логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

За Богојавлрение-Водици европскиот епископ на МПЦ-ОА, отец Пимен напиша пригодна порака, како одговор на однесувањето на врениците на одбележувањето на празникот кој има одредени норми на однесување, а не викотници, шеги, турканици...

Бог се јави! Поточно Бог се објави во сите три лица на Света Троица. Бог Отец (Кого никој никогаш не го видел) кој сведочеше од Небесата, Бог Син кој се крштеваше и Бог Свети Дух кој се симна на Крштеваниот во облик на гулаб (што не ни дава за право така да го замислуваме и претставуваме секогаш).


А кои луѓе биле сведоци на Богојавлението?
Оние кои што ги беа слушнале зборовите на Претечата Христов, кој повикуваше на покајание, кои ги беа исчистиле душите и срцата од гревот преку покајание и кои приоѓаа кон покајно крштение.
Бог Света Троица и денес се јавува и објавува. Оние кои и денес го слушаат повикот на покајание на Претечата, кои се кајат и ги исполнуваат заповедите Божји и денес го сведочат Богојавлението.
А другите? Другите ќе си прават шеги на сметка на јавувањето поврзувајќи го со модерното сфаќање на зборот јавување со телефоните.
А Бог?
Бог смирено ќе го чека нивното покајание како би можеле следното Богојавление и тие да бидат сведоци на јавувањето.
За многу години!

 

 

 (Отец Пимен на својот фејсбук профил)

http://plusinfo.mk/vest/102235/otec-pimen-bog-se-javi-koj-go-slusha



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4265
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4075
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3525
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…