинови дрвја. Но Претечата знаел да биде и строг кон оние кои не го почитувале неговиот свет манастир. Имало некој бег, кој дрско се фалел пред сите во Дебар дека манастирот ќе го претвори во теќе. Него Св. Јован го погубил, пред  да стигне да ја исполни својата намера. И не само тоа. На денот на неговиот погреб, Крстителот со гром му ги покосил и сите негови роднини.
          Како што се нижеле чудата, така се  множеле и даровите пред иконата. Секој дар крие вистинита приказна  зад себе. Бројните сребрени медалјони во облик на бебе сведочат дека Св. Јован израдувал многу бездетни родители, дарувајќи им деца. Бездетниот, невенчан брачен пар Н. и В., по венчавањето во храмот,  со  благословот на Св. Јован добиле дете. Македонци муслимани од с. Косоврасти, откако им била прочитана молитва пред чудотворната икона, на чудесен начин добиле близнаци. Еден брачен пар од Скопје сведочат дека својата тригодишна ќерка Ема ја добиле по молитвата пред  светата икона.
            Исцелителната моќ на иконата ја почувствувала и Б. од Охрид, која слично на крвоточивата жена од Евангелието, со вера пристапила пред иконата, и било прочитано молитва од игуменот на манастирот  и оздравела од својата болест. 
Е. од Ростуше, која долго време боледувала од болки во увото, дошла  во манастирот за да и биде прочитана молитва пред иконата. Еромонахот ја помазал и со масло од кандилото на Св.Јован, после што увото целосно се исцелило.
         На 12 Август С.П. од Охрид му раскажал на игуменот за тоа како детето на директорот на "Комуналец", кое неколку години било фатено, на чудесен начин се исцелило. Детето се напило света вода, што татко му ја зел од манастирот на денот "Отсекување на главата на Св Јован Крстител."
           На 13. Декември 1999 год, сестра С. од Скопје донела златен крст за да биде поставен на иконата. Таа на монасите им кажала за чудото што Св. Јован и го направил, кога пред извесно време престојувала во манастирот. Всушност таа боледувала од тешка болест на бубрезите и и претстоела операција, но по нејзините долги молитви пред иконата и по молитвите што и ги прочитал еден еромонах од братството, бубрезите потполно и се исцелиле, на големо чудо на докторите, кои ја лечеле.
            Еден Македонец муслиманин, кој имал обичај да краде пари од црквичката  на испосницата посветена на Живоносниот извор, дошол во манастирот со големо покајание и оставил пари на иконата. Тој на игуменот му рекол дека веќе неколку години нешто го мачело  и наведувало да се присеќава на сторените кражби. Меѓу другото му кажал и за тоа како Св. Јован му се јавил и му рекол да ги врати парите што ги украл.
          За време на една своја посета на манастирот, П.К од Струга им открил на монасите дека долго време не можел да оди, поради проблеми со колковите. Сите негови шетања по болници се покажале безуспешни. Првпат проодел, кога пред неколку години дошол во манастирот, влегол во црквата и веднаш се упатил кон царските двери.
          Како што сребрениот оков ја покрива иконата, така Св. Јован сокрил од нас многу од неговите бројни чуда, смирено  оставајќи само дел, што новото братство се потруди да ги забележи и зачува, како сведоштво за светоста на иконата.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2239
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2359
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 891
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1148
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная