Постапките на Цариградската Црква во сферата на црковната политика се едни од главните предизвици на единството на Православието, сметаат во Московската патријаршија.
„Како една од основните закани е агресивната политика на Цариград, којашто може да доведе до раскол во православниот свет“, изјави претседателот на Руската Црква при европските меѓународни организации епископот Виенски и Австриски Иларион во интервју за весникот „НГ – Религии“.
Исто така тој истакна дека во последните години Цариградската патријаршија „значајно ја зајакна активноста во врска со зацврстувањето на својата улога „на источен Папа“, врховен арбитер и поглавар на целата православна дијаспора.
„Главен опонент на Цариград и единствената Црква којашто е способна да ги оспорува неговите претензии за хегемонија во православниот свет сега е Руската Црква. Затоа Цариград на сите фронтови се обидува да ја ослаби, подели и обескрви“, констатираше Владиката.
Според неговите зборови, пред сѐ, Царигард ја користи секоја можност за одвојување на одделни парохии и цели епархии од Московската патријаршија, без разлика дали се работи за храмот на Успение во Будимпешта, Сурожката епархија во Англија или пак Православната Црква во Естонија.
Како што забележа епископот Иларион, иако претензиите на Цариград кон храмот во Будимпешта претрпе неуспех бидејќи унгарскиот суд на сите три инстанци ги призна неговите претензии за неосновани, во Естонија, пак, Цариград „успеа да внесе разделба и да создаде сопствена црковна јурисдикција паралелна на Московската патријаршија“.
Според неговите зборови, Сурожката епархија во Велика Британија, Цариград исто така успеа да ја раздели создавајќи „Амфиполско викариатство“ на чело со епископот Василиј (Осборн).
Извор: Интерфакс
Друго:
Посети:{moshits}