логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ambient.jpg

Во првата недела во месец октомври Македонската православна црква традиционално го празнува Празникот на сите македонски светители. Тоа е празник кога се чевствува споменот на нашите Божји угодници кои се запишани во календарот, а и сите оние кои, на било кој начин, останале незабележани, а кои ја сочинуваат нашата небесна Црква.

Гордост на секој народ се неговите големи луѓе низ кои се пишува и чита историјата на неговото вечно и бесмртно постоење. Македонија, како православна земја, во изминативе 20 векови одгаила безброј личности, великани, кои се наша гордост и низ чија големина проткаена е нашата иднина како народ, држава и Црква. Затоа ние, Македонците, треба вечно да им благодариме на нашите бессмртни духовни водачи за се што оставиле како вечно, трајно и непреодно. Христијанските добродетелите, што и денес ја красат нашата нација, ги изградиле тие наши славни предходници. Ние, денешните генерации, неможеме да мислиме ниту да зборуваме ако во нас не проникнуваат одамна преминатите наши предци. И на светската сцена вредиме толку колку што значат нашите великани и нашите големи луѓе. Тие се наша инспирација на сите наши денешни и идни генерации.

Денес, како и во минатото, Православната вера опстојува во нејзината полнота во заедништво со националната припадност на нејзините луѓе. Да се биде Православен скоро 20 векови, значи дека целата наша македонска култура и идентитет се слеани со Православната духовност. Тоа е видливо и се чувствува во ритамот на нашето живеење (пост и празници), во основниот светоглед на Православната Црква како наш патоказ во животот, и во начинот на кој ги искажуваме нашите лични искуства.

Кај нас македонците, а така е и кај сите Православни народи, верата и културата се хармонично поврзани. Општо мислење е дека во некои области таа врска е чиста и многу длабока.

Календарот
Еден дел од нашето верско и културно искуство, каде што може да се забележи взаемната врска на верското и обичаите, е прославувањето на празниците особено на оние на кои им предходи пост. На пример: скоро сите најважни елементи во македонскиот фолклор, уметност и традиции, имаат белег на литургискиот круг на Црквата во годината. Вистина е дека многу од овие обичаи имаат корен уште од пред-христијанско време, а поради нивното “христијанизирање“, се задржаа низ вековите до денес. И денешното нивно применуваме ќе има полна смисла и значење само во контекст на верата.

Освен ова, црковниот календар на Православната Црква го диктира темпото на нашето општествено и црковно живеење. Дневната рутина се нарушува за време на интензивирана духовна борба во време на постот. Одразот на добата во време на постот, пак, ни дава можност за радосно прославување на празниците. Секое доба носи почитувани свети денови со нивното одредено празнување и чинови поврзани со – и водени од – времето на годината зависно од тоа кога паѓаат. Така секое доба во годината е осветено од Црковниот календар. Таквото осветување, преку нашето учество во литургиското прославување, и применувањето на обичаите и традициите се “донесува во домот.“ На пример: за празнувањето на Божик и Богојавление карактеристично е зимското доба со сите обичаи и временски особини; за празнувањето на Велигден карактеристично е пролетното доба кое со себе носи свежина и радост, а и воскресението како настан од извонредно значење и извор на вечниот живот; Илинден е карактеристика на летното доба кога се пројавува целата наша желба и жестокост за духовна и политичка слобода.
 
Имињата
Македонските имиња всушност, се имиња на светителите. Тие имиња постанаа популарни кај нашиот народ поради улогата што ја имаа светителите во животот на Црквата како: маченици, учители, исцелители и сл. Кај македонскиот православен народ популарни имиња се: Никола - поради св. Никола; Ѓорѓи - поради св. вмч. Ѓорѓи; Димитар - поради св. вмч. Димитриј; Лидија - поради св. Лидија; Наум - поради св. Наум Охридски; Климе - поради св. Климент Охридски; Илија - поради св. пророк Илија; Киро – поради св. Кирил; Методиј – поради св. Методиј и тн. Обичај е кога ќе се даде името на детето тоа да се благослови со желби да биде силно на збор и дело како неговиот духовен имењак. Затоа неопходен дел од детското воспитување опфаќа и познавање на житието на неговиот духовен нимењак и како тој/таа го прославува тоа име низ неговата/нејзината посветеност на Светата Црква за време земниоит живот. (За жал во последно време има големо отстапување од оваа традиција така што на децата им се даваат имиња кои воопшто не кореспондираат со оваа наша древна православна традиција).

Единствен поглед на светот
Општо земено погледот на светот кај луѓето зависи од земјата во која живеат и искуствата врз кои се гради историјата. Единствен белег на македонскиот светоглед е нашата подготвеност да ги прифатиме двете - радоста и болката. На пример: ние имаме многу песни кои зборуваат за неуспешни состојби во нашата долга историја (Илинден) но, сепак, со задоволство ги пееме. А освен тоа имаме и состојби на успех и радост кои наоѓаат соодветно место во нашиот колоритен фолклор. Животот е и горчина и сладост и за да се одржи мора да ја прифатиме реалноста. Денешните психотераписти и психолози зборуваат за важноста дека не треба да се живее во негирање туку чесно прифати го она што ти носи животот. Овој начин беше со векови дел од светогледот кај Македонците.

Друг елемент е тоа дека Македонците се луѓе кои си ја сакаат својата земја. Причината за таквата силна љубов е нашето верување дека земјата ни е свет дар од Бога, и се гледаме себе си како наследници и управители на тој Божји дар.

Прифаќањето на животот со неговите болки и слава се два аспекти на македонските културни корени. Животот мора да се прифати во сета неговата полнота – доброто со лошото – доколку тоа е автентично. Исто така ако погледаме во светот, ќе видиме дека тој носи белези на Создателот - Бог и дека може да не води во подлабоко воодушевување доколку Му ја оддаваме потребната почит и молитва.

Дваесет векови Православие
Скоро 20 векови македонската земја е облеана со Православниот идентитет. Факт е дека Православната Црква е долго присутна на нашата земја - како што е посведочено во Новиот Завет во Делата Апостолски 16 глава. Нашите луѓе ја слушнаа Добрата Вест уште пред два милениуми. Ова долго постоење е време на тест за добро и лошо. Низ вековите се собра голем број  на македонски светители, мажи и жени, кои стојат пред Бога и се молат за секој од нас. Покрај Св. Климент и св. Наум Охридски ние ќе ги спомнеме: св. Кирил и св. Методиј Солунски, св. Прохор Пчински, св. Гаврил Лесновски, св. Јован Рилски, св. Злата Мегленска, св. Иларион Мегленски, св. Нектариј Битолски, св. Спасо Радовишки, св. Ѓорѓи Кратовски и многу други. Но нашето духовно наследство не е само во минатото. Истата вера што ги хранеше нашите предци не храни и нас денес. Нашите Македонски православни корени ни даваат пример за православно живеење и денес што ние со радост го манифестираме во нашето современо живеење. Тоа најдобро се гледа во оспорувањето на нашата духовност, државност и национален идентитет. Не со сила туку со разум и одмереност се бориме против неразумните појави.

Можеби ние денес живееме во некое друго врмеме за разлика од нашите предци, но духовното патување кое го имаме – од темнина кон светлина, од грев кон спасение – останува исто.

Затоа да ја чуваме нашата Православна вера и нашата Македонска православна црква.

Друго:

Hristos.prestol.Kiprijan.jpgпрота-ставрофор ИЛИЈА ДОНЕВ - ДА ЈА ЧУВАМЕ ВЕРАТА ПРАВОСЛАВНА 

 prota.ilijadonev.jpg ГРИЖАТА НА ЦРКВАТА ЗА ВЕЧНОТО СПАСЕНИЕ НА ЛУЃЕТО

 

Посети:{moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная