логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

     19 октомври/1 ноември 2019 лето Господово

Извор: Basilica.ro

   „Христијанството е вера на љубов и дијалог, и единствениот придонес на Црквата кон ова современо општество е токму неговата отвореност за средби и дијалог“, изјави Патријархот Вартоломеј во едно неодамнешно интервју за романскиот портал Евз.ро.


„Ако има некаков посебен и придонесувачки аспект на православната Црква за ова време и овој свет, тоа би биле средбите и дијалогот. Тоа е духот што би сакале да ви го пренесеме“, рече Патријархот.


„Наше верување а истовремено и цврста надеж е дека христијанството би можело да биде перцепирано како вера на љубов и дијалог.
Учењето на Евангелието е она што православната Црква сака да го овоплоти и одржи во современиот свет“, продолжи тој.


„Дијалогот е од пресудно значење, особено во земја како Турција, каде исламот преовладува. Доколку се среќаваме отворено и искрено, разговараме како браќа и сестри, и нашата комуникација започнува со една меѓусебна почит и со заедничка вера во Бога, тогаш би можеле да уриваме бариери помеѓу вери и нации“.


3борувајќи за своето поставување за Вселенски Патријарх во 1991 год., Неговата Сесветост изјави дека тогаш сфатил, а и сега е свесен за тоа дека неговата задача е да го создава и запазува единството помеѓу православните Цркви и да се залага за мегухристијанско помирување.


„Она што треба постојано да го имаме на ум во Црквата е дека таквото наследство не е луксуз или привилегија, туку бреме и одговорност која скоро и да нема видлива надворешна награда, туку само свесна увереност дека ќе дадеме одговор за грижата, притоа гледајќи да ја почитуваме и запазиме 20-вековната традицијата и пракса“, рече Патријархот.


„Освен тоа“, нагласи Претстојателот, „Црквата го има истиот интерес како и општеството. Многумина погрешно мислат дека верата има едни интереси и грижи, а општеството други, но тоа е непотребна и опасна заблуда. Секој мора да работи и да се труди кон подобрување на условите во овој свет, што подразбира соработка помеѓу верата и општеството“.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/patrijarh-vartolomej-hristijanstvoto-e-vera-na-ljubov-i-dijalog/?fbclid=IwAR0tyA2eTljoyV-ZC_WVvThpEhd2n1wjU0LIZgopVSxRfTTj9KaFU_2i3Fg

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2667
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1821
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…