логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Патријархот Вартоломеј ќе свика собор на поглаварите на сите автокефални Цркви (04.09.2011)


Вчера, на 3 септември заврши соборот на поглаварите на петте стари Цркви во Фанар, Истанбул, под претседателство на Цариградскиот Патријарх.

Во врска со прашањето за подготовка за Свет и велик собор на Православната Црква на соборот е донесена одлука да се забрза процедурата за негова подготовка, со цел во блиска иднина да се овозможи негово одржување. Учесниците искажуваат жалење поради безизлезот во работата на меѓуправославната комисија во февруари оваа година, којшто се должи на употребата на Правилник за работа на Сеправославните претсоборни советувања, кој наложува решенијата да се донесат со консенсус. Поради ова Вселенскиот патријарх ќе свика собор на патријрсите и поглаварите на Православните автокефални Цркви, којшто ќе ги преиспита наведените прописи, за да може да се забрза и заврши поготовката за Свет и велик собор. 

 

Извор: Дверибг.нет

 

Митрополитот Иларион Алфеев испрати предупредување до учесниците на соборот во Фанар (04.09.2011)


Во интервју за весникот „Етникос кирикас“, издание на грчката дијаспора во Америка, Волоколамскиот Митрополит Иларион (Алфеев) испрати предупредување од името на Московската Патријаршија до учесниците на собирот во Фанар „да не донесуваат решенија, коишто ќе го загрозуваат единството на Православието“. Весникот ги посочува податоците за бројноста на Руската Црква, којашто има 150 милиони верници вклучувајќи ги верниците надвор од Русија (во Русија се повеќе од 100 милиони), 222 високи архиереи, 150 митрополити, 30 илјади парохии, 30 илјади свештеници и 800 манастири.

 

Извор: Дверибг

 Продолжува соборот на петте „постари“ Цркви во Истанбул (04.09.2011)

 

Вчера во Ист

анбул започна соборот на петте „постари“ Цркви, закажан на барање на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Конференцијата е раководена од страна на патријархот Вартоломеј, а на поканата за учество одговорија Ерусалимскиот патријарх Теофил, Александрискиот Теодор и Кипарскиот архиепископ Хризостом. Антиохискиот патријарх Игнатиј испрати свој претставник. Учествуваат и други ерарси од наведените пет цркви.

Грчките медиуми со нескриена загриженост гледаат кон настаните во Фанар, стравувајќи дека оваа иницијатива на Вселенската патријаршија може да предизвика непоправлива поделеност во телото на Православната Црква, бидејќи го воведува негираниот принцип на етнофилетизам. За учество на соборот се поканети само четири стари патријаршии од таканаречената пентархија во византискиот период и Кипарската архиепископија, која својата автокефалност ја добила на Вселенски собор. Официјално поглаварите на овие Цркви се собраа за да дискутираат за проблемите и крвопролевањата на Блискиот Исток, а како втора тема се наведени проблемите меѓу помесните Цркви кои го попречуваат закажувањето на Велик сеправославен собор. Овој свикан собор на гркојазичните Цркви е резултат на кризата во односите меѓу Фанар и Московската патријаршија, како и на конфликтите со Романската патријаршија.

Вчера средбата започна со Света Литургија во патријаршискиот храм на свети Георгиј по повод почетокот на црковната година - 1 септември. Во својот говор, според објавата во Amen.gr, патријархпт Вартоломеј најави дека длабоко жали што со децении подготвуваниот Велик сеправославен собор сѐ уште не се одржал, и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро. Тој се надева дека, со дозвола на турските власти, Великиот собор ќе се одржи во храмот на света Ирина, каде што се одржал Вториот вселенски собор во 381 година. Навраќајќи се на проблемите на Вселенската патријаршија, тој рече дека „проблемите на нашите Цркви се проблеми на целото вселенско Православие. Затоа овој собор во никаков случај не е пречка за општата меѓуправославна соработка, туку претставува можност за нејзино понатамошно зајакнување, преку состанокот на древните православни Цркви во врска со идниот развој на православното сведоштво во светот“.

Според него, овој собор не го укинува рамноправното учество на сите православни Цркви на сеправославните средби, но тој сепак ја истакнува „утврдената од древни времиња посебна чест на старите патријаршии, како и на Кипарската Црква, која својата автокефалност ја добила на Вселенски собор“. Средбата била замислена како можност за поглаварите на древните Цркви да го споделат своето многувековно искуство во решавањето на општоправославните проблеми и на тој начин да го олеснат делото на меѓуправославните комисии и собранија.

Александрискиот патријарх Теодор му се заблагодари на Цариградскиот патријарх за неговата постојана грижа за Црквата на апостол Марко, како што ја нарекуваат Александриската патријаршија, како и за сите помесни православни Цркви. Тој истакна дека оваа година се навршуваат 20 години од патријаршиското служење на патријархот Вартоломеј и 50 години од неговото ракополагање.

Претставникот на Антиохиската патријаршија, епископот на Апамија, г. Исак ги пренесе поздравите на Антиохискиот патријарх Игнатиј, кој поради настаните во Сирија не можеше да присуствува на средбата.

Ерусалимскиот патријарх Теофил во својот говор се задржа на нерешениот палестински проблем, од којшто произлегуваат повеќето секојдневни проблеми на локалните христијани. Тој се задржа, исто така, и на потребата од конзервација на базиликата на Христовото Рождество во Витлеем, како и на кризата во односите помеѓу Ерусалимската патријаршија и Романската патријаршија.

Средбата продолжува и денес со разгледување на проблемите во поглед на меѓуправославните односи. Вселенскиот патријарх вели дека на денешниот ден ќе бидат разменети мислења за претстојниот Велик сеправославен собор, „кон која цел веќе наближуваме“.

Грчкиот црковен сајт „Ромфеа“ коментира дека оваа средба во Фанар во одреден степен го укинува соборниот систем на Православната Црква, бидејќи во неа учествуваат претстојатели и  претставници на само една десетина од православните верници во светот. „И не само што ја укинува, туку и ги изолира останатите помесни Цркви, со поставување „разлики“ во самото Христово Тело, што е непозната практика во православното предание, бидејќи еден таков Синод, како што беше наречен од самиот патријарх, не ѝ е познат на православната традиција. Размената на мислења за свикување на Светиот и велик собор за жал е едно официјално барање за провоцирање на поделби во Христовото Тело, кое логично и со право ќе предизвика реакции и кај другите помесни Цркви. Имено, се создаваат прва и втора категорија на Цркви, и на тој начин се игнорираат зборовите на Христос за работникот кој дошол во единаесеттиот час на лозјето, кому Господ му плати исто толку, колку и на оној кој работел од утрото. Тоа значи дека во очите на Бога поделеност нема, сите се еднакви, дури и оние, кои подоцна влегле во Православието“.

 +++

Извор: Двери

Преземено од :МПЦ


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2761
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7209
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7036
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

03/07/2024 - сабота

Светиот пророк Езекил; Преподобните Симеон и Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная