логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Во грчкиот град Патра, каде што се чуваат моштите на свети апостол Андреј, со голема свеченост беше одбележен неговиот спомен. Атинскиот Архиепископ Иероним беше примен од Митрополитот на Патра Хризостом и Митрополити и Епископи од другите епархии на Грчката Православна Црква. Во Патра се собраа грчки министри, политичари и јавни личности, како и мноштво верен народ. По Светата Литургија беше извршена литија со иконата и моштите на Светителот.

Главната улица во Патра го носи името на Апостол Андреј и завршува со соборниот храм на свети апостол Андреј Првоповиканиот, најголемиот храм во Грција. На тоа место има две цркви – една помала и постара, каде што бил распнат Апостолот, и нова, изградена на крајот од 20 век. Храмот остава впечаток дека е нетипичен за грчката архитектура – околу големата централа купола се сместени 12 помали, а во него за молитва може да собере до 5000 верници. Внатре се чува главата на апостол Андреј и дел од неговиот крст. Интересен факт е дека храмот е изграден со средства од специјален данок, воведен во 1955 година, во висина од 12 центи месечно, којшто жителите на Патра го плаќале со сметките за струја. Пред три години овој данок бил укинат, бидејќи изградбата на соборниот храм била потполно завршена.

Во својата неделна проповед во градот Патра, каде што беше одбележан денот на светиот апостол Андреј, Атинскиот Архиепископ Иероним говореше за кризата во Црквата и во целото општество, но и за личната и општа одговорност за неа.

„Црквата поминала низ многу кризи и не се плаши од нив“, изјави Архиепископот. „Кризата ја открива пропаста на нашата желба да бидеме сами за себе закон, но во исто време дава поттик и за разјаснување на нештата. Кризата не го појавува на површина само нашиот пад, не е само еден неуспешен крај, но во себеси ја крие и ја раѓа надежта. Кризата доаѓа, кога ги преминуваме границите. Таа е еден начин да излеземе од нашиот нарцизам и го расклатува нашиот зацврстен  „добар имиџ“.  Големо прашање е како да ја разбереме таа криза, продолжи Архиепископот, нагласувајќи дека постојат два начина: едниот е световен, а другиот црковен. Световниот начин се концентрира на случувањето, го изучува тоа што се случило и посочува кој да ја преземе одговорноста. „Тоа е неопходно, но не е и доволно“, рече Архиепископот Иероним. „Црковниот начин е да се отиде подалеку, со цел  да се даде толкување на пројавените феномени. Се бараат причините на пројавеното во симптомите. Концентрирањето на симптомите не решава долгорочно ниеден проблем, ниту потполно го очистува настанатиот скандал. Какви промени и да предложам, какви легални дејствија и да преземам, моралниот причинител на тоа што се случило нема да биде засегнат. Ниедно решение на Црквата или државата не може да реши веднаш за секогаш слични случувања. Кризата ги засега сите, сите сме одговорни“.

„Сите, кој повеќе, кој помалку, сме морални виновници. Таа криза има име и историја. За Црквата, корените ѝ се во прародителскиот грев. За државата, кризата е карактеристична за „новите Грци“. „Нашата новогрчка идентичност се изградила, очигледно, врз основниот елемент на западниот начин на живот, што го поддражаваме безрезервно. Тешкотијата за нас е да ја најдеме и да ја разбереме причината за скандалите како симптоми на поширока болест. Наивно е да веруваме дека лошото и уништувачкото ќе бидат изгонети само со тоа што сме казниле одредени нарушувачи. Тоа не ослободува никого од нас од личната одговорност. Уништувањето и богатењето не ги засега само високите кругови, но и нас, кога бараме да добиеме нешто за туѓа сметка.  Ние исто така стануваме дел од уништувањето, кога секојдневно ги онеправдуваме луѓето околу нас. Без да ја потценуваме личната одговорност, треба да си задаваме прашања и за општата одговорност. Кога еден монах ќе згреши, греши човечката природа, грешиме сите. Кога еден политичар се расипува, ние како граѓани се расипуваме сите. Во конкретен случај, се уништува политичкиот систем во целост. Што и да предвидуваат светските процедури, колку и епитимии да налага Црквата, тие пројави ќе се јавуваат повторно. Ништо не може  да го превостанови стремежот кон неред. И така ќе биде до крајот, најверојатно со учество на сите нас кои брзаме да обвинуваме.“

 

Извор: Дверибг.нет, Ромфеа


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2737
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7177
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7018
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная