логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Galerija.Donibruk12.jpg

...Кога во човекот ќе влезе Христос и да е сам, и да е опкружен со луѓе каде и да е, тој тихува и има мир...

Го добив твоето писмо, и ти праќам одговор на твоите прашања.
Ме прашуваш, кој побрзо може да ја восприеми благодатта, тихувателот или послушникот.
Без сомнение, послушниот ученик рано добива благодат и е во безопасност, така што не се плаши, ниту дека ќе падне, ниту дека ќе се загуби. Доволно е само да не падне во небрежност! А, кога во човекот ќе влезе Христос, и да е сам и да е опкружен од луѓе, каде и да е, тој тихува и има мир. Благодатта Божја не зависи од годините, туку од милоста Божја.
Опитот го здобиваме преку многугодишна практика, а пак, благодатта поради тоа се нарекува благодат - т.е. дар, талант. Таа зависи од Бога а ја добиваме соодветно на топлината на верата, на смирението и на добрата намера.
Соломон доби благодат на дванаесетгодишна возраст. Даниил на истата возраст. Давид како момче, пасејќи ги овците. На сличен начин ја добија и другите старозаветни и новозаветни Отци.
Штом човекот искрено ќе се покае, благодатта се доближува и придружена од ревноста се зголе¬мува, а опитот пак, бара многугодишен подвиг.
Пред се, оној што бара благодат од Бога, пред која било друга работа, должен е да ги трпи искушенијата и тагите коишто на кој било начин му се приближуваат. Ако пак, при искушението негодува и не го покажува потребното трпение, тогаш, ниту благодатта ќе дојде, ниту ќе се восоврши добродетелта, ниту пак, за некоја харизма (благодатен дар) ќе биде удостоен.
Ако некој го осознае дарот Божји, дека тој се состои во тагите и во она што ни го причинуваат искушенијата, тој навистина го нашол патот Божји и постојано ги чека да дојдат (искушенијата, тагите). Бидејќи, преку нив, трпејќи се очистува, се просвет-лува и Го созерцува Бога. Бог не може да се види поинаку, освен преку овој вид познание. Тоа познание е созерцанието, т.е. кога сфаќаш, кога Бог е блиску до тебе, кога внатре во Него се движиш, и што било да правиш - Он го гледа, внимавајќи да не грешиш, да не Го натажиш, "оти од твојата десна страна Е."
Значи, секој којшто греши, не Го гледа Бога, тој е слеп!



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1471
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1827
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1636
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…