логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


На богослужбата во Троицкиот соборен храм во Даниловиот манастир, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II се помоли за упокојување на новопреставениот Првоерарх на Руската Задгранична Црква Митрополитот Лавр.

„Пред нас е неговиот жив лик – рече поглаварот на Руската Црква. – Владиката само што ја посети Москва. Тешко ни беше да разбереме дека го видовме за последен пат, дека тоа беше неговата проштална посета“.

„Овие денови ние молитвено ќе го спомнуваме и ќе му благодариме за тоа што го овозможи соединувањето на Руската Задгранична Црква со Мајката-Црква. Мислам дека тој го впиша своето име во историјата на Руската Православна Црква, и неговиот спомен ќе биде од род во род – рече Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II. Нека му е вечен спомен и благодарност“.

 

Извор: Patriarhia.ru

 За новопреставениот во Господа Митрополит Лавр (19.03.2008)

Во Руската Задгранична Православна Црква и Московската Патријаршија не се исклучува можноста за канонизација на поглаварот на РЗПЦ Митрополитот Источно-американски и Њујоршки Лавр, кој имаше главна улога во востановувањето на црковното единство и кој се упокои на празникот на Победата на Православието во недела во Свето-Троицкиот манастир во Џорданвил (САД) во 81 година од животот.„Ние изгубивме прекрасен човек. Тој беше жив светител, со кој имавме можност да општиме. Затоа добивме молитвеник на оној свет“, рече личниот секретар на Митрополитот Лавр свештеникот Серафим Ган.Да се зборува за канонизацијата, според него, „секако е рано“. „Но кога вчера влеговме во храмот, во себеси почувствував дека се поклонуваме не на обичен покојник, туку на останките на праведник, кој даде и остави пример за љубов и смирение“, истакна отец Серафим.Тој е убеден дека церемонијата на простувањето со Митрополитот Лавр која ќе се одржи во Џорданвил во петок, ќе се претвори во вистински празник.„Неговото изненадно упокојување го примивме со голема тага, сите сме во шок“ – призна соговорникот. Според него, владиката бил настинат, се чувствувал слабо за време на последното богослужение, кашлал, но никој не ја очекуваше неговата смрт.„Овој човек беше вистински молитвеник и го живееше животот на Црквата. Тој доаѓаше во храмот со сите браќа, во 4.30 наутро, палеше свеќи... Тој сите нѐ воодушевуваше не толку со зборовите, колку со својот пример, смирение и љубов“, напомна секретарот на поглаварот, кој секогаш беше покрај него, особено последните години. Првата недела од Великиот пост Митрополитот Лавр ја помина во молитви и богослуженија, на браќата и поклониците им читаше поучни слова од делата на светите Отци и учители на Црквата. Минатиот петок, последниот, го читаше поучното слово на преподобен Ефрем Сирин за љубовта.   „Тој сецело Му се довери на Бога предавајќи се на Неговата волја. Сѐ, и добро и лошо, го примаше како дар Божји и како промисла Божја“, појасни о. Серафим. „Владиката беше многу строг кон себеси, а снисходлив кон другите, но и со еден поглед нѐ смируваше“. Тој имаше ракоположено многу свештеници во САД, Европа и Австралија. „Сите нѐ познаваше многу добро – ние сите сме воспитувани во неговата семинарија, внатре во манастирот; тој знаеше, кого каде да го назначи... На сите нас тој ни беше отец“.  „Владиката Лавр беше исклучително скормен човек, вистински монах“ и благодарение на тоа имаше огромен авторитет, беше почитуван и возљубен меѓу сите раселени Руси. „Без него би било невозможно и да се помисли за какви било преговори со Московската Патријаршија за востановување на црковно единство“. „Тој успеа да ја надмине разделбата, препреките, токму со својата љубов“.  До изборот за нов поглавар, Руската Задгранична Православна Црква ќе ја возглавува првиот заменик на претседателот на Архиерејскиот Синод архиепископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски Иларион. За тоа соопшти секретарот на Архиерескиот собор на РЗПЦ епископот Менхетенски Гаврил. Според неговите зборови, ваквиот поредок е одреден со црковниот устав. Што се однесува до изборот за нов поглавар, за тоа „не донесуваме никави решенија додека не поминат 40 дена“ од упокојувањето на Митрополитот, нагласи епископот Гаврил.  Извор: Blagovest-info

 

 

 

МПЦ


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2064
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 527
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

10/05/2026 - недела

Св. апостол Симеон; Преп. Стефан епископ Владимирски; Преподобен Јован Исповедник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная