логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Уште необјавено

 

Ми кажаа дека русите имаат посебни молебни служби каде се молат за Русија. Имаат свои тропари, канони и химни за Русија и ги пеат во црква. Имаме ли ние тоа за нас?

Секако дека имаме, но треба да дефинираме што значи тоа “ние” оти во Православието не постојат “ние и вие” туку сé е сведено на јас и мојот брат ( или сестра) во Христа и од тој личносен однос почнува човекот да го гради својот однос со Бога за да стигнe до она што е кажано во Светото Писмо “лице во лице”.

Некаде во 1920 се востановија национални помесни цркви како Руската, Српската, Бугарската Грчката и.т.н. Додека претходно само постоеа седишта на патријархатите како Печка, Московска, Софиска, Атинска…
Во тие седишта епископски нашиот Спасител востановил да не се гледа на лице туку да се прашува само дали е крстен, исповедан, благослов за Причест и толку. Едно од најголемите зла кои што демонот ги посади во црквата се делењето по народи и националности и таму произлезе мое – твое, наше – ваше, а Он тоа го забранил кажувајќи дека нема ни Елин ни Јудеец, ни роб ни слободен, туку сè во сè е Христос.
Светителите канонизирани не се помесни светители, туку се сеправославни и нивното величание е во целата вселена, над сите народи, над целиот род човечки.
Односно над целиот Адам.

И кога сега тие се молат, се молат за целиот род човечки, без исклучок, поучувајќи се од Христа Кој се даде Себеси за измена на смртта, и тоа го направи за секој човек праведник или грешник, роб или слободен.
Христос е надкосмичко Битие, како што вели старец Софрониј, а од нас побара да бидеме едно, и со тоа едно ќе покажеме дека сме Христови ученици.
Ние делејќи се на вакви – такви, ставајќи граници помеѓу нас, само ги постојано раскинуваме одеждите Негови.

На Света Педесетинца сите зборуваа на различни јазици за да можат да го разберат Евангелието, а всушност јазикот Христов е еден, и тој е јазикот на љубовта.

Сето она што некои ќе го измислат, дали во вид на преемство или “посебни молитви” за “своите цркви” встушност ги става надвор од Едната Света Соборна и Апостолска Црква затоа што преемството е објаснето со зборовите: “Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите.” А ако постои посебност, посебноста е својство на Бога, бидејќи Он се разликува од човекот по суштина, а останатото е создадена твар и тоа Боголика но, еднаква помеѓу себе од првиот до последниот.

Слепченски Претеченски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…
Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 595
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 916
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 999
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…