логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Одржувањето на Сеправославниот собор, кој се очекува да се одржи во мај 2016 г., и на него да присуствуваат одреден број епископи од секоја од четиринаесетте Помесни Цркви за да разгледаат некои административни прашања, изгледа сѐ понеизвесно.

Најпрво, постои прекинот на заедничарење меѓу Ерусалимската и Антиохиската Патријаршија. Потоа, по контактите со луѓе од врвот на американската политика, се појавија шпекулации дека Стејт Департментот се обидувал да ја дефинира соборската агенда, особено во врска со [односот на Црквата кон] хомосексуалноста. После тоа, се појавија вести од Руската православна црква дека делегати од неколку Помесни Цркви, имено од Руската, Романската (втора по големина) и Грузиската, не се согласиле во врска со неколку прашања од наводно-американската агенда.

Јерарсите од Укранинската православна црква (УПЦ-МП), исто така, ја изразија загриженоста на народот поради самото одржување на Соборот. А потоа Цариград не чекаше, и испрати претставници од украинската Црква од Канада (фракција под јурисдикција на Цариград) во Киев, нешто што природно, наиде на огорченост во УПЦ-МП. Следеа вести дека Патријархот Вартоломеј цврсто го зациментирал ставот дека никогаш нема да го признае карпато-рускиот Митрополит Ростислав како легитимен претставник на Црквата на Чешките земји и Словачка, за потоа да уследи и посетата на Патријархот на Бугарија, каде го навреди бугарскиот народ. Овој скандал доведе до тоа бугарскиот премиер да ја откаже средбата со него.

Оттогаш сѐ погласни се оние кои прашуваат дали ваквото однесување на Патријархот е свесно испланирано, со цел да се саботира одржувањето на Соборот. Следно, Цариградските владици го отстранија јерархот што самите го поставија само две години претходно на тронот во Париз, Архиепископот Јов. Потоа дојде соборувањето на руски авион од страна на Туција – некои велат дека САД ја поттикнале оваа турска акција. Како последица, руската делегација се чувствува оневозможено да присуствува на следната подготвителна средба во Истанбул. И сега, се поставува прашањето дали воопшто ќе биде можно Соборот да се одржи во Истанбул, како што беше предложено. Некои сугерираат, како што и ние напишавме во мај 2007г., било кој следен Собор да се одржи во Воскресенскиот Ново-ерусалимски манастир кај Москва, каде единствено е можно да се одржи политички слободен собор.

Следеше и поканата за присуство на папата на Соборот – со што уште повеќе се искомпромитира самиот Собор, кој сѐ повеќе заличува на Вториот ватикански собор од пред 50 години, однсоно: американско-протестантски собор кој доведе до ужасни поделби. Потоа дојде и поздравот што папата му го упати на Патријархот Вартоломеј на денот на св. Андреј според новиот календар, [во кој тој укажа дека] се надева на денот кога римо-католиците, без покајание, ќе бидат во целосна заедница со Цариград.

А потоа се објави веста дека заедничката комисија на Руската и Бугарската Црква едногласно одлучила дека не постојат пречки за канонизирање на многу почитуваниот Архиепископ Серафим Соболев, софиски владика на Руската Задгранична Црква, кој е своевиден херој на Соборот во Москва во 1948г. на кој бил осуден екуменизмот.

А сега дојде веста дека Атинскиот Архиепископ Јероним, поглаварот на Црквата во Грција, нема да присуствува на следната подготвителна средба во Цариград. Се шпекулира дека ова е последица на империјалистичките и замешателски барања на Патријархот Вартоломеј поврзани со грчката територија.

А веста дека Рим и Цариград ја слават (!) педесетгодишнината од контроверзното (а некој би рекол дури и безначајно) повлекување на анатемите меѓу Рим и Цариград секако дека не помага многу. Како што Московскиот Патријарх Алексеј I на времето посочил, овој настан нема никаква важност за телото на Православната Црква како целина, зашто се работи за настан што се однесува единствено на малечката Помесна Константинополска Црква и римо-католиците. И тој настан бил отфрлен на времето исто како што денес се отфрла од страна на луѓето кои се политички слободни од Вселенската Патријаршија.

Без никакво колебање би можеле да заклучиме дека Константинополската Патријаршија делува сѐ поизолирано од главната струја на Православната Црква и дека нејзиниот проект со Соборот, барем во неговиот стар облик, изгледа сѐ посомнително. Како што низ христијанската историја се велело: човек предлага, но Бог одлучува.

14-ти декември 2015 год.

Протојереј Андреј Филипс Извор: Православие.ру
Извор: http://agapi.mk/chuden-vselenski-sobor/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2877
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2691
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…