логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Hristos.preubav.jpg

Благодатно средство за оживување на нашата мртва душа (14.11.2013)

Доколку искрено сакаме да го откриеме скриеното благодатно семе во нас, што поскоро да побрзаме и да се навикнеме на вежбањето на срцето, т.е. во срцето да ја имаме невидливата молитва (која ги исклучува сите помисли и фантазии), која ќе го загрее, разгори, и во него ќе предизвика неискажлива љубов кон Господ.

Оние што сѐ уште го немаат дејството на молитвата треба многу да се молат, дури и без мера, т.е. непрестајно да бидат во состојба на молитвословие за од преболниот молитвен труд да им се разгори срцето. Потоа ќе започне дејството на молитвата во нив. Оној, пак, што на крајот ќе ја вкуси таа благодат, треба да живее во умната молитва, како што заповедале Отците.

Ете го благодатното средство за оживување на нашата мртва душа: тоа е Божествено, едноставно, секому достапно и лесно за исполнување. Тоа е голем и богат дар од Господ, даден на бедните и грешни човечки созданија, поробени од демоните. Тоа е последниот, величествен и совршен дар, подарен од совршениот Бог во тајната на светото Боговоплотување, кој нѐ спасува од од тоа ропство.

Ете го благодатниот дар: да се спасуваме со непрестајното изговарање на Неговото име. Со други зборови, треба да се молиме со Исусовата молитва.

„Молењето со Исусовата молитва е дадено од Бога. Не преку пророците, ниту со посредство на апостолите или ангелите, туку од Самиот Божји Син и Бог“, вели Епископот Игнатиј.

Господ Исус Христос „по Тајната вечера“ (помеѓу останатите највозвишени, конечни заповеди и ветувања) укажа и на молењето со Неговото име. Тој, на тој начин, молењето го даде како нов, необичен дар, како подарок со непроценлива вредност. Апостолите веќе делумно ја знаеле силата на Исусовото име: тие со него лечеле од неизлечиви болести и покорувале, победувале, врзувале и прогонувале лоши духови.

Господ заповеда тоа најмоќно, чудесно име да се користи во молитвите, ветувајќи дека со него молитвата ќе добие особено дејство: „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе ви го направам“ (Јован 14, 13-14); „Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име ќе ви се даде. Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за вашата радост да биде полна“ (Јован 16 23-24).

О, каков дар! Тој е гаранција за бесконечните и бесмртни богатства! Тој истекол од устата на безграничниот Бог, Кој се облекол во ограниченото човештво и Кој е наречен со човеково име – Спасител. Тоа име по својата надворешност е ограничено. Меѓутоа, ја претставува неограничената Ипостас – Бог, неограниченото Божјо дејство, Божјите својства и сила.

Старец Јован Рижиски


Извор: МПЦ-ОА

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1376
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1673
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1508
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…