логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Мозаикот како дело преставува слика,  добиена преку симбиоза на мали парчиња материјал. Материјалот може да биде скоро се, што би ги задоволило физичките и хемиските барања за долготрајност. Најчесто е камен, венецијанско стакло или  керамички плочки. Парчињата се спојуваат меѓусебно преку излевање на бел цемент. Постојат повеќе начини на изработка на мозаик, но најчестата поделба е на директен или индиректен во зависност од тоа дали се работи со инверзно(обратно) редење на материјалот, па потоа го лиеме, или пак,  при самиот  тек на работата ја добиваме крајната слика на мозаикот, до онаму каде сме сработиле(постапно ги поврзуваме камчињата меѓу себе).
 Мозаикот како техника постои уште во антиката, кога е и највеќе екплоатирана, а започната  е далеку наназад во древните цивилизациски почетоци. Неговите  претходници потекнуваат од  Месопотамија, каде се создаваат првите дела (рејлефи)добиени преку сложување на емајлирани плочки.
Македонија како земја и македонскиот народ можат да се пофалат со прекрасно мозаично наследтсво уште од античкото време.  Македонците изработуваат прекрасни мозаици,  и создаваат свој посебен стил и посебен бренд наречен македонски мозаик, чии остатоци денес ги среќаваме во Пела. Македонскиот мозаик се разликува во материјалот кој се користи за негова изработка. Тој е првиот мозаик кој се составува од необработен  камен, со кружна форма и одредени нијанси на белата, црната, сивата боја, како и окерот.  Во следните векови Македонците започнуваат со изработка на колористички мозаици, од обработен камен, и таа традиција ја задржуваат се додека не згасне Источното Царство.

filip.mozaik.jpg

filip.mozaik1.jpg

                                                                     Пела - мозаик


Богородица – Заштитник на Скопје
Идејата за  првата претстава на Богородица како  заштник  на Скопје, е плод на сплет од неколку работи - култот изграден кон Богородица во моето семејство, моето животно набљудување на градот и желбата  за негово подобро утре, а со тоа и определбата да студирам архитектура, како и метафората на Фениксот што многу значи за мене. Таа почит кон Пресвета Богородица, љубовта кон градот, како и фениксот беа поврзување на неколку “мои” нешта во едно. 

Денес конечно Скопје го изгради  храмот на својата  Заштитничка , и ја одадде почитта на Пречистата. Севкупно, тоа кај мене ја создаде потребата и ја заживеа  од  оваа идеја на мозаична претстава на Пресвета Богородица.
Желбата ми е  мозаична претстава на Богородица, да се екплоатира се повеќе,  и да стане дел од културното наследство  на Скопјаните.

 

filip.mozaik2.jpg                  filip.mozaik3.jpg

Мозаикот е со димензии 40/50см, и во моментов е во фаза на лиење.  Конечниот изглед на мозаикот и неговата композиција е обратна од приложениве фотографии. Ликот на Богородица би бил  свртен  обратно- кон десно. ( Во изработката на мозаикот употребени се камен од Турција, Крв и Македонија, веницијанско стакло, мермери, травертин, цигла, оникс)       

 Контакт- 071-608-738 - Филип

Подготви: К.Ф.

Посети: {moshits}

 

        



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 599
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1175
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1527
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1633
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Православен календар

 

14/10/2025 - вторник


+Покров на Пресвета Богородица; св.Јован Кукузел

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Андреј Јуродив 15 октомври/2 октомври  2025

Тропар на свети Андреј Јуродив 15 октомври/2 октомври 2025

Гласот на Твојот апостол Павле услишувајќи го-    ние јуродствуваме заради Христа -    твојот слуга Андреј беше јуродив на земјата заради...

Тропар на св. Христови свешт-мч Кипријан и Јустина  15 октомври/2 октомври  2025

Тропар на св. Христови свешт-мч Кипријан и Јустина 15 октомври/2 октомври 2025

Бог кој срцата ги испитува ве најде достојни, за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино, Кипријан свети го...

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2025

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2025

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие,и гледајќи кон Твојот Пречист образ,со умиление глаголаме:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная