логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 slika

Со поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата „Св.Никола“ во село Зрзе, Прилепско,  значаен споменик на културата од 14 век ...

Конзервацијата на фрескоживописот која се одвива во неколку фази е од исклучително значење, особено од иконографски аспект и е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.Во рамки на проектот стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Прилеп во изминатиот период извршија истражувачки  работи на фрескоживописот, беа отстранети наталожените нечистотии, а во моментов се работи на консолидација на оштетениот  обоен слој.

_2

Со конзервацијата на фрескоживописот  која треба да биде завршена во 2016 година, во целост ќе биде  вратен првобитниот колорит и сјај на фреските во црквата „Св. Никола“, фрескоживописани од еден од најпознатите сликари Онуфрие.

Црквата „Свети Никола“ е мала еднокорабна црква која е метох на манастирот Свето Преображение во село Зрзе.

 

Извор: Министерство за култура на Р. Македонија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…