логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Vlez..jpg
 
Зошто христијаните зборуваат за спасене?

Зошто Христос дошол на Земјата? Символот на верата одговара сосема јасно: „заради нас, луѓето, и заради нашето спасение“. Во што се состои тоа спасние? Дали тоа веќе се случило, или допрва треба да го очекуваме? И кого го подразбираме под „...нас, луѓето“ – сето човештво, истите по вера, или некои особени,свети луѓе? 

Ако се работи за спасение – тогаш, од што се спасуваме?

Христијаните настојуваат на тоа дека спасението му е потребно на секој човек и дека тоа се извршува во Христос. Но кога разговорот ќе се поведе за тоа што е, всушност, самото спасение, и кој е конкретно спасен, одговорите може да бидат различни, макар што сите се базираат на Светото Писмо. А што пишува за спасението во Светото Писмо? Дава ли Библијата исцрпна информација за спасението? 
 
Библијата му го соопштува на човекот она најважното што треба да го знае, но често не ја задоволува целосно неговата љубопитност. На пример, во Светото Писмо се вели дека Христос умрел и воскреснал, но не се прецизира како точно се случило тоа. Современите лекари, читајќи го описот на смртта на Христос, претпоставуваат дека смртта настапила поради тоа што Му препукнало срцето, но тоа се само претпоставки; што се однесува до воскресението, тоа е чудо, и точниот механизам на воскресението не ни е познат. И, всушност, познавањето на тој механизам не ни е ни потребно.
Слично е и кога е во прашање најважната тема на Библијата – спасението. Затоа, да ги разгледаме прво попростите прашања – оние на кои Библијата дава еднозначни одговори – а потоа ќе преминеме кон прашања коишто се попроблематични.
Сите знаеме дека ниеден човек не е совршен, дека е полн со недостатоци, дека прави многу грешки. Но, истовремено, во секој човек постои нешто вредно, прекрасно, единствено. И навистина, само Библијата, од сите духовни книги на човештвото, ја прифаќа секоја страна од овој парадокс како нешто апсолутно, гранично. Од една страна, човекот е создаден „според образот и подобието Божјо“ (Битие 1:26). Од друга страна, - „лукаво е човечкото срце повеќе од сè и наполно расипано“ (Јеремија 17:9). Како е можно тоа?
Одговорот е сосема прост – човекот располага со слободна волја и може да избира меѓу доброто и злото. Бог не прави од човекот послушна марионета, Тој му предлага да Го следи, но му го остава правото да не Го послуша и да живее според сопствениот ум: „Еве, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло. Ако ги слушаш заповедите на Господа, твојот Бог ... ќе живееш и ќе се намножиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови  во земјата ... ако, пак, се одврати твоето срце, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се клањаш на други богови и да им служиш, тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата (Повторени закони 30:15-18). Историјата на Адам и Ева ни кажува како луѓето по своја волја се откажале од заедништво со Бога, нарушувајќи ја довербата меѓ нив и Бога. На библиски јазик тоа се нарекува „грев“ и има најсериозни последици. Од една страна, човекот излегува виновен пред Бога. Од друга – си наштетува на самиот себеси и на другите. Гевот е сличен на наркотик: тој не е само забранет со закон: земањето наркотик менува нешто во душата и во телото на самиот наркоман, па дури и на неговите деца. Оној кој е зависник од наркотик, може, со титански усилби, да се ослободи од зависноста, но тој никогаш веќе нема да биде онаков, каков што бил пред да стане наркозависник. А и оние од неговото непосредно опкружување.     

Гревот како престап и болест

Затоа христијаните зборуваат не само за личните гревови против Бога и против ближните, коишто ги прави секој од нас, но и за првородниот грев, присутен во сето човештво. Тоа е истата онаа неспособност да се живее соодветно на сопствените принципи, којашто толку често мора да ја признаваме: „Ете, сакав да го направам тоа така да биде што е можно подобро, но излезе поинаку...“ Да, секако, никој од нас лично не е одговорен за изборот на Адам и Ева, но ние ја наследуваме нивната природа, унакажана од гревот. И ако речиси пред сто години нашите претци ја избрале револуцијата и граѓанската војна, ние денес може и да не се согласуваме со нивниот избор, но сепак и натаму живееме во услови создадени од таквиот избор, и од тоа не можеме да се ослободиме. Исто така и првите луѓе решиле да живеат без Бога, и ние денес живееме во свет условен со нивниот избор.

Спасението во христијанството се разбира како ослободување од власта на гревот и на смртта, и вечен живот со Бога. Тука можеме да го поставиме прашањето: зарем Бог толку многу се навредил, што до ден денес не може да го прости престапот на Адам и Ева? Зарем Тој не може просто да ни го подари тој вечен живот, без какви и да е услови? Може, се разбира. Можете да си го замислите тоа? Нас, такви какви што сме, сите заедно нè пуштаат да влеземе во рајот. Таму не мора да се работи, никој не боледува ниту умира, луѓето живеат вечно и имаат сè што ќе посакаат. Но, како тоа ќе изгледа во вечноста? Дали ќе престанеме да се караме и да се навредуваме еден со друг? Напротив, ние за тоа ќе имаме апсолутно неограничени можности и неограничено време. А никакви болести не можат да се споредат со онаа болка којашто луѓето постојано си ја причинуваат едни на други; никакви природни катастрофи не можат да се споредат со ужасите на војната и концентрационите логори. Ете, таква вечност нè очекува, ако нешто не ì ги постави границите. А тоа нешто е – „адот“.
А за да се влезе во вечноста, треба да направиме две рабти: да се помириме со Бога и со другите луѓе, и да се преобразиме, за да следењето на доброто за нас претставува радост. А за да го направиме тоа, потребно е да стекнеме одредена општа Вистина, во спротивно нè очекуваат војни за најмали нешта и борба за лична правда; таа Вистина треба да ја воплотуваме во нашиот живот, а не само апстрактно да расправаме за неа. Сето тоа влегува во поимот „спасение“.

Како да го опишеме спасението?

Имено, токму затоа христијанството укажува на Христос како не единствен Извор на спасението. Тој не бил обичен проповедник на Вистината (такви имало многу), Тој бил воплотена Вистина, Бог и Човек, Кој умрел на крстот за нашите гревови и воскреснал, победувајќи ја со тоа смртта. Неговата жртва ги помирила луѓето  со Бога и им ја открила можноста за преобразба. Секако, моралното усовршување и исполнувањето на добродетелите е можно и без Христа, и таквиот пат го знаат практично сите светски религии, но сфаќањата за совршенството во секоја од нив се различни. На пример, тројца луѓе извршуваат подвиг во една земја, Индија: јогинот заминува в шума и таму со недели медитира во неудобна поза, речиси без храна; Ганди ги обиколува градовите и повикува на народно единство и на ненасилно спротиставување на колонизаторите; а мајка Тереза организира прифатилишта за отфрлени деца и за оние што умираат на улица. Тоа се големи, но мошне различни подвизи – каде да се сретнат овие тројца луѓе? Христос е точката на средбата на луѓе што веруваат во Него, меѓу кои има и аскети-затворници, и општествени дејци, и добротвори – како кој умее. Но тие се стремат своите постапки да ги насочат кон откривањето на Божјиот образ внатре во себе и во ближниот, и на уподобувањето на Христос. Секој што верува во Него, оди по свој пат, но сите тие патишта се насочен кон еден Центар, и затоа се доближваат.Спасението нужно мора да се опишува преку примери и метафори. Вљубените, опишувајќи ги своите чувства, исто така зборуваат за ѕвезди и за цветови, а не за хормони и за други објективни појави. Така е и со спасението: Библијата многу зборува за него, но не го открива механизмот. Затоа кај богословите од сите христијански векови постојано се пројавувала желба да се појасни: како, имено, се случува спасението.
Едни го потенцирале казнувањето на нашите гревови, коишто врз Себе доброволно ги зел Христос и со тоа нè избавил од вината; другите инсистирале на фактот дека Тој ја примил нашата човечка природа и со самото тоа дозволил да се приближиме до природата на Божеството. Овие две објаснувања понекогаш се нарекуваат и „јуридичка“ и „органска“ теорија на спасението. Тие опишуваат две страни на една иста појава, и сè дотогаш додека некоја од нив не ја апсолутизираме, и двете се во право. И навистина, за да се помириме со Бога и со ближните, прво треба да го примиме проштевањето, а потоа да се преобразиме. 

Билетот е резервиран?

Но, многу поважно за нас е второто прашање – кој, имено, е спасен? Библијата и на ова прашање дава, на прв поглед, различни одговори. Некои искази како да кажуваат дека Христос по Божја волја го спасил сето човештво. На пример: „... тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. Зашто, еден е Бог, и еден е Посредникот  помеѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус, Кој се даде Себеси како откуп за сите“ (1 Тимотеј 2:3-6). Или: „Господ нема да задоцни со  Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание“ (2 Петар 3:9).
Но има и други цитати, од кои може да се заклучи дека Христос спасил само малкумина – и тоа оние коишто од почетокот биле предназначени за спасение, додека, пак, сите други луѓе ги очекува вечна погибел. На пример: „Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа словото Господово, и поверуваа сите, кои беа определени за живот вечен“ (дела 13:48). Или: „... помилувањето зависи не од оној, кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој милува ... кого сака, го милува; а кого сака, го прави жесток. Но, ќе ми речеш:„А зошто уште нè кори?“ А кој може да се спротистави на Неговата Волја? А ти, човеку, кој си, та спориш со Бога? Творението зар ќе му рече на својот мајстор: “зошто си ме направил такво?“ Или, пак, грнчарот, нема ли право над глината, од едно и исто место да направи еден сад за честење, а друг за нечесна употреба?“ (Римјаните 9:16-21).

Таквото селективно поимање на спасенето е карактеристично за некои христијански конфесии. Најдоследно тоа се излага во учењето на Калвин: Бог самиот ги избрал оние коишто Тој ќе ги спаси. Останатите ќе загинат; таква е Неговата волја, и поставувањето прашања во врска со тоа е неумесно.  Но, на православието таквото мнение му е туѓо, зашто така се намалува или целосно се негира слободата на човековата волја. Ако Бог од самиот почеток решил дека Иван и Марија ќе се спасат, а Петар и Татјана не, тогаш тие по ништо не се разликуваат од експерименталните глувци, од кои едните ќе ги убијат, а другите ќе ги остават да живеат, не прашуваќи никого за ништо. Тоа тешко се вклопува во она што ние го дознаваме за Господа од Писмото и од Преданието на Црквата. На пример, во Велика Сабота (пред Велигден) Црквата пее: „На землю сшел еси, Господи, да спасеши Адама, и на земли не обретох сего, Владыко, даже до ада снизшел еси ищай“ – односно, сакајќи да го спаси Адама, Господ, не наоѓајќи го на земјата, се спуштил во адот. Можно ли е да се поверува дека Тој, притоа, ладнокрнво го испратил во истиот тој ад половината (ако не и повеќе) од човештвото, не оставајќи им ни најмала шанса?
Не. Очигледно, дури и таму каде што Писмото зборува за избраните, не станува збор за „затворени спискови“. Во групата на избраните може да влезе секој човек, и не случајно на гозбата од евангелската приказна биле поканети сите. Едноставно, поканата не ја прифатиле сите. А некои од оние што ја прифатиле не се однесувале сериозно кон неа, па дури не се обиделе ни да облечат нешто посоодветно. И првите и вторите самите се лишиле од поканата.

И така, ние сме веќе спасени до стрна на Христос. Секој од нас. Но нам уште ни претстои да го прифатиме тоа спасене. Може да се каже дека билетот за возот во Царството Небесно е резервиран за секој од нас. Но човек треба да се подготви за пат,
Не смее да го мрзи да дојде на станицата, да си го подигне билетот на шалтерот од билетарницата, да си го најде својот вагон, да не задоцни на воз... Оние, на коишто навистина им е неопходно да отпатуваат, навистина ќе се погрижат навреме за сите подготовки, ќе дојдат многу порано пред тргнувањето на возот. А на оние што ќе заседнат со кригла пиво во станичното бифе, очигледно не им е особено важно да оптпатуваат. Тука никој не може на сила да биде довлечкан.

Апостол Павле за ова зборува преку следниве зборови: „Со страв и трепет градете го вашето спасение, оти Бог е Оној Кој во вас прави да  сакате и да дејствувате според Неговата добра волја“ (Филипјаните 2:12-13), „зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е; не е од дела, да не би некој да се пофали. Зашто ние сме – Негова творба, создадени во Исуса Христа за добри дела, што Бог ги предодредил уште од порано да ги вршиме“ (Ефесјаните 2:8-10). Сите тие добри дела се мошне важни, тие претставуваат пројавување на нашата вера во практика, зашто „верата без дела е мртва“ (Јаков 2:17), но во никој случај не нè спасуваа тие, туку Господ. Дури и самите тие добри дела,  дури и самото посакување тие да се извршат – и тоа е од Господа. Согасно со таа желба, нејзиното исполнување е наш одговор на Божјиот дар, наше благодарење, наше примање на тој дар. Сведоштво на нашата вера.

Оттука следува еден важен заклучок. На прашањето „дали сум спасен?“, верникот може да одговори „да, но не до крај“. Односно, Христос веќе направил сè што било нужно за моето спасение, и јас можам да имам доверба во Него. Но, јас не можам да бидам сигурен во себе, зашто секој ден од мојот живот претставува множество чекори: едн нè приближуваат кон Него, други нè оддалечуваат. Јас можам само да се надевам дека резултатот од мојот живот ќе биде дефинитивното соединување со Него.

А што е со останатите?

Но ако спасението се извршува само преку Христос и се прима од наша страна преку верата, дали тогаш сите што не биле христијани (па дури и да биле, но не припаѓале на вистинската црква – додаваат некои) се осудени, и немаат ни најмала шанса за спасение? Ќе бидат ли среќни праведните додека гледаат во небесата, ако нивните роднини и блиски се измачуваат во адот? А што е со оние коишто никогаш не слушнале за Христос? Такво прашање често може да се слушне. 

Како прво и главно: спасението е таинство, него го извршува Господ, и нам, едноставно, не ни е дадено да знаеме кој и како ќе бидат спасени. Библијата ни се обраќа нам, објаснувајќи како може да се достигне спасението, но никаде не вели дека никој веќе нема да го достигне. Во православната традиција има една позната икона, „Симнувањето во адот“. На неа е претставен Христос симнат (во периодот меѓу смртта и воскресението) во адот, за оттаму да го изведе Адам и Ева и мноштво други старозаветни луѓе. За тоа се зборува и во Библијата: „вистина, мртов по тело, но оживе духом, со кого, откако слезе, им проповеда и на духовите, кои беа во темница“ (1 Петар 3:19). Макар што директно никаде не е кажано, но сепак човек може да си претстави дека таа проповед не ја слушале само оние коишто умреле во мигот на крсната смрт, туку, воопшто, сите луѓе коишто не знаеле за Христос во текот на својот земен живот. Можеби меѓу тие луѓе влегуваат и оние коишто слушнале проповед за Хрстос, но никогаш во животот не сретнале ниту еден вистински христијанин – а такви, барем денес, има прилично многу. Но, да повториме уште еднаш – ние за тоа не знаеме ништо со сигурност. 

Но можеме да бидеме уверени дека Господ, Кој слегол на земјата заради нашето спасение, нема да ги остави без помош оние луѓе коишто се родиле во неблагопријатно време и место. А како тоа ќе биде изведено, треба спокојно да Му го препуштиме Нему. За нас е важно да го знаеме она што се однесува на нас, и да ги имаме на ум оние на коишто сме должни да им раскажеме, а најважно е – да го покажеме Христос.

Па сепак, не смееме да заборавиме дека можноста за вечна погибел стои пред секој од нас, зашто Бог ја почитува нашата слободна волја. Мошне впечатлива е книгата напишана во наше време на оваа тема – „Развод на бракот“, од К. С. Луис. На неговиот јунак му се сонил сон за жителите на „предворието на адот“. Тие, доколку посакаат, можат да тргнат на екскурзија „во предворието на адот, па дури и да останат таму. Некои од нив навистина тргнуваат на екскурзија, и во предворјето на адот радосно ги пречекуваат оние коишто тие ги познавале на земјата. Таму се подготвени да ги примат, и од нив се бара само едно – да се помират, да ги простат старите навреди и да го започнат макотрпното издигнување од своето болно, затворено „јас“ кон слободата на богопознанието и богоопштењето. Но, ретко кој од нив е подготвен за таков пресврт... повеќето претпочитаат да се вратат назад во својот ад, скроен по нивна мера, во кој секој се вари во сокот од сопствените страсти и омрази. „Дверите на адот, - пишува Луис, се затворени одвнатре“. И адот ќе постои сè додека макар и еден човек му вели „не“ на Бога. 

Затоа, најважното за нас е самиот наш живот да Му вели на Бога „да“.  А за другото, можеме да имаме доверба во Него.Тој нема да нè изневери.


Автор: Андреј ДЕСНИЦКИЈ
Журнал „ФОМА“, No. 4/48, април 2007



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная